Општината во соработка со Црвениот крст обезбедува и бесплатен транспорт до болниците што можат да ја користат одредени категории жители. Општина Центар во соработка со Црвениот крст на град Скопје за своите повозрасни жители ќе обезбеди поддршка преку услугата „Итно копче“, со која ќе им овозможи на граѓаните над 65 години, во случај на итна потреба, да им се обезбеди итна помош во домашни услови, достапна секој ден 24 часа во текот на целата година. Според градоначалникот Горан Герасимовски, Општината во соработка со Црвениот крст обезбедува и бесплатен транспорт до болниците што можат да ја користат одредени категории жители.
„Услугата е воведена од минатата година и се однесува на лица над 18 години. Лицата што користат ортопедско помагало инвалидски колички, дубаци или одалки како и граѓаните кои поради болест се во лежечка состојба односно неподвижни можат да користат бесплатен превоз до било која здравствена установа во Скопје”, посочи градоначалникот. Герасимовски информира дека со Црвениот крст и здружението Хуманост се реализира и проектот „Центар се грижи за возрасните“ кој опфаќа 90 домаќинства и за кој можат да се пријават повозрасни граѓани на коишто им треба помош или нега во домот. Извор: Новинска агенција МЕТА