На 26.2.2025 год. во 19:00ч. во големата сала на НУ Национална опера и
балет ќе се одржи концертна промоција на пијано Feurich, донација за
Факултетот за музичка уметност – Скопје од г-динот Кочо Анѓушев, во
соработка со Австриската амбасада и Н.Е. г-динот Мартин Памер, со
сесрдна поддршка на Националната опера и балет и директорот Арсовски,
како и Пијано центарот.
Ексклузивен гостин на вечерта е амбасадорот и промотор на македонската
култура – Симон Трпчевски кој е алумни на ФМУ – Скопје, а ќе настапи со
реномирани уметнци и професори од ФМУ – Скопје
Факулетот за музичка уметност е јадро на музичката едукација во земјата
со најдолга историја, која кадровски ги екипира најзначејните институции
столбови на македонската музичка култура, македонската Опера и балет,
македонската Филхармонија, Националниот Џез оркестар, Битолскиот камерен
оркестар, како и наставниот кадар за стручното и општо образование на
сите нивоа во Републиката. Препознавањето на значењето на ФМУ – Скопје и
поддршката се пресудни за понатамошниот квалитативен подем на музичката
и балетска сцена како стожери на културниот развој во Македонија.
Претстои прекрасен концерт, кој ќе биде пример за тоа како треба и може
да делуваме заедно за подобра идинина.