Хамас во саботата ослободи шест израелски заложници во Газа, во седмата размена за ослободување на палестинските затвореници по примирјето што стапи на сила на палестинската територија на 15 јануари, по 15 месеци разорна војна. Тројца израелски заложници, Илија Коен, Омер Шем Тов и Омер Венкерт, кои беа киднапирани од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време на нападот врз јужен Израел и нападот на музичкиот фестивал Нова Рајв Парти, беа предадени на претставниците на Црвениот крст во Нусејрат, во центарот на Газа.
Momen saat salah satu tawanan zionis yg dilepaskan oleh Hamas yaitu Omer Shem Tov, mencium kepala dua pejuang Brigade Al-Qassam saat upacara pembebasan tahanan teroris, di kamp Nuseirat di Jalur Gaza tengah.
Can’t imagent how Zio t3r0r1st satanyahu face look like when see this 🤣 pic.twitter.com/DF14G5jMoA— Earth 🇵🇸☝️ (@Anna0700000) February 22, 2025
Инетресно е што овој момент е снимен во живо, а на снимката објавена на социјалните мрежи за која нема потврда се гледа како Омер Шем Тов насмеано се бакнува со членовите на Хамас за време на ослободувањето. Заложниците се вратија во израелската армија По предавањето, ослободените заложници сега се под контрола на израелската војска, која ги враќа од Појасот Газа назад во Израел. Денеска беше ослободен и шестиот заложник Хислам ал-Сајед. Претходно во саботата наутро беа ослободени уште двајца заложници, од кои едниот беше заробен дури 11 години. Големо ослободување на палестинските затвореници Во исто време, Канцеларијата за информации за затвореници Хамас и Клубот на палестинските затвореници објавија список од 602 Палестинци кои денеска ќе бидат ослободени од израелските затвори. Меѓу нив има и 50 затвореници кои издржувале доживотна затворска казна. Од вкупниот број ослободени затвореници, дури 445 беа уапсени во Појасот Газа по 7 октомври.