Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ изминатата вечер го одигра својот најдобар натпревар откако е во редовите на Лејкерс и тоа во победата над Денвер на Никола Јокиќ со 123:100. Лејкерс со овој триумф ја прекинаа и серијата на Денвер од девет победи во низа. Дончиќ беше блиску до трипл-дабл и натпреварот го заврши со 32 поени, 10 скока и седум асистенции. Трипл-даблл на спротивната страна запиша Јокиќ со 12 поени, 13 скока и 10 асистенции, но Србинот нао ваа средба имаше и три изгубени топки.
Солиден настап кај Далас имаше и Леброн Џејмс кој постигна 25 поени и додаде уште девет скока и пет асистенции. Во Денвер најефикасен беше Арон Гордон со 24 поени, 5 скока и четири асистенции, Џамал Мареј натпреварот го заврши со 19 поени и шест асистенции. НБА РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Бруклин 103:105, Јута – Хјустон 124:115, Портланд – Шарлот 141:88.
Luka Doncic with the pull-up three over Westbrook 🎯
🍿 ABC/ESPN+ pic.twitter.com/aZA1C1yILp
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) February 23, 2025