Партијата на пензионери изразува голема загриженост од тенденцијата на високите цени на лековите и другите медикаменти и суплементи во земјата. Фактот што имаме најскапи лекови во регионот е показател дека граѓаните, а посебно големата пензионерска популација трошат големи финансиски средства и од така своите скромни пензиски примања, соопшти партијата
„Бараме и ја поддржуваме Владата во донесување на соодветни системски мерки и алатки кои ќе придонесат за регулирање и контрола на овој многу битен сегмент од секојдневниот живот на пензионерите и граѓаните, и кои ќе ја стабилизираат и долгорочно нивелираат цената на лековите.„Здравјето на нашите граѓани мора да биде политички приоритет на сите парламентарни и вонпарламентарни субјекти во општеството“, соопшти Партијата на пензионерите.