-2.2 C
Скопје
21/02/2025 21:50
МАКТЕЛ

    

Големата идеолошка конфузија: Левичари – надесно равнајс!?

      

Актуелните тектонски поместувања на политичката сцена носат нескриен триумфализам на десницата во САД, а илибералните тенденции, славејќи ја „катаклизмата на неолиберализмот“, веќе со децении се зацементирани во режимите на потегот Белград-Будимпешта-Минск-Москва, со помалку или повеќе успешни аспирации и на другите делови од Европа, како Полска, Словачка… Дали десницата може комплетно да го проголта – како што ги „голтна“ и социјалните мрежи – делот од светот досега познат по либералните општествени устројства и каде е тука левицата? Во предвечерието на распадот на СФРЈ кружеше една анегдота која се случила во Белград и отприлика се одвивала вака. Во 80-те години од минатиот век во некогашна Југославија постоеше Кривичен закон, а неговиот член 133 предвидуваше казна од 1 до 10 години затвор за говор кој ја доведувал во прашање исправноста и ефикасноста на политиката на владејачкиот Сојуз на комунисти. Бидејќи на удар беа главно книжевни, драмски и публицистички дела – а неретко и кафеански бладања во алкохолизирана состојба и раскажување вицеви, главно за „ликот и делото на другарот Ј.Б. Тито“ – казнената одредба беше позната како вербален деликт, пишува Вистиномер. Некој од тогашните белградски прототипи на кафеански боем, „тјуниран“ со свежо откриениот антикомунистички наратив, заглавил во затвор на месец дена заради фамозниот вербален деликт, па во посета му дошле пријателите. Некој донел цигари на подарок, некој колачи, а писателот и афористичар Бранислав Брана Црнчевиќ му го донел гломазниот „Капитал“ на Карл Маркс со препораката – „Врати на германски, не вредеше!“. Досетката го содржела триумфализмот дека комунизмот пропаднал, а со него и трудот на некои од неговите главни идеолози во Југославија, како Моша Пијаде и Родољуб Чолаковиќ, кои го превеле „Капиталот“ од германски на српско-хрватски јазик, додека отслужувале долгогодишни затворски казни во 30-те години во Кралството Југославија; наводно, малку им помагал и Тито околу техничките термини, бидејќи бил бравар со солидно познавање на германскиот јазик.

Светот околу нас. Меѓутоа, посакуваното ослободување од еден тоталитарен режим со невидена брзина – и уште поголема жестокост – создаде низа нови режими. Споменатиот Црнчевиќ, сеедно што е познат како автор на „нежна литература за деца“, важеше за потрчко низ медиумите на групата интелектуалци од Српската академија на науките и уметностите (САНУ), чии идеи синтетизирани во фамозниот „Меморандум на САНУ“ го преобликуваа дотогашниот комунистички лидер на Србија, Слободан Милошевиќ, во озлогласен националист и „Балкански касап“, еден од најголемите виновници за крвавите ексјугословенски војни. Историјата бележи дека натпреварот во таа „дисциплина“ не бил лесен – Хашкиот трибунал сè уште процесира воени злосторства на тлото на екс Југославија – а денешнината предупредува дека тој натпревар можеби никогаш не завршил?Ако, пак, овој можеби разлиен вовед го рашириме на поголемата слика, се поставува вечното прашање за левицата и десницата како политички идеологии и доктрини кои некогаш се антагонизирани, а некогаш испреплетени. Актуелните тектонски поместувања на политичката сцена носат нескриен триумфализам на десницата во САД, а илибералните тенденции, славејќи ја „катаклизмата на неолиберализмот“, веќе со децении се зацементирани во режимите на потегот Белград-Будимпешта-Минск-Москва, со помалку или повеќе успешни аспирации и на другите делови од Европа, како Полска, Словачка… Дали десницата може комплетно да го проголта делот од светот досега познат по либералните општествени устројства и каде е тука левицата? Интересно е што повеќето илиберални автократи на Балканот, во регионот и пошироко најнапред – во најмала рака – биле социјалдемократи. Таков е случајот со Милорад Додик, претседател на Република Српска (партијата му се вика Сојуз на независни социјалдемократи/СНСД), со словачкиот премиер Роберт Фицо (член на Комунистичката партија на некогашна Чехословачка, потоа политичар од Демократската левица, па социјалдемократ и обединител на левичарските партии во антизападен суверенистички блок), но и со Виктор Орбан, кој студирал во Велика Британија како стипендист на Соросовата Фондација, истата таа што подоцна ќе ја демонизира и истера од Унгарија. За руската владејачка елита предводена од Владимир Путин, Дмитриј Медведев и останатите и да не говориме дека главно се состои од некогашни членови на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз (КПСС), кои по распадот на СССР станаа најголемите национал-патриоти. Белградскиот социолог Јово Бакиќ, по повеќегодишни истражувања, направи минуциозна анализа за овие процеси во неговата студија „Европската крајна десница (1945-2018)“. Образложувајќи ги разликите меѓу национализмот и популизмот, Бакиќ вели дека национализмот често е стратешка цел на политичарите од различни идеолошки убедувања, па затоа го употребувале и најголемите интернационалисти – болшевиците од СССР. Од друга страна, популизмот по правило е само средство на политичарите, не се само од партиите на радикалната десница, со цел да ја освојат или задржат власта, без разлика дали се конзервативци, либерали, социјалисти и крајни десничари.

   

Популизмот во недостаток на јасно одредени клучни вредности во најдобар случај е исто што и демагогија, односно помошно идејно-техничко средство за доаѓање на власт…, пишува Бакиќ. Во истиот тој период и другиот континент свртува в десно. Американскиот историчар на политиката Џорџ Паркер во есејот објавен во магазинот „Њујоркер“ во 2016 вели дека најголемата приказна во изминатите педесет години во американската политика беше надмоќта на десницата, и тоа е приказна за отпадништво. Во секоја фаза од долгиот марш на конзервативното движење кон власта, клучната помош беше обезбедена од еретиците од левицата, пишува Паркер. Ние во светот Кога се анализираат, пак, наративите наменети за домашните прилики, вреди да се навратиме на анализата со значаен наслов Левите и десните во Северна Македонија „братски“ ги шират антизападните дезинформациски наративи што ја објави „Вистиномер“ пред месец и половина:…Постои силна врска помеѓу содржините и изворите на содржините кои се споделуваат на анализираните фејсбук групи. Воедно, тие корелираат и со изјавите на политичарите, јавните личности и политичките случувања во земјата и светот, бидејќи често се потпираат на новинарски написи, но само на одредени и неколку медиуми. Воедно, ова значи дека без разлика дали фејсбук групите се оформени врз основ на лева или десна идеологија, во нив имаме про-руски или про-патриотски содржини, но сепак, кога се антизападните наративи и информации кои одат во прилог на таквите наративи, овие групи не препознаваат идеолошки или јазични бариери, туку спротивно, соработуваат и споделуваат исти или слични содржини кои доаѓаат од исти извори, гласи една од поентите. Затоа и не треба да чудат статуси на Фејсбук полни со воодушевувањата од Орбановата „крстоносна војна“ против вака конципирана ЕУ (овде), кој на Самитот на лидерите на европската трансатлантска партија „Патриоти за Европа“ одржан во Мадрид (7-8.02.2025) ги обвинил бирократите. Со слоганот “Вашето време заврши!“ на самитот во Мадрид, лидерите на крајната десница во Европа најавија дека ќе бидат главни партии во ЕУ. Партијата “Патриоти за Европа“ соопшти дека ќе започне “повторно освојување“ на власта под знамето “Направи ја Европа повторно голема” (Make Europe great again!) – новото “нормално” во Брисел и низ Европската Унија, како стратегија за преземање на власта од социјалистите, либералите и Европската народна партија. Повеќе од очигледно е дека го преземаат слоганот на Трамп во САД “Make USA great again!” “Патриоти за Европа” сметаат дека неодамнешното враќање на Доналд Трамп во Белата куќа сигнализира дека е време Европа да се промени!, славодобитно тврди претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.

Има една стара поговорка која вели дека ако не си бил анархист или убеден левичар во раната младост, либерал во доба кога започнуваш да градиш кариера и конзервативец во зрелото доба – тогаш си го промашил животот! Македонските десничари некогаш жалат за слабата политичка кондиција на левицата во светот (!), а некогаш се трудат да бидат и цинични, па и на овој начин се пресметуваат со левичарите преку постирање вицеви на Фејсбук, кои би требало да ги одразат идеолошките разлики во врска со политичко-економските доктрини. Сепак, не изостануваат реакциите (овдеовде и овде) на вака профилираните десничари (овде), како и злоупотребата на медиумите, класични и социјални, со слични пропагандни наративи, полни со навреди (овде) и по некоја „поука“ за левичарите (овде и овде). Како што американскиот политиколог Френсис Фукујама во 90-те години од минатиот век избрзано го прогласи „крајот на историјата“ и вечното владеење на либерализмот, така и левичарската ера е прогласувана за мртва веќе деценија и пол. Идеолошката конфузија во која живееме очигледно ја става прагмата пред убедувањата, па дури и праксата, па затоа не треба да чуди одлуката на актуелниот премиер и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да го избере првото: Нема да има ниту еден претставник на Европската народна партија на американската Конференција на конзервативната политичка акција (ЦПАЦ) која почнува утре во Вашингтон, но затоа од Европа ќе дојдат повеќемина популисти и лидери на крајната десница. Во тоа друштво ќе биде и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, гласи поентата на вчерашната вест која ги прикажува геополитичките координати на актуелната власт. Како и да е, на левичарите им останува дали ќе ја послушаат и спроведат командата од насловот, позајмена како „спомен од ЈНА“…  Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

МВР: Од почетокот на февруари издадени над 18.000 налози за сообраќајни прекршоци, 1.500 возачи не поседувале возачка дозвола

Sase Ivanovski

Бројот на заболени од шуга пораснал за 46 отсто за една година

Sase Ivanovski

Протест на вработени во Филхармонија, бараат директорот да се избере според критериумите, наместо со партиски договор

Sase Ivanovski

Внатрепартиски избори во СДСМ на 16 март, Венко Филипче е единствен кандидат

Sase Ivanovski

Контраспин: ВЛЕН со спинуван одговор до ДУИ за Албанците во безбедносниот сектор

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски

Sase Ivanovski

Меџити: Правичната застапеност на Албанците е уставна категорија, му се допаѓало тоа на Минчев или не!

Sase Ivanovski

ДОМ: Обновлива енергија – ДА, НЕ на плодна земја!

Sase Ivanovski

Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска на средба во ССК – МСП се двигателот на нашата економија, поддршка за нивните инвестиции со поволните средства на Владата од унгарскиот заем

Sase Ivanovski

Со замрзнати руски средства ќе се обновува Украина, Москва се согласила но поставила услови

Sase Ivanovski

Сушење алишта во домот – научниците сметаат дека тоа може да биде опасно!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најопасното сирење на светот: Се создава со ларви, забрането е 60 години, а луѓето го јадат со векови

Sase Ivanovski

Дали комичарот станува трагичар?

Sase Ivanovski

Скопјани не го даваат дивиот паркинг кај Народна банка, ги откорнаа столпчињата да си обезбедат влез

Sase Ivanovski

Зоните на „Градски паркинг“ го освојуваат Скопје, ќе се шират низ Карпош, Аеродром, Чаир и Гази Баба

Sase Ivanovski

Американските разузнавачи скептични- немаат информации дека Путин планира мир

Sase Ivanovski

Конфликтот со Трамп му го зголеми рејтингот на Зеленски кај Украинците ?

Sase Ivanovski

Динамо Загреб добива нов стадион вреден 175 милиони евра

Sase Ivanovski

Папата Франциск ќе ја напушти должноста?

Sase Ivanovski

Турчин измамил друг турски државјанин во Штип – му ги сменил лирите со 3.500 фалсификувани евра

Sase Ivanovski

Векна леб не треба да чини повеќе од 20 денари, велат фармерите

Sase Ivanovski

Русија ќе прогласува победа, веќе е договорен датумот за прослава

Sase Ivanovski

(ФОТО) Нина Бадриќ со порака од Тајланд: „Животот не е краток, туку нас доцна ни текнува да живееме“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ужас во Бразил: Загинаа 12 студенти при судир на автобус и камион

Sase Ivanovski

Сиљановска од европските лидери повторно бара “креативно решение” за нас

Sase Ivanovski

Малолетничка нападната во ходник од станбена зграда

Sase Ivanovski

Хамас: Телото на Шири Бибас веројатно по грешка идентификувано и предадено на Израел

Sase Ivanovski

Ниту сум потпишала, ниту има договор за вработувања по етничка припадност – вели министерката за финансии по изјавата на Меџити

Sase Ivanovski

Свиркач од МВР што му давал податоци на Палчо бил избркан од работа

Sase Ivanovski

Во руските напади во Украина денеска убиени се 12 цивили

Sase Ivanovski

Порошенко до Зеленски: Престани да се однесуваш како да си на стадион

Sase Ivanovski

Хезболах подготвува величествен погреб за убиениот лидер

Sase Ivanovski

Полицаец испукал куршум од службениот пиштол, се повредил во раката

Sase Ivanovski

Левица на средба со рускиот амбасадор: Односите меѓу двата братски народа, не смеат да бидат заложници на геополитичките игри на западните центри на моќ

Sase Ivanovski

Кои цени ги намалија маркетите? Основа за пресметка на маржите се изгор цените од 1 февруари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Серафимовска-Борозан: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Sase Ivanovski

Американците и Русите се состанувале во Швајцарија со месеци и разговарале за Украина

Sase Ivanovski

Уапсени 20-годишник и малолетник, при претрес полицијата пронашла дрога и нож

Sase Ivanovski

Фатен бегалец од затворот Гевгелија

Sase Ivanovski

НБРМ: Раст на станбените и автомобилските кредити во јануари

Sase Ivanovski

Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во земјата на чудата, вработувањата се одвиваат според потребите и врз основа на квалитетот

Sase Ivanovski

Како голобрадо момче пеев со најголемите Ју ѕвезди, ама и денес по 55 години на сцената, јас уште сакам да се докажувам, вели Перо Христов

Sase Ivanovski

Палевски снимен во дворот на Манев вечерта пред убиството на Панче, со Видевски имале слушалки во ушите и микрофони на облеката

Sase Ivanovski

Индијци ќе работат во Македонија: Плата до 650 евра за хигиеничари, плочкари и ѕидари!

Sase Ivanovski

Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем

Sase Ivanovski

Продолжуваат измамите со лажни сообраќајки – кумановка остана без 2.000 евра

Sase Ivanovski

СДСМ: Изјавата на Меџити е потврда дека ВРЕДИ во договор со Мицкоски подготвува масовна партизација на институциите

Sase Ivanovski

Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во Република Српска

Sase Ivanovski

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Sase Ivanovski

Претседателката Беса Адеми и судијата Африм Фидани во трка за шеф на Врховниот суд

Sase Ivanovski

Венко Филипче – единствен кандидат за претседател на СДСМ за изборите на 16 март

Sase Ivanovski

Лавров: Помошта за Украина се дава врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Нема потреба од промена на химната

Sase Ivanovski

Од почетокот на месецов полицијата напишала 18.132 казни

Sase Ivanovski

СКАНДАЛ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС стана најголем анти – трампистички лидер во регионот, дали отстапија од курсот на државата утврден уште во 90тите, што е следно да играа на “Расцвјетале јаблани и круши”?

Sase Ivanovski

Проектот „Безбеден град“ е почеток на ефикасност и правда

Sase Ivanovski

Петрушевски: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица?

Sase Ivanovski

Прес-конференција, Маја Серафимовска -Борозан, Форум на жени на СДСМ

Sase Ivanovski

Од почетокот на месецов, заклучно со вчера – издадени 18.132 платни налози за прекршоци во сообраќајот

Sase Ivanovski

СДСМ: Комедија е ВМРО-ДПМНЕ да го обвинува СДСМ за скршнување од прозападниот курс

Sase Ivanovski

Герасимовски: Бизнис информаторот обезбедува лесен пристап до општинските услуги за компаниите и инвеститорите

Sase Ivanovski

Лефков: Од дипломатската офанзива на Владата и премиерот Мицкоски единствени добитници  се граѓаните

Sase Ivanovski

Костовски: ДПМНЕ прави упад во правосудниот систем за инсталирање на партиски кадар

Sase Ivanovski

Костовски: Луѓето живеат лошо, со сет мерки СДСМ сака да го спаси животниот стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Советниците и сивите еминенции на СДС контра САД, менува ли СДС курс по паметот на Левица?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ордановски кој важи за близок до СДС со шокантни навреди до Трамп, дали по Апасиев и Филипче скршнува од прозападниот курс на земјава?

Sase Ivanovski

Јаневски: Ние како општество можеме да направиме одреден придонес кон заштита на животна средина која е наш заеднички дом

Sase Ivanovski

Мицкоски од Вашингтон: Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, прво завршени преговори па уставни измени

Sase Ivanovski

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со членовите на НУ Камерен Оркестар на Битола

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставнички на ,,Македонија 2025″

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши во Катар, се сретна со министерката за меѓународна соработка, г. Мерјам бинт Али бин Насер Ал Миснад

Sase Ivanovski

Слободан Унковски: Ни требаат „Бушава азбука“ и Министерство за јазик за да си го одбраниме идентитетот

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: не го гледам како конкуренција во трката за нов скопски гардоначалник министерот за локална самоуправа Златко Перински

Sase Ivanovski

Општина Центар: Безбедни улици се создаваат со акција-Прогласување на зони на смирен сообраќај

Sase Ivanovski

СДСМ: Централната комисија утврди еден кандидат за претседател на СДСМ за изборите на 16 март

Sase Ivanovski

СДСМ, Битиќи: Имаме поголеми цени на исти производи од Германија, значи некој профитира на грбот на народот

Sase Ivanovski

МЕЏИТИ: 9 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НОВАТА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА НА УЛ. НЕЏАТ АГОЛИ ВО СЕРАВА

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Акцелераторот на Онкологија по 8 години повторно е во функција, а листите на пациенти за снимање во ПЕТ центарот се двојно намалени, СДС нека се смират

Sase Ivanovski
Вчитувам....