Двајца браќа од Скопје вчера попладнето во населбата Ѓорче Петров нападнале 22-годишен жител на тетовското село Милетино, соопшти полицијата.
„На 18.02.2025 во 14.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.20 часот во објект на подрачјето на Ѓорче Петров, Г.Х.(22) од с.Милетино, тетовско, бил физички нападнат од Р.Љ.(26) и А.Љ.(21), двајцата од Скопје, при што едниот од нив употребил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.