Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово со воз пристигна во Киев по повод тригодишнината од руската инвазија на Украина.
По тој повод таа рече: „На третата годишнина од бруталната руска инвазија, Европа е во Киев. Денеска сме во Киев, бидејќи Украина е Европа“. „Во оваа борба за опстанок, не е загрозена само судбината на Украина, туку и судбината на Европа“, додаде таа во објавата на X.