6.8 C
Скопје
24/02/2025 13:12
МАКТЕЛ

    

Љупчо Поповски: „Пегава јагода“ и слободата на говорот

      

Не знаеме дали американската амбасадорка во Скопје е воодушевена од она што се случува во нејзината земја последниов месец, како што е воодушевена што премиерот Христијан Мицкоски по третпат откако стапи на должност (а по втор, од 20 јануари наваму) е во Вашингтон. Таа е дипломат кој треба да служи на интересите на нејзината држава, под администрација која и да е. И особено да ги негува врските меѓу нејзината администрација и онаа во земјата каде што службува. Исто така, не знаеме ни што мисли за говорот на потпретседателот Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција кога изврши целосен напад врз Европа. Во МАГА говорот во американски стил Венс рече дека најмногу бил загрижен за Европа не поради Русија или Кина, туку од „заканата одвнатре“. Според него, на европските влади „не им се допаѓа идејата дека некој со алтернативно гледиште може да изрази поинакво мислење“. Венс зазеде апсолутистички поглед на слободата на говорот: „Длабоко верувам дека нема сигурност ако се плашите од гласовите, мислењата и совеста што го водат вашиот сопствен народ“. И во славните неколку сентенци поентираше: „Во Вашингтон има нов шериф во градот, и под раководство на Доналд Трамп ние може да не се согласуваме со вашите ставови, но ќе се бориме да го одбраниме вашето право да ги понудите на јавниот плоштад, се согласувале или не се согласувале“.

Нема да правиме аналогии на овие прокламации на Џеј Ди Венс со некои ситуации во Македонија, туку ќе земеме само два примера од Америка од последниве десетина дена. Не знаеме дали Анџела Агелер е воодушевена од нив. А прашање е дали има и потреба да знаеме. Тагата на Џулијан Мур. Во светот на Доналд Трамп, слободата на говор важи само за оние кои ја споделуваат неговата визија за американскиот мит – вклучително и во културата. Секој што не го следи неговото водство е замолчен. Прославената актерка, оскаровката Џулијан Мур, го дозна тоа пред неколку денови. Минатата недела, таа на Инстаграм соопшти рече оти доживеала „голем шок“ откако дознала дека нејзината детска книга од 2007 година „Freckleface Strawberry“ (Пегава јагода) се нашла меѓу оние што беа забранети од администрацијата на Трамп додека е под „преглед на усогласеноста“ во училиштата управувани од Министерството за одбрана на САД. Изненадената ѕвезда напиша дека нејзината книга е „полуавтобиографска приказна за 7-годишно девојче кое не ги сака своите пеги, но на крајот учи да живее со нив кога ќе сфати дека е поинаква, ‘исто како што се и сите други’“. Приказната се заснова на искуството од детството на Мур, која вели дека го имала прекарот Freckleface Strawberry поради сопствените пеги и препознатливата црвена коса.

   

„За мене беше голем шок кога дознав дека мојата прва книга ‘Пегава јагода’ е забранета од администрацијата на Трамп во училиштата со кои раководи Министерството за одбрана“, напиша таа и додаде: „Тоа е книга што ја напишав за моите деца и за другите деца за да ги потсетам дека сите ние се бориме, но дека сме обединети од нашата човечност и нашата заедница“. Книгата на Мур е меѓу десетиците забранети најмалку една недела во училишните библиотеки управувани од Министерството за одбрана, бидејќи новата администрација има за цел да ја повлече заштитата за трансродовите луѓе и да ги прекине програмите за различност, правичност и вклучување во рамките на федералната влада. Со оваа одлука ќе бидат погодени околу 67.000 деца кои ги посетуваат 160-те училишта во седум американски држави и 11 земји под раководство на Пентагон. Мур рече дека исклучувањето е особено длабоко, бидејќи таа се школувала во едно такво училиште во Германија и е горда ќерка на нејзиниот татко ветеран од Виетнам. Таа додаде: „Навистина сум тажна и никогаш не помислив дека ќе го видам ова во земја каде слободата на говор и изразување е уставно право“.

Гневот врз Асошиетед прес. И Асошиетед прес, таа голема новинска агенција, разбра дека слободата на говорот и изразување е уставно право, но само онака како што го толкува новата администрација. Не беше причината тоа што Трамп беше критикуван оти се спореди себеси со Наполеон во „диктаторска“ објава на социјалните мрежи, повторувајќи го тврдењето на францускиот император дека „оној што ја спасува својата земја не прекршува никакви закони“. Тоа беше поврзано со сомнежите на неговите соработници дека судиите имаат право да носат одлуки за да го запрат агресивното запленување или демонтирање на федералните институции. Трамп го изложи својот став по партија голф во неговото одморалиште во Флорида. Цитатот, како што набрзо се откри, е верзија на фразата што му се припишува на Наполеон „Celui qui sauve sa patrie ne viole aucune loi“, преведена како: „Кој ја спасува својата земја не прекршува закон“. Не беше ни истражувањето на Асошиетед прес дека администрацијата се соочува со најмалку 70 тужби низ целата земја кои опфаќаат дејствија од обидот за елиминација на државјанството со право на раѓање до замрзнување на федералните грантови и средства – и пристап до чувствителни компјутерски системи и податоци од неофицијални субјекти. Она што Трамп и луѓето околу него не можеа да го прифатат како слобода на говорот е што Асошиетед прес продолжува да го користи името Мексикански Залив, наместо новиот прекрстен назив со извршна наредба на претседателот – „Американски Залив“.

Следеа казнени мерки. Новинарите на Асошиетед прес беа исфрлени од Овалната соба, од каде што известуваат најмалку 130 години. А им беше забранет пристапот на претседателскиот авион „Ер форс 1“. Македонските читатели треба да знаат дека секој американски претседател кога патува каде и да било, во САД или во странство, го придружува ротирачка група новинари, кои го сочинуваат танаканречениот „пул“, кој обезбедува информации за сите други медиуми. Оваа група е отприлика околу две дузини новинари. Претставниците на медиумите се таму и кога Трамп оди од Вашингтон до својата вила во Флорида Мар-е-Лаго. За време на летот, претседателот или неговите соработници често даваат изјави кои подоцна се пренесуваат. Таа практика трае со децении. Не сака да ја прекине ни Трамп. Сега меѓу тие новинари нема место за претставник на Асошиетед прес. Белата куќа се обиде да го оправда казнениот потег со инсистирање дека тоа е поврзано со „законската промена на географското име“. АП истакна дека агенцијата ѝ служи на меѓународната публика во стотици земји, а не само на американските корисници, и иако ја препознала наредбата на Трамп, таа ќе продолжи да го нарекува водното тело со неговото глобално прифатено име. И дека Мексиканскиот Залив е име кое се користи четири векови. Претседателот на Здружението на дописници на Белата куќа, Јуџин Даниелс, изјави дека „ниту еден медиум не е обврзан да се придржува до јазикот на администрацијата што ја покрива, а забраната на новинарите за таквите прекршоци има застрашувачки ефект врз слободите на печатот. Забранувањето на пристапот на новинарите поради нивните уреднички одлуки е дискриминација. Ова е кршење не само на Првиот амандман, туку и на извршната наредба на самиот претседател за слободата на говорот и ставање крај на федералната цензура“.

САД Доналд Трамп и претставници на медиумите пред Белата куќа во Вашингтон
Фотографија: picture-alliance/AP/E. Vucci

Широки импликации. Тоа прекршување носи широки импликации: како што нагласи извршната уредничка на АП, Џули Пејс, ограничувањето на покривањето на агенцијата во Белата куќа „сериозно го попречува пристапот на јавноста до независни вести“. И додека овој ќорсокак е апсурден во неговите детали, пораката до американските медиуми е јасна: пристапот е „привилегија“, како што рече портпаролката Ливит, а таа може да биде укината ако на администрацијата не ѝ се допаѓа она што се известува. Голем број други медиуми надвор од АП, вклучувајќи ги Блумберг и „Њујорк тајмс“, рекоа дека ќе продолжат водениот басен да го нарекуваат Мексиканскиот Залив. Во малку изненадувачки развој на ситуацијата, правото на Асошиетед прес за пристап на новинарите во Белата куќа (фоторепортерите се исклучени од забраната) и во претседателскиот авион и особено за слободата на говорот најде поддршка од 40 големи новинарски организации од целиот политички спектар. „Њујорк тајмс“, Си-Ен-Ен, „Вашингтон пост“, Ен-Би-Си, „Волстрит журнал“, конзервативните Фокс њуз и  „Њузкамс“ и уште три дузини оваа недела ѝ пишаа на Белата куќа барајќи од администрацијата на Трамп веднаш да ја укине забраната за Асошиетед прес. Во писмото, кое беше координирано од Здружението на дописници на Белата куќа, се вели дека одлуката за забрана на Асошиетед прес била „ескалација на спорот што не му служи на претседателството или на јавноста“. „Првиот амандман ѝ забранува на владата да има контрола врз тоа како новинските организации носат уреднички одлуки“, се вели во писмото. „Секој обид за казнување на новинарите за тие одлуки е сериозно прекршување на оваа уставна заштита“. Дури и прилично конзервативниот „Њузмакс“, целосно наклонет кон Трамп, не може да најде оправдување за претседателот. „Можеме да ја разбереме фрустрацијата на претседателот Трамп, бидејќи медиумите честопати беа неправедни кон него, но ‘Њузмакс’ сè уште го поддржува правото на АП, како приватна организација, да го користи јазикот што сака да го користи во своето известување“, оцени медиумот во соопштението. „Се плашиме дека на идната администрација нема да ѝ се допадне нешто што ќе го пишува ‘Њузмакс’ и ќе се обиде да нѐ забрани“. Нема што повеќе да се додаде на ова објаснување за слободата на говорот, со извонредни поенти и од оние кои се огнени поддржувачи на претседателот Доналд Трамп. Токму од тоа би требало да има некое одушевување овде, а не да се пишуваат егзалтирани панeгирици за трите патувања на премиерот во Вашингтон за осум месеци. Љупчо Поповски

  

Најново

Лидерот на германските либерали Кристијан Линднер ја напушта политиката по изборниот дебакл

Sase Ivanovski

Горан Михајловски: АЛИСА И МЕЧКИТЕ

Sase Ivanovski

Денко Малески, Трамп: Русија не е агресор

Sase Ivanovski

Ако се договорат Трамп и Путин – Русите бараат НАТО да го напушти Косово и Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија и други да се повлечат од НАТО…

Sase Ivanovski

Русите на 3-годишнината од војната: „Америка сака брз прекин на огнот, но ние не“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкции на Воената болница 8 Септември и аеродромот во Охрид, објекти од витално значење за граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Изминатиов викенд евидентирани 718 прекршоци за прекорачување на брзината на движење

Sase Ivanovski

Поддршка и солидарност за украинскиот народ

Sase Ivanovski

Македонски Концепт: Време е за мир во Украина и Светот

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски ги потврди списоците за вработување на Меџити, ДКСК итно да реагира

Sase Ivanovski

Ивановски: Целта и визиите на Владата за железничкиот сообраќај е да се поврземе со регионот и да ги поврземе коридорите 8 и 10д

Sase Ivanovski

Претседателот Костадиновски на работна средба со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: И птиците на гранките знаат дека Сашо Орданоски е човек на СДС и Филипче, затоа јавно да кажат дали се согласуваат со неговиот говор на омраза

Sase Ivanovski

Роман на годината – прва селекција

Sase Ivanovski

Три години брутална инвазија: Борбата на Украина против руската агресија продолжува

Sase Ivanovski

На 26.2.2025 год. во 19:00ч. во големата сала на НУ Национална опера и балет ќе се одржи концертна промоција на  пијано Feurich, донација за Факултетот за музичка уметност – Скопје од г-динот Кочо Анѓушев

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно со услови за слаб дожд, на повисоките места снег

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Деца „истражувале“ во катакомбите под Петроварадинската тврдина, морале да ги вадат пожарникари

Sase Ivanovski

Мерц јавно ја „откачи“ лидерката на АфД: Пружајте раце колку сакате, со вас влада не правиме

Sase Ivanovski

Ердоган „лобира“ кај Макрон, сака Турција да биде домаќин на преговорите за Украина

Sase Ivanovski

Обвинети петмина Бугари кои сакаа да го запалат седиштето на ЕУ во Софија

Sase Ivanovski

„Билд“: ЦДУ ќе има 197 пратеници во Бундестагот, АфД – 141

Sase Ivanovski

АфД: Ако Сиријците не сакаат самите да заминат, ние ќе им помогнеме

Sase Ivanovski

Мерц не е сигурен во иднината на НАТО: Европа можеби ќе треба да создаде своја безбедносна структура

Sase Ivanovski

Украина ја поттикна војната зашто сакаше да стане членка на НАТО, вели емисарот на Трамп, Стив Виткоф

Sase Ivanovski

Бесент: Нема безбедносни гаранции во договорот за украинските минерали

Sase Ivanovski

Мицкоски ѝ честита на ЦДУ за победата во Германија: Европа бара промени

Sase Ivanovski

Трамп: Ова е голем ден за Германија, победи конзервативната опција

Sase Ivanovski

МОН затвори уште еден, осми институт по ред – работел со бројни неправилности

Sase Ivanovski

Инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај затече запалена дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут

Sase Ivanovski

Инспекцијата за животна средина на Град Скопје, изврши вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро, каде затече 3 лица од Бутел, како на дива депонија согоруваат отпад

Sase Ivanovski

ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ЈА МЕНУВА ПСИХАТА Новиот истражувачки извештај открива како се нарушува вашата способност за расудување

Sase Ivanovski

ЛАВРОВ ПАТУВА ВО ТУРЦИЈА Ќе се разговара за придонесот на Анкара за завршување на војната во Украина

Sase Ivanovski

МЕРЦ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА „Ова е историска изборна ноќ, нѐ чекаат долготрајни преговори“

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ГИ ОДНЕСЕ РОДИТЕЛИТЕ НА „СВИНСКИ БАЈАДЕРИ“ После 100 години најдов време да ручам со нив, рече српскиот претседател

Sase Ivanovski

Анализа: Младите германски гласачи се свртуваат кон крајните левичари и десничари

Sase Ivanovski

Oдземениот имот на Груевски и Мијалков на лицитација – проценет на 29 милиони евра

Sase Ivanovski

Мерц јавно ја „откачи“ лидерката на АфД: Пружајте раце колку сакате, со вас влада не правиме

Sase Ivanovski

Ердоган „лобира“ кај Макрон, сака Турција да биде домаќин на преговорите за Украина

Sase Ivanovski

Обвинети петмина Бугари кои сакаа да го запалат седиштето на ЕУ во Софија

Sase Ivanovski

„Билд“: ЦДУ ќе има 197 пратеници во Бундестагот, АфД – 141

Sase Ivanovski

АфД: Ако Сиријците не сакаат самите да заминат, ние ќе им помогнеме

Sase Ivanovski

Украина ја поттикна војната зашто сакаше да стане членка на НАТО, вели емисарот на Трамп, Стив Виткоф

Sase Ivanovski

Мерц не е сигурен во иднината на НАТО: Европа можеби ќе треба да создаде своја безбедносна структура

Sase Ivanovski

Бесент: Нема безбедносни гаранции во договорот за украинските минерали

Sase Ivanovski

Мицкоски ѝ честита на ЦДУ за победата во Германија: Европа бара промени

Sase Ivanovski

Известувачот на ЕП за Македонија, Томас Вајц, го посети националниот парк „Маврово“

Sase Ivanovski

МОН затвори уште еден, осми институт по ред – работел со бројни неправилности

Sase Ivanovski

Трамп: Ова е голем ден за Германија, победи конзервативната опција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тревога во Рим: Дојава за бомба во американски патнички авион со 285 патници

Sase Ivanovski

Човекот од доверба на Путин, Кирил Дмитриев, официјално именуван за „врска“ со Америка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Чаир – се судрија четири возила

Sase Ivanovski

(ФОТО) Заврши Берлинале 2025: Норвешкиот филм „Соништа“ ја освои „Златната мечка“ за најдобар филм

Sase Ivanovski

Папата и натаму е во критична состојба, почнале да му откажуваат бубрезите

Sase Ivanovski

Ако ЦДУ соработува со левицата, брзо ќе има избори и ќе ја престигнеме, вели лидерката на АфД

Sase Ivanovski

Мерц прогласи победа: Брзо да се формира одржлива влада, светот нема да нè чека

Sase Ivanovski

Шолц го призна поразот: Ова е горчлив резултат

Sase Ivanovski

„Само интервју“ – стотици реакции: ЗНМ бара да сопре етикетирањето на новинарите

Sase Ivanovski

Германија денеска на историски избори

Sase Ivanovski

Машина за тестирање дали броилата за струја се прецизни, стоела во подрум на Бирото за метрологија

Sase Ivanovski

Маск им нареди на федералните работници да објаснат што сработиле или во спротивно ќе добијат отказ

Sase Ivanovski

Најмасовен напад на Русија врз Украина од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Општина Центар и Црвен крст ќе обезбедат итна помош за повозрасните граѓани

Sase Ivanovski

Мицкоски го демантира Меџити за вработувањето 3.000 Албанци во администрацијата

Sase Ivanovski

Хамас ја осуди одлуката на Израел да го одложи ослободувањето на затворениците, негира дека церемонијата за предавање е понижувачка

Sase Ivanovski

Се реконструира Домот на култура во Гази Баба

Sase Ivanovski

Новиот шеф на ФБИ Пател до вработените: Игнорирајте го мејлот на Маск

Sase Ivanovski

Загадениот воздух е поопасен отколку што мислевме, вели нова студија

Sase Ivanovski

Функционер на Трамп: Зеленски прифати – вредните украински минерали за воената поддршка од САД

Sase Ivanovski

НАТО и ЕУФОР се на нозе во Босна, ќе спречуваат можни немири ако Додик биде осуден

Sase Ivanovski

ПОГРЕБАН УБИЕНИОТ ЛИДЕР НА ХЕЗБОЛАХ, ХАСАН НАСРАЛА Говорниците порачаа дека нема да дозволат САД да го контролира Либан

Sase Ivanovski

Инспектори затекле запалена дива депонија во Сарај

Sase Ivanovski

“Ја отфрлив онаа карикатура што ја создадов“ – Памела Андерсон одговара на прашањата на Јанис Варуфакис, Лиам Нисон, Џеф Кунс….

Sase Ivanovski

Сузан Хејвуд: Имав 6 години кога татко ми реши да пловиме низ светот. Би бил заробен на тој брод скоро една деценија.

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА СИ ГО ТРАСИРА ПАТОТ БЕЗ ДА БАРА ПАТОКАЗ Овојпат како фактор, а не како случаен минувач!

Sase Ivanovski

ВЕНС ЈА ГОВОРИ ВИСТИНАТА, ТРЕБА ДА ЈА ПОЧИТУВАМЕ Мицкоски тврди дека ова е новиот светски тренд

Sase Ivanovski

Меџити: Коалицијата со СДСМ на Заев во 2017 беше добра стратешка одлука

Sase Ivanovski

Семејно насилство во Штип: Свекор заврши со лисици на рацете, ја претепал снаата

Sase Ivanovski

Мицкоски за Коцевски: Процедурата е тргната, нема сопирање

Sase Ivanovski

„8 Септември“ ќе се реконструира со 12 милиони евра

Sase Ivanovski
Вчитувам....