Во Женева учествував и се обратив на Сегментот на високо ниво на 58-та сесија на Советот за човекови права на ОН. Истакнав дека заштитата и промоцијата на човековите права, како и јакнењето на мултилатералната соработка, се темел на нашата надворешна политика. Како член на Советот, остануваме посветени на одбраната на човековите права и соодветното справување со нивните нарушувања, без разлика каде се случуваат.
Потенцирав дека почитувањето на демократските принципи, човечкото достоинство и владеењето на правото се универзални вредности што мора да бидат заштитени. Истовремено, ја нагласив итната потреба од справување со растечката нетолеранција и дискриминација, кои доведуваат до сериозни прекршувања на човековите права и слободи. Советот за човекови права останува клучен форум за нивна заштита и промоција на глобално ниво. Ќе продолжиме да бидеме активен чинител во справувањето со глобалните предизвици во оваа област, посветени на континуирана соработка со механизмите и телата на Обединетите нации.
View this post on Instagram