СДСМ повторно шири лаги и се обидува да ја замајува јавноста со невистини за наводна партизација. Фактите се јасни – Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги повторува нивните грешки. Додека беа на власт, токму тие ја претворија администрацијата во партиски штаб, а сега, кога се во опозиција, очајно се обидуваат да ги покријат сопствените неуспеси со евтини обвинувања.
Но, вистинската причина за оваа хистерија на СДСМ е нешто друго – нивната упорна желба да останат вазали на ДУИ. Наместо Ахмети и Груби сами да се правдаат за скандалите и катастрофалните политики што ја уназадија државата, СДСМ им ја завршува валканата работа, лаејќи по ВЛЕН. Овој нивен рефлекс е одамна познат – служат како кучиња-загари на режимот кој доживеа колапс на изборите. СДСМ ќе се увери дека и во ова погрешиле, но џабе – кога памет, очигледно, не им доаѓа.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ