Денеска во присуство на министрите за внатрешни работи и правда, судската власт и обвинителството, претставници од стручната и експертска јавност, адвокатската комора и невладините организации, се одржа јавна трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците кои треба да се случат за функционирањето за проектот „Безбеден град“. Министерот Тошковски истакна дека со системскиот пристап работната група утврди дека се потребни промени во пет законски решенија за овој проект квалитетно да профункционира и тоа за Законот за безбедност на патиштата, Законот за прекршоци, Законот за возила, Кривичниот закон и Законот за извршување на санкции. Сите тие се клучни закони кои треба да претрпат измени за да создадеме функционално системско решение. „Денес на оваа трибина се вклучени скоро сите институционални фактори во нашето општество коишто можат да дадат значителен придонес, со еден ваков инклузивен пристап сметаме дека низ транспарента постапка ќе дојдеме до квалитетна имплементација на проектот „Безбеден град и безбедна држава“. Верувам дека со имплементација на овој проект во иднина целосно ќе ја промениме сообраќајната култура за целосно да се зголеми безбедноста во сообраќајот, за повеќе никогаш да немаме такви бројки како 142 жртви на сообраќајни несреќи годишно.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски образложи дека со засилени сообраќајни контроли и зголемени број на регистрирани прекршоци за овој период од почетокот на годината досега, реално се намалени сообраќајните незгоди за 30% и сообраќајните незгоди со жртви за 60%, и очекува дека постојаноста на системот „Безбеден град“ значително да ги намали тие бројки кога ќе профункционира. Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан истакна дека канцеларијата на УНДП обезбеди експертска поддршка за реализација на законските измени за унапредување на безбедноста на патиштата и со тоа се придружи на Министерството за внатрешни работи за успешна реализација на иницијативата „Безбеден град“. „Интервенцијата има за цел да го намали бројот на жртви од сообраќајни несреќи, да поттикне поголема дисциплина и почитување на сообраќајните правила, искористувајќи ги придобивките на дигиталните решенија. Остануваме посветени на партнерството со МВР како наш главен партнер во градење одржливи и функционални системи и силни институции.“ – истакна Армен Григорјан, Постојан претставник на УНДП во државата.“, подвлече Григорјан.