1.8 C
Скопје
21/02/2025 18:15
МАКТЕЛ

    

Палевски снимен во дворот на Манев вечерта пред убиството на Панче, со Видевски имале слушалки во ушите и микрофони на облеката

      

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски презентирани беа видео снимки од дворот на Велибор Манев во Велес, снимени на 21 и 22 ноември 2023 година. На снимките се гледаат сите четворица обвинети за грабнувањето и убиствата на Жежовски и Ѓорчевска – Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев. Во судница се изведуваат шест ЦД дискови со видеа од безбедносните камери поставени на куќата на обвинетиот Велибор Манев, на кои се наоѓа материјал од безбедносните камери, кој ги опфаќа деновите од 20.11 до 3.12 2023 година со 24 часовен надзор, кои Судот на почетокот на денешното рочиште ги прифати да бидат дополнително изведени по предлог на Обвинителството. Пред почетокот на денешното рочиште Судот го отфрли како неосновано барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски, кој на минатото рочиште по втор пат побара да бидат изземени обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска, Ана Стојковиќ Димитровска кои го водат предметот, како и шефот на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски. Причините поради кои Палевски бараше изземање, се, како што рече, злоупотреба на дејствувањето и пристрасност. На минатото рочиште беа изведувани материјални докази од страна на Јавното обвинителство, кои вклучуваа предмети собрани од местото на настаните и извештаи од техничка обработка на возилото Рено Кангу. Случајот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска. Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. На едно видео од камерата број 6 која го снима предворјето од куќата на Велибор Манев, а е во траење од повеќе од еден час и е од датум 21.11.2023 година, во 20.57 минути се гледа како пристигнува возило и се паркира пред куќата. Во 20.58 се гледа лице кое излегува од возилото и влегува во куќата на обвинетиот Манев. За лицето кое влегува, Обвинителството тврди дека е обвинетиот Боре Видевски. На друго видео од истиот ден, 21.11.2023 година, вечерта пред критичниот ден, 22.11, кога е извршено киднапирањето и убиството на Панче Жежовски, во 22 часот се гледа паркирано возило „шкода фелиција“ со ознаки „BE-1047-AC“, сопственост на Боре Видевски. Во 22 часот се гледа како пристигнува „рено кангу“ и од совозачката врата излегува обвинетиот Влатко Кешишев, пуши цигара и се упатува кон куќата на Манев. Се гледа возилото „рено кангу“, со ознаки „SK-403-UI“, како застанува пред капијата од куќата на Манев. Од возачкото седиште излегува обвинетиот Љупчо Палевски и се упатува кон куќата на Манев, Кешишев го чека и влегуваат заедно. Во 22.26 часот од дворот на куќата се забележува Кешишев како се приближува, се прекрстува со десната рака, а во левата држи ранец. Во 22.28 часот се забележуваат Кешишев и Манев како излегуваат од куќата. Кешишев става нешто во автомобилот од совозачката врата, а Манев во неговата десна рака држи два пластични празни галони. Потоа Манев се враќа во куќата, а Кешишев влегува во „рено кангу“ на возачко седиште и пребарува нешто во возилото. Во меѓувреме Манев се доближува, ја отвора возачката врата, разговараат нешто со Кешишев додека тој пребарува во колата, по што Велибор се упатува кон куќата. По него од возилото излегува Кешишев и останува да стои пред капијата. Манев му подава нешто на Кешишев, што изгледа дека се клучеви, по што Кешишев го пали „рено кангу“ и го преместува понапред низ улицата. Во тој момент Манев од дворот на куќата во рикверц го вади своето возило, „мерцедес“, го изнесува надвор на улицата, по што, во 22.31 часот се гледа како „мерцедесот“ поминува по улицата и се упатува кон Велес. Во 22.34 се гледа истиот „мерцедес“ како се враќа од насоката во која бил заминат, а во 22.35 „мерцедесот“ повторно се упатува во правец кон Велес.

   

– Кога доаѓа „мерцедесот“ пред куќата во 22.34 часот, во десниот агол на видеото се забележува силуета од човек и фарови, што укажува на фактот дека „мерцедесот“ тука прави свртување и се враќа кон Велес. Во 22.42 се гледа како возилото „мерцедес“, сопственост на Манев се појавува назад од патот кон Велес и се паркира во својот двор. Во 22.43 се забележува Кешишев како излегува, во левата рака држи нешто црно и се упатува десно кон улицата, во насока каде претходно го остави возилото „рено“. Во 22.43 Велибор излегува од своето возилото, држи две туби, сега наполнети и оди во насока каде претходно се упати Кешишев, каде што беше оставено возилото „рено кангу“. Во 22.44 Манев се враќа кон куќата и не носи ништо, по што и Кешишев се враќа кон куќата и тој во рацете не држи ништо. Во 22.45 излегува Кешишев, по него Манев, по него Палевски, кој во десното уво носи црна слушалка, Манев носи кеса и му ја предава на Кешишев, а по нив е Видевски, во чие десно уво исто така се забележува црна слушалка – презентирала обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска. Како што може да се види на снимките, Кешишев се упатува десно кон „рено кангу“, останатите тројца стојат пред капијата и разговараат. Боре Видевски во својата десна рака држи нешто црно, претпоставка е дека тоа е радиостаница моторола која е поврзана со слушалката во увото. Потоа во 22.48 се повлекуваат кон дворот, Манев го внесува кучето во куќата. Се гледа дека тројцата разговараат, односно вршат тестирање дали радиостаниците функционираат. Забележливо е дека Палевски на јакната има закачено микрофон, а исто имаат и Манев и Видевски. Во 22.49 сите четворица тргаат пеш во насока кон Велес. – Важно е да се потенцира дека во таа насока е куќата на Панче Жежовски, а Манев и Жежовски се соседи, односно, факт е дека нивните куќи се на истата улица. Во 22.56 се гледа Кешишев како пешки се враќа, и се упатува кон местото каде е оставено „реното“. Потоа, во 22.58 се забележува „реното кангу“ како помува пред куќата и се упатува кон Велес. Во 23.26 часот доаѓа возилото „рено кангу“ и застанува пред паркираната „шкода фелиција“. Од возилото излегуваат две лица, Кешишев пали цигара, а до него е Палевски кој зборува во микрофон што го држи со десната рака. Двајцата стојат пред куќата, како да чекаат нешто и во 22.27 од насока од Велес доаѓаат Манев и Видевски. Сите четворица стојат ред куќата и разговараат, а тројца обвинети влегуваат во дворот. Кешишев во 22.28 се упатува кон „рено кангу“. Потоа и Кешишев, кој во десната рака држи кеса, а во левата туба, галон, доаѓа од насоката каде е паркирано „рено кангу“ и влегува во куќата – рекла обвинителката Стојковиќ Димитровска завршувајќи ја презентацијата на второто цеде од снимките од дворот на Манев. – Во 00.11 обвинетите Палевски, Кешишев и Видевски излегуваат, сите тројца одат кон „кангуто“. Во 00.12 Манев излегува и се упатува десно пред куќата, а „рено кангу“ започнува со движење, во 00.13 се упатуваат кон Велес. „Шкодата“ на обвинетиот Боре Видевски останува пред куќата на Манев. Манев во 00.14 влегува во својот дом. По десетина секунди повторно излегува, ја затвара капијата и се упатува кон другиот влез од неговата куќа – објасни обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска. – Од насока на Велес доаѓа возило и застанува зад „шкодата фелиција“. Тоа е „реното кангу“ и од него излегуваат Кешишев, Видевски и Палевски, облечени во истите јакни како и претходната вечер. Одат кон капијата и влегуваат во куќата. Во 7.10 часот се гледа како од куќата излегува Палевски, по него Кешишев и Видевски и тројцата одат кон „реното кангу“. Поминува некое друго возило, а Кешишев и Видевски потклекнуваат за да не бидат видени. Потоа од куќата излегува и Манев кој во своето десно уво има црна слушалка. И тој оди кон „реното кангу“. Во 7.11 Велибор го зема кучето кое е на улица и го внесува во дворот. Од записите се гледа дека Палевски носи јакна која има три бели ленти на ракавите, а Манев носи тренерка која на ракавите има три бели ленти. Ова е од значење бидејќи на минатото рочиште беа презентирани видео записо од камерите на „Романтик“ кај Велес, каде се гледаше дека две лица, едно во возилото „цитроен“, едно во возилото „рено кангу“, на своите ракави имаат бели ленти. Во 7.11 се гледа како се стартува „рено кангу“. Потоа Манев излегува од дворот и се упатува пеш кон Велес, а во таа насока се наоѓа куќата на Панче. По него и „рено кангу“ се придвижува во таа насока – додаде обвинителката.

  

Најново

Како голобрадо момче пеев со најголемите Ју ѕвезди, ама и денес по 55 години на сцената, јас уште сакам да се докажувам, вели Перо Христов

Sase Ivanovski

Индијци ќе работат во Македонија: Плата до 650 евра за хигиеничари, плочкари и ѕидари!

Sase Ivanovski

Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем

Sase Ivanovski

Продолжуваат измамите со лажни сообраќајки – кумановка остана без 2.000 евра

Sase Ivanovski

СДСМ: Изјавата на Меџити е потврда дека ВРЕДИ во договор со Мицкоски подготвува масовна партизација на институциите

Sase Ivanovski

Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во Република Српска

Sase Ivanovski

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Sase Ivanovski

Претседателката Беса Адеми и судијата Африм Фидани во трка за шеф на Врховниот суд

Sase Ivanovski

Венко Филипче – единствен кандидат за претседател на СДСМ за изборите на 16 март

Sase Ivanovski

Лавров: Помошта за Украина се дава врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Нема потреба од промена на химната

Sase Ivanovski

Од почетокот на месецов полицијата напишала 18.132 казни

Sase Ivanovski

СКАНДАЛ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС стана најголем анти – трампистички лидер во регионот, дали отстапија од курсот на државата утврден уште во 90тите, што е следно да играа на “Расцвјетале јаблани и круши”?

Sase Ivanovski

Проектот „Безбеден град“ е почеток на ефикасност и правда

Sase Ivanovski

Петрушевски: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица?

Sase Ivanovski

Прес-конференција, Маја Серафимовска -Борозан, Форум на жени на СДСМ

Sase Ivanovski

Од почетокот на месецов, заклучно со вчера – издадени 18.132 платни налози за прекршоци во сообраќајот

Sase Ivanovski

СДСМ: Комедија е ВМРО-ДПМНЕ да го обвинува СДСМ за скршнување од прозападниот курс

Sase Ivanovski

Герасимовски: Бизнис информаторот обезбедува лесен пристап до општинските услуги за компаниите и инвеститорите

Sase Ivanovski

Лефков: Од дипломатската офанзива на Владата и премиерот Мицкоски единствени добитници  се граѓаните

Sase Ivanovski

Костовски: ДПМНЕ прави упад во правосудниот систем за инсталирање на партиски кадар

Sase Ivanovski

Костовски: Луѓето живеат лошо, со сет мерки СДСМ сака да го спаси животниот стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Советниците и сивите еминенции на СДС контра САД, менува ли СДС курс по паметот на Левица?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ордановски кој важи за близок до СДС со шокантни навреди до Трамп, дали по Апасиев и Филипче скршнува од прозападниот курс на земјава?

Sase Ivanovski

Јаневски: Ние како општество можеме да направиме одреден придонес кон заштита на животна средина која е наш заеднички дом

Sase Ivanovski

Мицкоски од Вашингтон: Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, прво завршени преговори па уставни измени

Sase Ivanovski

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со членовите на НУ Камерен Оркестар на Битола

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставнички на ,,Македонија 2025″

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши во Катар, се сретна со министерката за меѓународна соработка, г. Мерјам бинт Али бин Насер Ал Миснад

Sase Ivanovski

Слободан Унковски: Ни требаат „Бушава азбука“ и Министерство за јазик за да си го одбраниме идентитетот

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: не го гледам како конкуренција во трката за нов скопски гардоначалник министерот за локална самоуправа Златко Перински

Sase Ivanovski

Општина Центар: Безбедни улици се создаваат со акција-Прогласување на зони на смирен сообраќај

Sase Ivanovski

СДСМ: Централната комисија утврди еден кандидат за претседател на СДСМ за изборите на 16 март

Sase Ivanovski

СДСМ, Битиќи: Имаме поголеми цени на исти производи од Германија, значи некој профитира на грбот на народот

Sase Ivanovski

МЕЏИТИ: 9 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НОВАТА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА НА УЛ. НЕЏАТ АГОЛИ ВО СЕРАВА

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Акцелераторот на Онкологија по 8 години повторно е во функција, а листите на пациенти за снимање во ПЕТ центарот се двојно намалени, СДС нека се смират

Sase Ivanovski

Герасимовски: 17 тони кабаст отпад собрани во акцијата од 15 до 20 февруари

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Јавна трибина за законски измени за успешна имплементација на проектот „Безбеден град“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Мора да има одговороност за хаосот, ПЕТ скенерот не работи-онколошите пациенти се во агонија

Sase Ivanovski

МЗ: КАРИЛ се подготвува за реновирање – изготвен план за упатување на пациентите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) GEA x Halkbank: Мешаните тимови – клучот за бизнис успехот

Sase Ivanovski

Се објави ИПАРД Мерка 1 ќе се доделат 456,154,330 денари

Sase Ivanovski

Дали глобализацијата е мртва – како ќе се прилагоди Македонија?

Sase Ivanovski

Сметководителите се жалат дека им е одземено правото на работа поради недоволен број посетени часови на обука

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Мајчиниот јазик е нашиот идентитет, култура и традиција, да го чуваме и негуваме

Sase Ivanovski

Маргинализираните заедници на удар по кратењето на помошта од УСАИД

Sase Ivanovski

Уставниот суд одлучува по иницијатива од граѓани, меѓу кои и Шанса за Центар, за укинување на измените на Изборниот законик од март 2024 г

Sase Ivanovski

Изградбата на регионалните депонии пак доцни поради одложувања и локален отпор

Sase Ivanovski

„Зошто да нѐ отвориме државни супермаркети ‘НаМа’ (Народен Магазин) кои ќе работат со фиксна маржа од 10% на сите производи, во сите општини низ Македонија?

Sase Ivanovski

Средба Мицкоски – Фредерик Кемпе, претседател и извршен директор на Атлантскиот совет

Sase Ivanovski

Oд рубриката Скопски класици за храна за денес ги издвојуваме Крофните од Хром

Sase Ivanovski

Украински политичар тврди: Америка ја прекина испораката на оружје за Украина

Sase Ivanovski

Георгиев: Светот минува низ темелно престројување, Трамп е моторот

Sase Ivanovski

Мицкоски: И покрај отстапките за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштита на своите национални интереси и идентитет

Sase Ivanovski

Средба Зеленски – Келог: Силни односи Украина – САД ќе бидат од корист за целиот свет

Sase Ivanovski

Совет на амбасадори: Рокас убеден дека со уставните измени, Македонија ќе го забрза пристапувањето кон Унијата

Sase Ivanovski

Шпанските власти заплениле повеќе од пет тони дрога, уапсени шест лица

Sase Ivanovski

Гвардиола ќе продаде осум играчи од златната генерација на Сити

Sase Ivanovski

Европската комисија реагираше на изјавите на Трамп: Украина е демократија, Русија не е

Sase Ivanovski

Сијарто: Унгарија нема да поддржи продолжување на санкциите против руски и белоруски поединци

Sase Ivanovski

Путин: Во Русија во 2024 година за тероризам се осудени 1.075 лица

Sase Ivanovski

Кривична пријава против вработен во Министерството за финансии

Sase Ivanovski

Четири големи маркети и една стопанска коморa вршеле картелско работење за да влијаат на цените

Sase Ivanovski

Привршува усогласувањето на колективниот договор за вработените во основните и во средните училишта

Sase Ivanovski

Костадинов: Просечната загаденост на воздухот во Струмица е намалена за 50 проценти

Sase Ivanovski

Во Владата нема преговори за промена на химната и грбот, фокусот е на животниот стандард на граѓаните, вели Меџити

Sase Ivanovski

Жерновски од Службен весник дознал дека повеќе не е амбасадор

Sase Ivanovski

Таравари: Нема лекарски пропуст за починатите близначиња од прилепската болница

Sase Ivanovski

Меџити ветува масовни вработувања: Стотици, ако не и илјадници Албанци ќе вработиме во државна и јавна администрација

Sase Ivanovski

Клековски: Зависни сме од еден ПЕТ-скен апарат и од еден добавувач на суровини, ако дојде време за сервисирање нема алтернатива

Sase Ivanovski

Калас: Ако попуштиме пред агресорот, ќе охрабриме нови војни

Sase Ivanovski

За само еден месец пак, трошоците во минималната кошничка која ги содржи 63те најосновни продукти се зголемиле за 521 денар и таа сега изнесува 63.773 денари

Sase Ivanovski

Трудо: Украина треба да биде вклучена во мировните преговори

Sase Ivanovski

АУ предупреди на опасност од проширување на епидемијата на мајмунски сипаници

Sase Ivanovski

Трифун Костовски: Каков градоначалник му треба на Скопје?

Sase Ivanovski

Зголемени цени намалени пакувања – Храната и основните продукти стануваат луксуз

Sase Ivanovski

Мартина Димоска е жив доказ дека соништата, без разлика колку се големи, се достижни

Sase Ivanovski

Тошковски: Освен фиксните камери на сообраќајниците кои ќе регистрираат прекршоци кај возачите, ќе има и возила опремени со паметни камери

Sase Ivanovski

Вучиќ: Настрешницата падна поради професионална грешка, корупцијата не е виновна

Sase Ivanovski
Вчитувам....