Поранешниот украински претседател Петро Порошенко се осврна на се позатегнатите односи меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски. Тој го повика својот наследник на чело на Украина да избере помек пристап во односите со САД. Порошенко беше претседател од 2014 до 2019 година, а сега е лидер на опозицијата во парламентот. Тој останува политички ривал на Володимир Зеленски, кој убедливо го победи на изборите во 2019 година. Зборувајќи за растечките тензии меѓу Украина и САД, тој рече дека Зеленски треба да престане „да се однесува како на стадион“.
„Овој облик на борба не е во корист на Украина, без разлика колку се елоквентни аргументите. Разговорот со Трамп бара дипломатско мајсторство, трпение и смиреност за да не се реагира на секоја негова изјава. Подготвен сум да одам во Брисел или дури и во Вашингтон за да ја спасам ситуацијата“, додаде Порошенко.