„Бугарија дава безрезервна поддршка на независноста, суверенитот и територијалниот интегритет на Укранина во нејзините меѓународно признаени граници. На Украина мора да ѝ се дадат сигурни и стабилни безбедносни гаранции како неопходен услов за одржлив мир“, сè се наведува во официјалното соопштение од бугарското МНР по повод тригодишнината од почетокот на војната.„Украинскиот народ претрпе повеќе од илјада дена на страдање и уништување, бранејќи се од руската агресија. Обемот на уништувањето предизвикано од Русија е огромно и неприфатливо во 21 век. Во флагрантно кршење на клучните принципи на меѓународното право, Русија прибегна кон намерна воена акција против критичната цивилна инфраструктура во Украина како што се нуклеарните централи и брани, целосно игнорирајќи ги потенцијаталните сериозни последици врз животната средина и цивилното население далеку од линиите на фронтот. Човечката цена на војната е запрепастувачка, десетици илјади цивили, вклучително и деца, беа убиени и повредени. Милиони беа принудени да ги напуштат своите домови. Илјадници невини станаа жртви на принудно раселување, нелегално киднапирање и депортации“, нагласува бугарското Министерство за надворешни работи.
Министерството за надворешни работи ја повикува Русија целосно да се вклучи во дипломатските напори за ставање крај на оваа војна и поставување на основи за траен мир согласно Повелбата на Обединетите нации и принципите на меѓународното право. „Не може да има преговори за Украина без Украина и Европската Унија“, истакнуват од бугарското МНР во објавата на Фејсбук.