Фудбалерите на Манчестер Сити беа елиминирани од Лигата на шампионите од Реал Мадрид, откако загубија со 3:2 на „Етихад“, а во реваншот од плеј-офот загубија со 3:1. Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ ја покажа моќта на Реал, но и слабоста на Сити, кој без сомнение не личи на себе, а впечаток е дека веќе може да размислува за следната сезона, откако оваа е загубена.
Треба да се потсети дека тимот на Пеп Гвардиола ја освои Лигата на шампионите пред само две години и тоа на многу доминантен начин, а сега тој речиси истиот тим полека ги губи конците. Големото прашање е дали овој тим на Сити ќе остане заедно и во иднина или Гвардиола ќе направи неочекувани потези и ќе донесе нови играчи кои ќе бидат носители на играта на „Граѓаните“. Сити до лето ќе има 10 играчи над 30 години, а кога се во прашање Кевин Де Брујне, Бернардо Силва, Џон Стоунс, Матео Ковачиќ, Илкај Гундоган и Едерсон, цутот на нивните кариери очигледно помина.
Како што пишуваат британските медиуми, се очекува споменатите играчи заедно со Џек Грилиш да го напуштат Сити со што ќе започне нова ера во синиот дел на Манчестер. Исто така, треба да се потсети дека Кајл Вокер замина на позајмица во Милан, а како што стојат работите нема да се врати во Сити. Затоа, Гвардиола има многу работа, а главната цел е да го врати Манчестер Сити на победничките патеки. Пред се ќе се обиде да обезбеди место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.