Целосен дебакл на мерките на Владата и економските политики на Мицкоски и ДПМНЕ.
Последните објавени податоци покажуваат дека минималната синдикална кошничка за месец февруари е зголемена за 521 денари и достигна 63.773 денари. На едно четиричлено семејство му се потребни намјалки 64.000 денари месечно само за основните потреби, додека просечната плата во државата е значително пониска и стагнира. Овие податоци јасно покажуваат дека владините мерки и економски политики се тотално промашени. Граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови и едвај врзуваат крај со крај. Животниот стандард се влошува. Наместо да обезбеди реални решенија и да го заштити животниот стандард на граѓаните, владата го остава народот сам да се бори со огромната скапотија. СДСМ бара итно преземање на следниве чекори:
-Укинување на ДДВ за храна. -Намалување на ДДВ за струја на 5%. -Примена на Законот за нефер трговски практики за намалување на цените до 30%. -Зголемување на минималната плата на 500 евра. Потребно е усогласување на платите со растечките трошоци за живот, за да се обезбеди достоинствен живот за сите граѓани. СДСМ останува посветен на борбата за подобар животен стандард и ќе продолжи да предлага конкретни решенија за надминување на економската криза.