На денешната седница во Собранието се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој дискутираше за поднесувањето на закон којшто директно ќе влијае на намалувањето на цените како законско решение за заштита на стандардот на граѓаните и објасни дека ваквата метода била успешна во повеќе држави. „Најсилна регулатива е конкуренцијата на пазарот и граѓаните да имаат можност каде да ги трошат сопствените средства, каде ќе купуваат и ќе одлучуваат по тоа како маркетите се однесуваат со нив. Бидејќи тоа коешто се случува во нашата држава да синџирите, ланците, на трговија се нелојални кон граѓаните, качуваат маржи, и затоа ние сакавме да дадеме можност како да ги натераме, како да ја зголемиме транспарентноста и да ги внесеме во одредена конкуренција да самите маркети добавувачи и производители се борат за да имаат што е можно повеќе купувачи“, објасни Стојаноски.
Пратеникот посочи дека со ова законско решение кое за разлика од претходната власт не е популистички и дека големите, мали и средни трговци ќе имаат обврска на своите веб страни да ги објавуваат цените за сите производи за кој државниот пазарен инспекторат ќе има можност да ги контролира. „Со ова законско решение, коешто не популистички не, како овие до сега коишто додека сме на власт ќе ги одбиваме, па ќе ги предложуваме, па во една мерка на лидерот на партијата сами меѓу себе ќе си создаваме антитеза, даваме едно решение коешто ќе оди на следниов начин, а тоа е сите големи мали и средни трговци да имаат обврска на своите веб страни да ја објават цената на секој еден производ за секој еден маркет и паралелно со тоа во истиот закон даваме плус обврска и плус можност на Државниот пазарен инспекторат да ги контролираат по овие основи“, рече Стојаноски.
Стојаноски потенцираше дека ќе се создаде можност за креирање на апликација каде што цените ќе бидат достапни за граѓаните и на тој начин ќе одлучуваат каде ќе ги трошат нивните средства. „На ваква законска платформа ќе се создаде можност да се креира апликација каде што сите овие цени од сите овие маркети ќе бидат достапни на граѓаните, на тој начин граѓаните ќе можат одблиску на интернет да видат во кој маркет за одреден производ како се движи цената на пазарот, на тој начин онаа маса на пари којашто ја има граѓанинот и просторната блискост на маркетите се создава конкуренција, да самите тие маркети се борат за масата на купувачи коишто ја имаат на тој начин се засилува транспарентноста и се преземаат овие модели коишто веќе даваат резултат“, дециден е Стојаноски.