Во Загреб денеска беше презентиран проектот за нов стадион на Динамо Загреб на кој хрватскиот гигант би требало да почне да настапува во 2029 година. Легендарниот „Максимир“ кој сега го користи Динамо во изминатите години добиваше многу критики од јавноста и се смета за застарен, па многумина реагираа и бараа Динамо да добие модерен стадион каков што доликува. Денеска конечно беше претставен проектот според кој на новиот дом на Динамо би се потрошиле 175 милиони евра.
„Направивме долги анализи, разгледавме над 50 стадиони во Европа и мислам дека имаме решение. Стадионот ќе биде со капацитет од 35.000 гледачи и целиот проект треба да чини 175 милиони евра. Со овој проект сме согласни ние и Владата на Хрватска“, изјави првиот човек на Загреб, Томислав Томашевиоќ. Проектот беше промовиран на „Максмир“ а на презентацијата присуствуваа уште премиерот Андреј Пленковиќ и претставници на Фудбалската федерација на Хрватска и Динамо.