Малолетници пиеле алкохол во угостителски објект во Охрид, поради што се поднесени пријави против управителот и одговорното лице.
На 21 февруари годинава, при контрола извршена во угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“, полициските службеници констатирале дека Ж.Ј.(64) од Охрид, управител на објектот и М.Ц.(33) одговорното лице во објектот, од охридското село Велгошти, на 16 малолетници им овозможиле користење алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави за сторено кривично дело ,,Точење алкохолни пијалоци на малолетни деца“, во согласност со чл.204 од Кривичниот законик.