Брачен пар од Арачиново бил приведен откако кумановка пријавила дека не сакале да ѝ го вратат бебето кое им го дала привремено да престојува кај нив. – На 23.02.2025 во 19.30 часот во СВР Куманово, М.М.(41) од Куманово пријавила дека А.М.(39) и неговата сопруга А.М.(35) од с.Арачиново, скопско, не ѝ го давале нејзиното новороденче, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, пред околу четири месеци, додека била бремена, се запознала со сопружниците, кои ѝ понудиле финансиска помош откако ќе се породи.
View this post on Instagram