Тројцата обвинети, во раните утрински часови на 11 ноември 2024 година, со пожар предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето, така што опожариле кафе бар во станбена зграда на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје. Јавен обвинител поднесе обвинение против три лица кои се товарат дека како соизвршители сториле тешки дтешки ела против општата сигурност, соопштија од Јавното обвинителство.
Тројцата обвинети, во раните утрински часови на 11 ноември 2024 година, со пожар предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето, така што опожариле кафе бар во станбена зграда на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје. Притоа, на запалениот објект предизвикале и имотна штета проценета на над 360.000 денари. Како што соопштија од обвинителството, тројцата, со автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички пристигнале во близина на кафе барот. Додека обвинетиот што го управувал возилото останал во автомобилот, останатите двајца отишле во деловниот простор – еден од нив со секира го скршил лизгачкото стакло од кафе барот, а другиот со бензин запалил оган. Потоа, сите тројца соизвршители заедно со возилото заминале од местото на настанот. Изор: Новинска агенција МЕТА