Во 26 коло од Премиер лигата фудбалерите на Астон Вила на домашен терен триумфираа над Челси со резултат 2:1. Лондонските „сини“ после првото полувреме со голот на Фернандез во деветтата минута по асистенцијата на Нето. На стартот од второто полувреме кај домаќините во игра влезе новото засилување Маркус Рашфорд кој подоцна во 57 минута му асистираше на Марко Асенсио за израмнување.
Во 89 минута Рашфорд и Асенсио во иста улога за поставување на конечниот епилог и голема радост на домаќините. На табелата Астон Вила е на седмото место 42 бодови, само еден помалку зад шестопласираниот Челси. Во другите мечеви: Бурнмаут – Вулверхемптон 0:1, Фулам – Кристал палас 0:2, Ипсвич – Тотенхем 1:4, Саутемптон – Брајтон 0:4.