Трагичен инцидент се случил во хотел во Париз, каде што новороденче го загубило животот кога неговата мајка, 18-годишна американска туристка, го фрлила од прозорецот на собата, неколку моменти по неговото раѓање, соопшти локалната полиција. Според властите, 18-годишната мајка, која патувала со група млади луѓе во Европа, наводно го фрлила новороденчето од вториот кат на хотел, додека на него се уште била прикачена папочната врвца.
Како што пренесува Дејли Мејл, службите за брза помош веднаш излегле на местото на настанот и го однеле новороденчето во болница. Сепак, според париското обвинителство, новороденчето им подлегнало на повредите. Властите покренаа истрага за „убиство на малолетник под 15-годишна возраст“, објави градското обвинителство за весникот „Ле Паризиен“. Младата жена е пренесена во болница каде што треба да и биде извршена операција по породувањето.