Во рамките на посетата на Катар, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со државната министерка за меѓународна соработка, г.ѓ Мерјам бинт Али бин Насер Ал Миснад. На оваа средба се разговараше за политичките односи меѓу Северна Македонија и Катар, кои се засноваат на меѓусебно почитување и пријателството. Фокусот на оваа средба беше на продлабочување на соработката и презентација на туристичките места кои Северна Македонија ги има.
„Подготвени сме да им го понудиме сиот нашиот потенцијал на странските инвеститори, со цел развој на државата и отворање на нови работни места, рече министерот Дурмиши по средбата. Министерот Дурмиши истакна и дека трговската размена меѓу нашите две земји низ годините бележи извонреден раст, при што му се заблагодари на министерот за покажаната волја и интерес.
Со почит , Одделение за односи со јавност