5.8 C
Скопје
24/02/2025 17:30
МАКТЕЛ

    

Денко Малески: Мицкоски тропа на погрешна врата

      

Анегдотата вели дека францускиот премиер Таљеран, државник, дипломат и политичар кој се одржал на власт за време и после Наполеон, пред да испрати еден млад соработник во дипломатска мисија го предупредил: „И, пред сè, без многу жар“. Таква, имено, е надворешната политика политика – сфера вон ваша контрола која бара смиреност, такт и интелигенција. Премногу жар имаше во кажувањето на македонскиот премиер Мицкоски за своите дипломатски мисии. Се добива впечаток дека од Вашингтон каде што „прв го запоседнал теренот“ се враќа заслепен од светлоста на меѓународната сцена. „Мора да почнеме да победуваме во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз, Рим, Лондон и секаде…“. Со кое „оружје“, се прашуваме? Со „вистинската вистина“, вели премиерот. Оние кои разликуваме само вистина и лага, тешко разбирме што е „вистинска вистина“.

Има една закономерност во мојата област на меѓународната политика: во периоди на мир и просперитет, во теоријата и во праксата, меѓу научниците и политичарите, доминираат таканаречените „идеалисти“, додека во периоди на војна таканаречените „реалисти“. „Идеалистите“ веруваат во еволуција на односите во меѓународното општество на држави кон подобро. Тие веруваат дека исто онака како државите еволуирале во поглед на демократијата, правната држава, човековите и социјалните права, тоа се случува и со односите меѓу државите. Реалистите, пак, веруваат дека низ целокупната човекова историја, меѓународната политика е „истата проклета работа, одново и одново“: моќ, интереси, рамнотежа на сили и перманентни војни. Трамп, секако, не може да се нарече идеалист, туку реалист од прва категорија. Ако, како што тоа го прави премиерот на Македонија, Мицкoски, одите кај него со списокот на неправдите сторени кон нашата држжава од осамостојувањето па до денес, мора прво да се прашате дали можеби сте ја погрешиле адресата. Имено, реалист каков што е, американскиот претседател ќе има нула разбирање меѓународното право и правдата, единственото оружје на малите држави во меѓународните односи, а понајмалку ќе има разбирање за вашата „вистинска вистина“.

   

Размислете. Ако во униполарниот момент на доминација на Америка со светот, кога беше прогласена победата на демократијата и на правото, не ни успеа да добиеме поддршка за името затоа што надвладеа интересот и силата, а не правото и правдата, што може да се очекува денес кога претседателот на Америка, со зборови и на дело, покажа дека „might makes right“ ( силата кажува што е право“). Списокот на нашите „болки и фрустрации“, како впрочем и во 1991, почнува со „името“. Еве една илустрација од разговорот на претседателот Глигоров со државниот секретар Лоренс Иглбергер и советникот за национална безбедност генералот Брент Скокрофт во Белата куќа во Вашингтон во 1992. Скокрофт му вели на претседателот дека држави менувале име и порано. Интервенирам со констатацијата дека тоа секогаш било од нивна добра волја и дека тоа не се прави под закана. Неговиот смирен одговор беше дека сепак се прави и под закана, ако самиот опстанок на државата е доведен под знак прашање. Опстанокот на Македонија? Да: тоа требаше да се разбере дури и во свет кој прогласи победа на демократијата и на меѓународното право. Зошто не разбра навреме дека опстанокот на твојата држава е доведен во прашање, зошто не работеше за мир, зошто не преговараше, зошто не ги направи потребните отстапки и компромиси, грми денес Трамп во комуникацијата со Зеленски. Одговорот би бил: Заради твојата држава Америка и политиката која ја водеше кон Русија, но Трамп тогаш би реплицирал – си требало да мислиш со своја глава и да ја ставиш Украина на прво место.

Зборот ми е дека, сега во услови на „трансакциска“ надворешна политика, Трамп ќе праша што добива, а што губи неговата држава доколку ги исполни вистинските желби на новата власт во Македонија: поништување на меѓународните договори кои ја немаат поддршката од мнозинството Македонци, потпишани од нивните претходници. Заради неправдите сторени кон нас да ги наруши односите со Грција, Бугарија и Албанија. Што мислите, како ќе се определи човекот кој проценува се од аспектот на интересот за Америка а не од принципите на меѓународното право? Со списокот на нашите „фрустрации и болки“ во раце, уште и можевме да очекуваме нешто за Македонија во ерата на „идеалистите“. Во светот на „реалистите“, пак, вашите „болки и фрустрации“ можат само да се зголемат зашто лесно можете да бидете искористени и фрлени. Без пардон. Зарем искуството на Украина не е доволно да разбереме каква е меѓународната политика? Денко Малески

  

Најново

Мерц удри по Трамп: „Бесрамни сте како Москва!“

Sase Ivanovski

Додик: Каква и да биде пресудата против мене, нема да реши никакви проблеми

Sase Ivanovski

Судир меѓу полиција и граѓаните во Нови Сад

Sase Ivanovski

СВР КУМАНОВО, Младеновска: Граѓаните да не наседнуваат на измамите со лажни сообраќајки

Sase Ivanovski

Таравари: Избрана е фирмата што ќе ги гради катните гаражи во Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Најголеми имиграциски групи во ЕУ, 1990-2024 година

Sase Ivanovski

Лавров: Можно е прекин на огнот во Украина доколку преговорите ја задоволат руската страна

Sase Ivanovski

МАРКО КОЛЕВ: Петнаесет капитални проекти за развој на Општина Велес!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Насобраните пред Собранието на Нови Сад фрлаат јајца кон зградата и полицијата

Sase Ivanovski

Со смената на Данела Арсовска, многу работи ќе се подобрат, смета Перински

Sase Ivanovski

НА КАВГА СО ИВАН – Миле Лефков: Алкохол не сум пиел скоро никогаш

Sase Ivanovski

Македонија е коспонзор на американската резолуција во ОН за Украина

Sase Ivanovski

НА КАВГА СО ИВАН, вечерва ќе гостува еден од 120те шофери од Собранието, член на тимот на McLaren F1 – Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРТБАЛКАН: Прв дабар виден во Косово по 200 години

Sase Ivanovski

Министерство за здравство: Ги пренасочуваме пациентите од КАРИЛ

Sase Ivanovski

Општина Центар побарала зеленило на конфискуваните имоти: Државата не се откажува од градење на плацовите на Груевски и на Мијалков

Sase Ivanovski

Муцунски: Како член на Советот, остануваме посветени на одбраната на човековите права и соодветното справување со нивните нарушувања, без разлика каде се случуваат.

Sase Ivanovski

Мерц повика Украина да учествува во мировните преговори

Sase Ivanovski

Захарова: Експлозиите во рускиот конзулат во Марсеј имаат карактеристики на терористички напад

Sase Ivanovski

Рокас: Иднината на земјата е тесно поврзана со одржување чиста животна средина

Sase Ivanovski

Кинескиот претседател телефонски разговарал со Путин

Sase Ivanovski

Мицкоски до ДУИ: Го знаете мојот број, донесете ги доказите за Меџити

Sase Ivanovski

Кумановка дала бебе на чување, па не сакале да и го вратат

Sase Ivanovski

ГОБ „8 Септември” ќе биде реконструирана до октомври, ќе се реновира и аеродромот во Охрид

Sase Ivanovski

ИМА организира панел-дискусија за предизвиците и перспективите во справување со дезинформациите на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Партијата на пензионери реагира за високите цени на лековите

Sase Ivanovski

Швајцарија нуди највисоки плати за медицинските сестри – 102 илјади евра годишно

Sase Ivanovski

Бугарско МНР: На Украина мора да ѝ се дадат стабилни гаранции за безбедност и мир

Sase Ivanovski

Ватикан: Папата ноќта ја помина мирно, немал нови напади

Sase Ivanovski

Ја удирал по главата и телото со тупаници, со нога по лицето и додека крварела ја силувал

Sase Ivanovski

(ФОТО) Експлозија во близина на рускиот конзулат во Марсеј

Sase Ivanovski

ОРБАН ПОВТОРНО ГИ ШОКИРАШЕ СИТЕ Веста одекна низ светот, Унгарецот подготвува болен удар

Sase Ivanovski

ЌЕ ПАТУВАМЕ ОД СКОПЈЕ ДО СОЛУН ЗА 2 ЧАСА СО ВОЗ Многу возови не биле во функција затоа што немале тркала

Sase Ivanovski

АКО ПУТИН СОРАБОТУВА, ЕУ НЕМА ДА ГИ ЗАСИЛИ САНКЦИИТЕ ЗА РУСИЈА Фон дер Лајен посочи дека Европа мора да ја забрза испораката на оружје за Украина

Sase Ivanovski

РУСИЈА НЕ ПРИФАЌА БРЗ ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА Москва сака да оди чекор по чекор за да не си ги расипе односите со САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски на третата година од руската инвазија: Три години апсолутно херојство

Sase Ivanovski

Билд: Демохристијаните со 197 мандати во Бундестагот, АфД со 141 , социјадемократите со 114

Sase Ivanovski

Нови апсења низ Србија поради падот на настрешницата во Нови Сад

Sase Ivanovski

Трамп укинува 1.600 работни места во УСАИД

Sase Ivanovski

ДПА: Повеќето германски гласачи се за коалиција меѓу конзервативците и СПД

Sase Ivanovski

Макрон му честиташе на Мерц: Порешителен од кога било за заедно да правиме големи работи

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен во Киев на 3-годишнината од инвазијата: „Судбината на Европа е во прашање“

Sase Ivanovski

Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја опдбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина

Sase Ivanovski

Лидерот на германските либерали Кристијан Линднер ја напушта политиката по изборниот дебакл

Sase Ivanovski

Љупчо Поповски: „Пегава јагода“ и слободата на говорот

Sase Ivanovski

Горан Михајловски: АЛИСА И МЕЧКИТЕ

Sase Ivanovski

Денко Малески, Трамп: Русија не е агресор

Sase Ivanovski

Ако се договорат Трамп и Путин – Русите бараат НАТО да го напушти Косово и Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија и други да се повлечат од НАТО…

Sase Ivanovski

Русите на 3-годишнината од војната: „Америка сака брз прекин на огнот, но ние не“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкции на Воената болница 8 Септември и аеродромот во Охрид, објекти од витално значење за граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Изминатиов викенд евидентирани 718 прекршоци за прекорачување на брзината на движење

Sase Ivanovski

Поддршка и солидарност за украинскиот народ

Sase Ivanovski

Македонски Концепт: Време е за мир во Украина и Светот

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски ги потврди списоците за вработување на Меџити, ДКСК итно да реагира

Sase Ivanovski

Ивановски: Целта и визиите на Владата за железничкиот сообраќај е да се поврземе со регионот и да ги поврземе коридорите 8 и 10д

Sase Ivanovski

Претседателот Костадиновски на работна средба со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: И птиците на гранките знаат дека Сашо Орданоски е човек на СДС и Филипче, затоа јавно да кажат дали се согласуваат со неговиот говор на омраза

Sase Ivanovski

Роман на годината – прва селекција

Sase Ivanovski

Три години брутална инвазија: Борбата на Украина против руската агресија продолжува

Sase Ivanovski

На 26.2.2025 год. во 19:00ч. во големата сала на НУ Национална опера и балет ќе се одржи концертна промоција на  пијано Feurich, донација за Факултетот за музичка уметност – Скопје од г-динот Кочо Анѓушев

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно со услови за слаб дожд, на повисоките места снег

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Деца „истражувале“ во катакомбите под Петроварадинската тврдина, морале да ги вадат пожарникари

Sase Ivanovski

Мерц јавно ја „откачи“ лидерката на АфД: Пружајте раце колку сакате, со вас влада не правиме

Sase Ivanovski

Ердоган „лобира“ кај Макрон, сака Турција да биде домаќин на преговорите за Украина

Sase Ivanovski

Обвинети петмина Бугари кои сакаа да го запалат седиштето на ЕУ во Софија

Sase Ivanovski

„Билд“: ЦДУ ќе има 197 пратеници во Бундестагот, АфД – 141

Sase Ivanovski

АфД: Ако Сиријците не сакаат самите да заминат, ние ќе им помогнеме

Sase Ivanovski

Мерц не е сигурен во иднината на НАТО: Европа можеби ќе треба да создаде своја безбедносна структура

Sase Ivanovski

Украина ја поттикна војната зашто сакаше да стане членка на НАТО, вели емисарот на Трамп, Стив Виткоф

Sase Ivanovski

Бесент: Нема безбедносни гаранции во договорот за украинските минерали

Sase Ivanovski

Мицкоски ѝ честита на ЦДУ за победата во Германија: Европа бара промени

Sase Ivanovski

Трамп: Ова е голем ден за Германија, победи конзервативната опција

Sase Ivanovski

МОН затвори уште еден, осми институт по ред – работел со бројни неправилности

Sase Ivanovski

Инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај затече запалена дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут

Sase Ivanovski

Инспекцијата за животна средина на Град Скопје, изврши вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро, каде затече 3 лица од Бутел, како на дива депонија согоруваат отпад

Sase Ivanovski

ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ЈА МЕНУВА ПСИХАТА Новиот истражувачки извештај открива како се нарушува вашата способност за расудување

Sase Ivanovski

ЛАВРОВ ПАТУВА ВО ТУРЦИЈА Ќе се разговара за придонесот на Анкара за завршување на војната во Украина

Sase Ivanovski

МЕРЦ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА „Ова е историска изборна ноќ, нѐ чекаат долготрајни преговори“

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ГИ ОДНЕСЕ РОДИТЕЛИТЕ НА „СВИНСКИ БАЈАДЕРИ“ После 100 години најдов време да ручам со нив, рече српскиот претседател

Sase Ivanovski

Анализа: Младите германски гласачи се свртуваат кон крајните левичари и десничари

Sase Ivanovski
Вчитувам....