Ќе следи обнова на Украина, нема да преземаме нешто што не можеме да го исполниме, колку што можеме ќе помагаме, рече во гостување на МРТВ министерот за одбрана, Владо Мисајловски. -Ќе треба да се определат дополнителни средста од нашите буџети, тоа сигурно ќе биде, и тоа е таа една нова реалност, секоја земја ќе треба да помага.
„Нема да преземаме нешто што не можеме да го исполниме, колку што можеме – ќе помагаме. Согласно нашите капацитети мора да презмеме одговорност. Да внимаваме во следиот период, колку што можеме да помагаме, но да си гледаме и внатре“, рече тој.