Кумановка (78) вчера пријавила во полиција дека била измамена од едно лице за 2.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзиниот син и снаа предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле малолетно дете и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.