Францускиот претседател Емануел Макрон му честиташе на Фридрих Мерц, лидерот на конзервативците кои победија на парламентарните избори во Германија, потврдувајќи ја неговата решеност да „направат големи работи“ заедно. – Само што разговарав со Фридрих Мерц за да му честитам на победата, рече Макрон, додавајќи дека разговарал и со канцеларот во заминување Олаф Шолц.
– Порешителни сме од кога било за заедно да правиме големи, додаде Макрон на пат кон Вашингтон. Францускиот претседател денеска треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, а во фокусот на разговорите ќе биде безбедноста на Украина и Европа. Мерц, лидерот на конзервативците кои вчера освоија најмногу гласови на парламентарните избори во Германија, изрази желба да формира влада „што е можно побрзо“ за да се соочи со актуелните меѓународни предизвици