– МВР соопшти дека вчера на депонија во селото Мегленци, општина Новаци, била пронајдена неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна.
Случајот бил пријавен во 10.40 часот во СВР Битола, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола безбедно ја подигнал гранатата, при што било констатирано дека е со калибар 75 мм. Извршил бил и увид на местото каде што е пронајдена гранатата.