Ајкула нападнала и повредила канадска туристка додека се обидувала да ја фотографира на островите Туркс и Кајкос на Карибите, објави CNN. Нападот се случил на плажа на Провиденсијалес, еден од источните острови на територијата, според соопштението на полициските сили на Кралските Туркс и Кајкос.
“55-годишната жртва беше донесена на брегот и пренесена во медицинскиот центар Чешир Хол за лекување”, се вели во полициската изјава, додавајќи дека истрагата за инцидентот е во тек. Во соопштението за медиумите објавено на социјалните мрежи, одделот за животна средина на Карипската територија изјави дека туристот “се обидел да направи фотографии”. Канадското владино тело соопштило дека е свесно за “канадски државјанин кој доживеал несреќа во Туркс и Кајкос”.