0.8 C
Скопје
22/02/2025 19:04
МАКТЕЛ

    

Денко МАЛЕСКИ: Средба со британскиот министер Даглас Херд во седиштето на НАТО

      

Јас, потполно сам, Херд опкружен со неколку соработници со отворени нотеси. Сакаа да ги слушнат моите мислења за војните во Југославија, но тоа што најмногу ме изненади беа прашањата за тоа кои сме, всушност, ние во Македонија. „На пример, ако со автомобил излезете од главниот град “, почнуваше едно прашање, „сретнете селанец на нивата и го прашате кој си ти, што ќе одговори?“. До ден денес не ми е јасно дали ова беа „трик прашања“ за да ме проценат мене или навистина стануваше збор за незнаење. Пишува: Денко МАЛЕСКИ (Белешки од годините на независноста)

Роден во 1930 година, Даглас Херд бил министер за внатрешни работи меѓу 1985-89 и министер за надворешни работи од 1989 до 1995 година. Потекнува од политичко семејство – татко му и дедо му биле конзервативни пратеници. Школуван е на „Итон“ и „Кембриџ“, каде што, разбирам, бил претседател на студентскиот сојуз. По дипломирањето влегува во дипломатската служба, а 1970 станува политички секретар на конзервативниот премиер Едвард Хит. Во 1974 година е избран за пратеник. Во владата на Маргарет Тачер извршува бројни функции, а во 1985 година станува министер за внатрешни работи. Својата амбиција ја остварува кога во 1989 станува министер за надворешни работи на Велика Британија. Велат дека, како министер, бил свесен дека, иако Велика Британија е средно-моќна земја, таа може да „боксува во повисока категорија“. Херд гради мостови со ЕУ, се спротивставува на апартхејдот во Јужна Африка и го поддржува обединувањето на Германија. Учествува во преговорите за договорот од Маастрихт од декември 1991 година, а се смета дека играл клучна улога во попречувањето Британија и ЕУ воено да интервенираат во конфликтот во Југославија. Се повлекува од министерското место во 1995 година, а потоа се пензионира од позицијата пратеник. Писател е на бројни политички трилери, како и на уважувани политички мемоари. Од кралицата Елизабета е именуван за барон Херд од Вествел, што му овозможува доживотно да остане во британскиот Парламент како член на Домот на лордовите. ТРИК-ПРАШАЊЕ Со Херд се запознав во јануари 1992 година, кога го придружував претседателот Глигоров на разговори во Форин офисот. Следната средба беше наскоро потоа во седиштето на НАТО. На една од сесиите на Конференцијата за Југославија во Брисел, ме извикаа во холот заради повик од министерот Херд. Добив покана за средба во седиштето на НАТО следниот ден. На враќање во конференциската сала го информирав претседателот, кој попладнето заминуваше за Скопје. Утредента, на 10 март 1992 година, повикав такси да ме однесе на бараната дестинација.

   

По грешка, таксистот ме остави на другата страна од кружниот тек пред седиштето на НАТО, така што морав со трчање да ја префрлам улицата. Застанат пред портирницата на оградениот комплекс, ми требаше малку време да го убедам службеното лица зад стаклото дека сум министер за надворешни работи поканет на средба со британскиот министер Херд. Некако се разбравме. Ме воведоа во комплексот и средбата почна. Јас потполно сам, Херд опкружен со неколку соработници со отворени нотеси. Сакаа да ги слушнат моите мислења за војните во Југославија, но тоа што најмногу ме изненади беа прашањата за тоа кои сме, всушност, ние во Македонија. „На пример, ако со автомобил излезете од главниот град“, почнуваше едно прашање, „сретнете селанец на нивата и го прашате кој си ти, што ќе одговори?“. До ден денес не ми е јасно дали ова беа „трик-прашања“ за да ме проценат мене или навистина стануваше збор за незнаење. Најверојатно беше второто. Имено, цела плејада современи европски политичари знаеjа за Југославија, но не и за нејзината комплексна содржина што се распаѓаше пред нивните очи. Како и да е, јас ги впрегнав сите свои интелектуални потенцијали да објаснам кои сме и што сме, колку сме , токму сме… Верувам дека точно и искрено ја објаснив сложената етничка композиција на Македонија и положбата на титуларниот народ, македонскиот. Херд зборува за меѓудржавен договор меѓу Р. Македонија и Р. Грција сличен на тој што го потпишаа Германија и Полска и прашува дали би се согласиле на тоа. Помислив дека тој очигледно знае нешто за нашата иницијатива, но и дека со смената на претседателствата со ЕЗ, претседавачите почнуваат еден нов процес на учење. Оттаму и повторувањето на политичките чекори, кои, мислев, сме ги изоделе. Му одговарам дека Парламентот ќе се согласи, иако „сметам дека уставната одредба значи повеќе“. ПРИЗНАВАЊЕТО НЕ Е МАГИЈА Одново ја изложувам целата наша ситуација. Во разговорот Херд главно поставува прашања и слуша, додека соработниците ревносно го запишуваат. Разговорот се води на англиски така што тече непрекинато.

Меѓу соработниците е и Џереми Гринсток, идниот амбасадор во ОН, кој, исто така, не седи со скрстени раце – и тој запишува. Во разговорот, укажувам и на фактот дека треба да се имаат предвид правата на малцинствата во Грција. Велам, и Грција не е „етнички чиста“ територија. Има Македонци, Турци, Роми, Власи… Сето тоа ќе се појави на површина со примената на европските норми за човековите права. Прашувам, дали не треба и тоа да најде место во меѓудржавниот договор или, ако тоа не е вообичаено, во некаква декларација за правата на малцинствата во Грција. Зборувајќи за спорот, Херд предупредува дека Грција може бескрајно да го одложува признавањето. „Се надевам дека не чекавте долго“, вели. Му одговарам дека за нас секој ден е долг и му ги објаснувам последиците од непризнавањето. За меѓународните последици, му велам дека границите не се заштитени и предупредувам на можните калкулации на соседните држави што не нѐ признаваат. За внатрешните последици велам дека фактот што проблемот на признавањето никако не можеме да го затвориме не оневозможува енергијата да ја насочиме кон најважното – транзиција кон демократија и пазарна економија. Во белешките сум забележал и вакви цртички. – Херд: „Грците знаат за нашите симпатии кон вас.“ – Херд: „Признавањето не е магија. Во тоа се увери Туѓман и сите во Хрватска, кои од тоа направија првокласен проблем… Признавањето е нешто што се подразбира, а проблемите не исчезнуваат со самиот чин…“. – Одговарам: „Признавањето ни е потребно за да го ставиме тој проблем на страна и да се вратиме на тоа што е главното, на почетокот кој како да го заборавивме – транзиција кон демократија и кон пазарна економија. На тој пат ни е потребна европска помош бидејќи самите не можеме да ги оствариме бргу“. – Херд: „Се согласувам“.

  

Најново

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Sase Ivanovski

Во Скопје претепана и силувана 28-годишна девојка

Sase Ivanovski

Австралија им забрани на странците да купуваат недвижнини

Sase Ivanovski

На лицитација имотот на Мијалков – 20 станови, 4 апартмани, земјиште

Sase Ivanovski

На Клиниката за онкологија по осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор

Sase Ivanovski

САД се заканиле со исклучување на Украина од Старлинк ако не прифати договор за минералните ресурси

Sase Ivanovski

Украле картичка, купилe грепка и добилe на лотарија

Sase Ivanovski

Американски полковник: Односите со Русија се важни за Америка, Зеленски е небитен

Sase Ivanovski

Измамена жена од Пробиштип, на нејзино име подигнати два кредити

Sase Ivanovski

Снегот го затвора превозот на Босфор, откажани некои летови од Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протест во Софија, гори вратата од зградата на ЕК има и повредени

Sase Ivanovski

САД вршат притисок врз Украина, голем проблем со потпишувањето на договорот за минерали

Sase Ivanovski

Фицо: Русија го прекрши меѓународното право, но имаше сериозни причини за тоа

Sase Ivanovski

Хамас во новата размена ослободи шест израелски заложници

Sase Ivanovski

Средба на поранешниот претседател Пендаровски со Веселенскиот Патријарх г. Вартоломеј Први Цариградски

Sase Ivanovski

Сириец осомничен за напад со нож кај Меморијалот на холокаустот во Берлин

Sase Ivanovski

Во Рим откриена работилница за фалсификување слики од најпознатите светски уметници

Sase Ivanovski

Џамијата на Балиу во Елбасан прогласена за верски објект со најубава архитектура во светот за 2025

Sase Ivanovski

По 11 години работа во Германија, хирургот Златко Јаков се врати во болницата во Прилеп: Задоволство е да се работи со овој народ

Sase Ivanovski

Иван Мирчевски: Погледај го домот свој Зоране и симни ја пајажината од очите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да излезе и да каже дали СДС смени курс и стана антиамериканска партија и дали спои зад навредите на Сашо Орданоски за претседателот Трамп?

Sase Ivanovski

СДСМ: Најавите за масовна партизација се потврда: ВЛЕН и ДПМНЕ државата ја третираат како партиски пашалак

Sase Ivanovski

Милошоски: Уште еден пример за крупна професионална грешка од страна на Коцевски, во соработка со неговата колешка Лиле Стефанова, затоа треба оставка од Коцевски

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС нека се освестат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го трансформира здравството во сервис на граѓаните, конечно се реконструира КАРИЛ

Sase Ivanovski

Мицевски: Вториот јавен повик за финансиска поддршка на проекти за општините, ќе придонесе за унапредување на инфраструктурата на локално ниво, зголемување на економскиот раст и животниот стандард

Sase Ivanovski

Единствена Македонија: Двојни аршини на Канал 5: За Бачев забрана за гостување на телевизијата а за Ордановски – ништо

Sase Ivanovski

Мицкоски од Вашингтон: Македонија е верен сојузник на САД, направивме многу отстапки, Европа треба да биде принципиелна наместо…

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на пуленот на ДУИ немаат крај

Sase Ivanovski

МОЕПП: Демократската унија за интеграција не може да се согласи со фактот дека албанскиот народ им ги превзеде овластувањата да владеат со него, по 22 години последователни неуспеси, лошо управување и масовна корупција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце, за брзо граѓаните ќе ја поминуваат границата побрзо и со една контрола

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: (ФОТО) Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Димитровски: Секој да придонесе во битката со (аеро)загадувањето

Sase Ivanovski

Бранко Азески Му ја пеел Бела Чао на гувернерот на најголемата кинеска провинција

Sase Ivanovski

МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното министерството

Sase Ivanovski

Авганистанец позира со својот автобус направен по нарачка комбинирајќи труп од хеликоптер Мил Ми-8 и камион Камаз. (Авганистан, крајот на 1980-тите)

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Бојан Цветановски: Со локалната власт на ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, прилепскиот спорт го допре дното

Sase Ivanovski

Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце, за брзо граѓаните ќе ја поминуваат границата побрзо и со една контрола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Скандалозната одлука на Таравари за КАРИЛ: Загрозени животи и распад на здравствениот систем

Sase Ivanovski

БОЈАН ЦВЕТАНОСКИ, претседател на ЛК СДММ-Прилеп: БОРКО РИСТОВСКИ И ДПМНЕ ГИ ИЗЛАЖАА ПРИЛЕПСКИТЕ СПОРТИСТИ – ВРАТИТЕ НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА ОСТАНАА ЗАТВОРЕНИ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ние сме целосно усогласени и ја поддржуваме политиката на Трамп

Sase Ivanovski

Џеј-Ди Венс: Преговараме за крај на војната, тоа не е попуштање пред Русите

Sase Ivanovski

Трамп: Зеленски не е многу важен за да биде дел од преговорите

Sase Ivanovski

Канада се противи на можното враќање на Русија во Г7

Sase Ivanovski

Во рускиот град, спомениците на паднатите војници сведочат за тригодишната години војна против Украина

Sase Ivanovski

Трамп го предупреди Илон Маск за изградбата на фабрика на Тесла во Индија: Тоа би било „многу неправедно“ кон американската администрација

Sase Ivanovski

Ројтерс: Русија испраќа дисиденти на принудно психијатриско лекување

Sase Ivanovski

Може ли Гаспром да стане нов сопственик на НИС?

Sase Ivanovski

ЕУ ги одложи новите правила за патување, пламнаа претсезонските аранжмани

Sase Ivanovski

Кога јајцата беа поскапи? Министерката за финансии тврди дека купува табла по иста цена како во време на СДСМ и ДУИ односно од минатиот Велигден

Sase Ivanovski

Мицкоски: По кратко и озбилно убедување 🤷‍♂️ од страна на Тимчо, Нело и Сашко се сложив вечерва слободното време да го поминеме гледајќи го НБА натпреварот помеѓу Washington Wizards и Milwaukee Bucks

Sase Ivanovski

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се обрати на конференцијата на конзервативците

Sase Ivanovski

Поранешен разузнавач: КГБ го регрутирал Трамп во 1987 година, кодното име му е Краснов

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Ако ДУИ сакаат ветинг, нека почнат од својот лидер Ахмети

Sase Ivanovski

„ВОЛОДИМИР ЌЕ ГО ПОТПИШЕ ДОГОВОРОТ“ Советникот на Трамп најави дека наскоро ќе се обнови партнерството Вашингтон-Киев

Sase Ivanovski

НЕ ПОСТОИ ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 3.000 АЛБАНЦИ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Министерката за финансии ги демантираше изјавите на Меџити

Sase Ivanovski

„ЗЕЛЕНСКИ E НЕБИТЕН ВО ПРЕГОВОРИТЕ“ Трамп бил на чекор да ја повлече поддршката за Украина?

Sase Ivanovski

ПУТИН БРЗА ДА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА? Се ближи тригодишнината од војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЃОКОВИЌ КУЦА, ГИ ПОВРЕДИ ЛИ ПАК ЛИГАМЕНТИТЕ? Можното пензионирање станува главна тема за тенисерот

Sase Ivanovski

Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер, а најави чистка на уште пет високи функционери

Sase Ivanovski

Со секира скршиле стакло oд кафуле и го запалиле: обвинение против три лица за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Маж е тешко повреден во напад со нож кај споменикот на Холокаустот во Берлин

Sase Ivanovski

Без вода дел од општина Карпош

Sase Ivanovski

Студено утро, преку ден сончево со мала облачност

Sase Ivanovski

Првите казни за „Безбеден град“ од 2026 година

Sase Ivanovski

Мицкоски во Вашингтон: Целосно сме усогласени и ги поддржуваме политиките на Трамп

Sase Ivanovski

Мисајловски за обновата на Украина: Колку можеме – ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Агенцијата Асошиејтед прес поднесе тужба откако Трамп ја набрка зашто не пишува „Американски Залив“

Sase Ivanovski

Само Мицкоски му аплаудирал на Венс во Минхен: Тоа беше инспиративен говор

Sase Ivanovski

Грците најавија голем штрајк, ништо нема да работи

Sase Ivanovski

Претседателот на Судскиот совет Камбовски: Институциите треба да се унапредуваат, не да се распуштаат

Sase Ivanovski

Воен аналитичар: Трамп е подготвен да му даде на Путин сè што ќе посака

Sase Ivanovski

Трамп постави бизнисмен со српско потекло на чело на државната банка за поддршка на извозот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фицо се сретна со Илон Маск во Вашингтон, дома илјадници луѓе му порачаа таму и да остане

Sase Ivanovski

Денко Малески: Средба со британскиот министер Даглас Херд во седиштето на НАТО

Sase Ivanovski

НБА: Суспензија од 25 натпревари за Портис поради позитивен допинг тест

Sase Ivanovski

Суперкомпјутер ги пресмета шансите на екипите за освојување на Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Продавачи за скопска фирма во Куманово задржале 8.000 евра од прометот

Sase Ivanovski

Аргентинскиот претседател се соочува со истрага за корупција за „криптогат“.

Sase Ivanovski

Министрите за одбрана на ЕУ ќе одржат итен состанок за Украина

Sase Ivanovski
Вчитувам....