3.8 C
Скопје
24/02/2025 22:01
МАКТЕЛ

    

По три години крв и уривање во Украина, лудилото поради руската агресија може да престане

      

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кој секоја вечер ѝ се обраќа на нацијата откако почна војната, синоќа емитуваше монтиран видеоматеријал насловен „три години апсолутно херојство“, што е несомнен факт за мнозинството светски аналитичари и политичари. Она што не се знае е кога ќе завладее трајниот мир и кои ќе бидат модалитетите. Поради предизборното ветување на Трамп мировното решение силно се турка, а примирјето веќе беше најавено од Вашингтон за Велигден, 20 април. Со тоа би требало да заврши најкрвавата и најголемата војна во Европа по Втората светска војна што започна со агресијата на Русија на 22.02.2024 година, пренесуваме текст во целост од Вистиномер.мк. Пишува: Теофил Блажевски Утрото на 24.02.2022 година оваа генерација во светот нема да го заборави поради шокот од реализацијата на рускиот план за целосна инвазија на Украина. Со тоа започна најголемата војна во Европа по Втората светска војна, предизвикувајќи притоа чемер и јад кај милиони луѓе, смрт на стотици илјади на двете страни и огромно разурнување на цели градови и населени места, заедно со целосната инфраструктура во нив. Украинскиот претседател Володимир Зеленски кој секоја вечер ѝ се обраќа на нацијата откако почна војната, синоќа емитуваше монтиран видеоматеријал насловен „три години апсолутно херојство“, што е несомнен факт за мнозинството светски аналитичари и политичари.

Војната која Москва лицемерно ја викаше „специјална воена операција“ цели две години, оваа година има добри шанси да заврши без оглед на непознатиот датум – аналитичари лицитираа дури со есен, а со примирјето до Велигден, т.е. 20 април, барем според желбата на новиот американски претседател. Покрај датумите непознато е дали мирот ќе биде т.н. „замрзнат конфликт“ или траен мир, бидејќи засега нема политичар или политичка опција во Украина што ќе ги признае анектираните територии, со исклучок на Крим кој беше заземен и анектиран од Русија уште во 2014 година, по настаните на плоштадот Мајдан во Киев.

   

Фото: Скриншот од видеото „Три години апсолутно херојство“ емитувано на Икс од Зеленски

Мир под притисок од ТрампШансите за мир енормно се зголемија по победата на Доналд Трамп на минатогодишните претседателски избори во САД, бидејќи во предизборната кампања ветуваше постигнување на мирот во рок од еден ден. Без оглед што тоа е невозможно, на севкупната и граѓанска и политичка јавност ѝ дојде како шок брзината со која прво беше остварен телефонски разговор од час и половина помеѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, а по неколку дена и првата директна средба помеѓу САД и Русија на високо ниво во Ријад, Саудиска Арабија. Веднаш по ова започна притисокот од Трамп до украинскиот претседател Зеленски, нарекувајќи го прво диктатор зашто владеел без избори, а потоа речиси индиректно и за човек кој ја започнал војната. Помеѓу овие два настана се случи и Минхенската безбедносна конференција на која европските лидери останаа шокирани по говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс кој им држеше лекции по демократија и слобода на говор преку примерите дека забранувале политичка акција на крајно десничарските партии и групации во политичкиот живот од земјите на ЕУ. Но, без оглед на ненадејното длабоко заладување на односите помеѓу САД и ЕУ и најголем дел од нејзините земји членки, шансите за мир во Украина оваа година остануваат, бидејќи освен за модалитетите под кој ќе биде постигнат и спроведуван, крајната цел останува иста, вклучувајќи ја и самата Украина, бидејќи Зеленски веќе изјави дека никој не го посакува мирот повеќе од неговата земја.

Помеѓу патот за мир и модалитетите на неговиот изглед и спроведување се испречи уште еден, овој пат „технички проблем“, кој се нарекува бизнис договор за користење на украинските ретки руди и минерали од страна на САД, нешто што Трамп го постави како услов пред околу две и пол недели со цел САД да биле обесштетени за стотината милијарди долари што ѝ ги дале на Украина за време на тригодишниот конфликт. Додуша постои „мала“ разлика во бројките – Трамп оперира со 300 милијарди, а Зеленски со околу стотина милијарди долари од кои големиот дел биле и кредити што завршувале кај американските производители на оружје. Иако првиот обид на САД Украина да го парафира договорот за време на Конференцијата во Минхен пропадна, вестите што доаѓаат од САД и од Киев во последните денови покажуваат напредок, а официјален Вашингтон дури и го најави потпишувањето за да крајот на оваа недела. Овој договор, без оглед на етичноста која е доведена во прашање поради клаузулите за ексклузивитет на кој инсистираат САД е важен на патот за мирот, бидејќи Вашингтон со тоа ја условува натамошната воена помош на Украина, без која и самиот Зеленски рече дека не е сигурен дали ќе може да ја продолжи војната доколку не биде постигнат мир. Важноста на ООН и на резолуциите Со оглед на фактот што Русија се спротивставува на какви било мировни трупи во Украина од земји членки на НАТО, уште помалку под капата на НАТО и со оглед на фактот што официјално нејзината доктрина за мултиполарност ја опфаќа и ревитализацијата на значењето на ООН, големо е значењето на верзијата на резолуцијата за Украина која кружи низ Советот за безбедност во ООН.

Генерално Собрание на ООН (2022). Фото: Влада на РСМ

Всушност, според светските и домашните медиуми постојат две резолуции. Една што ја поднела Европската Унија предводена од Франција и Германија и друга што пред неколку дена ја поднесоа САД, а за која денеска се дозна јавно дека Северна Македонија е коспонзор заедно со Грузија и Унгарија. Разликите според медиумите е во квалификациите за Русија и за војната во Украина, а САД за првпат откако започна војната не учествува во заедничка драфт резолуција со евро-атлантските сојузници. Но, без оглед на судбината на двете драфт резолуции, за кои расправата и гласањето ќе започне на 24.02.2025 година, значењето на Обединетите нации, барем за спроведувањето на мирот во Украина останува многу големо, со оглед на сегашните позиции на Русија кон тоа прашање. Северна Македонија освен со досегашната воена и цивилна помош за Киев, можно е да учествува и со сегмент од армиските припадници, без оглед на големината и бројноста, особено ако војската што ќе биде на линијата на демаркацијата и ќе го надгледува спроведувањето на мирот бидат под знамето на ООН. Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

(ВИДЕО) Избран нов градоначалник на Нови Сад – протести и судири со полицијата

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Совети за одржување орална хигиена кај деца со посебни потреби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Реконструкции на Воената болница „8 Септември“ и аеродромот во Охрид, објекти од витално значење за граѓаните, дуплиран буџетот за спорт во однос на претходната година

Sase Ivanovski

КООРДИНАЦИЈА ПРЕД ЉУТ ОПОЗИЦИСКИ НАПАД!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи – МВР: Кривична пријава за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

ДКСК : ДА СЕ СПРЕЧАТ ПРАКТИКИТЕ ЗА ПАРТИСКИ ДОГОВОРНИ ВРАБОТУВАЊА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Sase Ivanovski

Нова влезна и излезна лента на регионален пат Р1107 Росоман – Кавадарци!

Sase Ivanovski

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска и министерот за спорт Борко Ристовски дел од панел-дискусијата „Ракометот спорт број 1?“

Sase Ivanovski

Средба на претседателот Гаши со генералниот секретар на Советот за регионална соработка Капетановиќ

Sase Ivanovski

СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ДЕНЕСКА СЕ СОБРАА ВО КИЕВ ЗА 3 ГОДИШНИЦАТА ОД РУСКАТА ВОЕНА ИНВАЗИЈА

Sase Ivanovski

МОЕПП: МЕЏИТИ СЕ СРЕТНА СО ДИРЕКТОРОТ НА СЕКРЕТАРИЈАТОТ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЗАЕДНИЦА АРТУР ЛОРКОВСКИ

Sase Ivanovski

НОРВЕШКА ЌЕ И ДАДЕ НА УКРАИНА 3,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ОДБРАНА

Sase Ivanovski

Средба на МЕП Муртезани со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Унгарија, Жолт Бунфорд

Sase Ivanovski

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Презентиран Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАГИ КОМЕДИЈА ВО БЕЛАТА КУЌА: Макрон му кажа на Трамп пред новинарите – ЛАЖЕШ ПРЕТСЕДАТЕЛЕ!

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: тројно ја зголемуваме финансиската поддршка за училишни активности посветени на меѓуетничка интеграција и толеранција

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Стојаноски: Со законско решение ги намалуваме цените и го штитиме стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

СДСМ, Петровска: Како демократски општества не смееме да ја оставиме Украина сама

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Отворена изложба на студентски проекти за идејно решение на спортски комплекси во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека Груби крадел, а тие не смееле да реагираат, па затоа сега измислуваат кованици за Изет Меџити

Sase Ivanovski

ЈП Паркинзи на Општина Центар: ВО ТЕКОТ НА ЕДНА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ 149 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лефков: Венко Филипче и СДС не смеат да се оградат од Ордановски и отидоа во прегратки на Левица контра Трамп и Америка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ објави документи за скандалот на Меџити: Злоупотреби и сомнежи за корупција

Sase Ivanovski

Инвестициите на ЕИБ Глобално достигнаа 693 милиони евра во Западен Балкан во 2024 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Битиќи: Граѓаните тонат во сиромаштија, пратениците да го прифатат предлогот на СДСМ за ДДВ на струја и храна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Битиќи: Власта застана против граѓаните, ги одби Законите за намалување на ДДВ на струја и храна

Sase Ivanovski

Општина Чаир – Посета на Министерот за локална самоуправа во рамките на иницијативата “Каде што срцето е дома”

Sase Ivanovski

Уапсен е 59-годишен скопјанец – ги нападнал сопругата и ќерката

Sase Ivanovski

Месут Озил стана политичар, доби важна функција во партијата на Ердоган

Sase Ivanovski

Пилот алергичен на пајаци го каснала тарантула на лет од Диселдорф до Мадрид

Sase Ivanovski

МНР: Македонија ја реафирмира поддршката за Украина и продолжува со осуда на агресијата на Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Францускиот претседател Емануел Макрон утринава пристигна во Белата куќа.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Од Вашингтон се шири новото нормално – ние први го поддржавме

Sase Ivanovski

Од полноќ нови цени на горивата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Перински: Уште е рано за градоначалничка кандидатура – заинтересиран сум но времето ќе покаже

Sase Ivanovski

Сите лаги за рудниците (4): „Екологисти“, арбитражи и економски последици!

Sase Ivanovski

МУ ОТКАЖУВААТ БУБРЕЗИТЕ, СООПШТИ ВАТИКАН Папата Франциск е во критична состојба

Sase Ivanovski

КАРАЏИЌ Е НЕХУМАНО ТРЕТИРАН ВО ЗАТВОР, ЗДРАВЈЕТО МУ Е ЗАГРОЗЕНО Додик тврди дека екслидерот на босанските Срби е во опасност

Sase Ivanovski

БАКА ПРАСЕ НЕ ГО ПРИЈАВИЛ ДАНОКОТ, КОЛКУ ДОЛЖИ? Обвинителството предложи условна казна затвор за јутјуберот

Sase Ivanovski

РУСИЈА ЗАСЕГА НЕ САКА ДА РАЗГОВАРА СО ЕВРОПА Кремљ претпочита да дискутира со САД

Sase Ivanovski

НИКОЈ ВО ЕВРОПА НЕ САКА ВОЈНА, УКРАИНА САКА МИР Калас потенцира дека не може да успее договор без ЕУ и без Киев

Sase Ivanovski

УНГАРИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГЛАСА ЗА УКРАИНА ВО ЕУ Орбан најави битка со „империјата со две глави“

Sase Ivanovski

Четири лица повредени во сообраќајка на патот Битола – Прилеп

Sase Ivanovski

Перински во Општина Чаир: Град Скопје им прави опструкции на скопските општини

Sase Ivanovski

Руските власти и украинската војска се договорија да ги евакуираат жителите на руската област Курск под украинска окупација

Sase Ivanovski

Хорор во Париз: Млада американска туристка се породи во хотел и го фрли новороденчето низ прозорец

Sase Ivanovski

Измами преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои се претставуваат како „финансиски советници”

Sase Ivanovski

Орбан и честиташе на Алис Вајдел, но не и на германскиот победник на изборите Фридрих Мерц

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Новиот германски канцелар е адвокат и поранешен член на управниот одбор на американскиот инвестициски фонд Блекрок

Sase Ivanovski

ДКСК: Оспорен изборот на Анкица Трпковска во АЕК

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски: „Не се согласувам со понудата на САД, која ќе ја враќаат генерации Украинци“.

Sase Ivanovski

Едмонд Адеми: На покана на УНЕСКО и Шпанската Guardia Civil утрово ја имам честа да ја отворам тро-дневната работилница „Борба против илегалната трговија со културни добра на Западен Балкан“, заедно со Амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лидерката на х Германската АФД живее во Швајцарија, во брак со жена и има посвоено две деца

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: Проектот за реконструкција и адаптација на болницата опфаќа реконструкција на простор од преку 3000 м2

Sase Ivanovski

Санчез: Шпанија годинава ќе и обезбеди на Украина воена помош во висина од една милијарда евра

Sase Ivanovski

Мерц удри по Трамп: „Бесрамни сте како Москва!“

Sase Ivanovski

Денко Малески: Мицкоски тропа на погрешна врата

Sase Ivanovski

Додик: Каква и да биде пресудата против мене, нема да реши никакви проблеми

Sase Ivanovski

Судир меѓу полиција и граѓаните во Нови Сад

Sase Ivanovski

СВР КУМАНОВО, Младеновска: Граѓаните да не наседнуваат на измамите со лажни сообраќајки

Sase Ivanovski

Таравари: Избрана е фирмата што ќе ги гради катните гаражи во Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Најголеми имиграциски групи во ЕУ, 1990-2024 година

Sase Ivanovski

Лавров: Можно е прекин на огнот во Украина доколку преговорите ја задоволат руската страна

Sase Ivanovski

МАРКО КОЛЕВ: Петнаесет капитални проекти за развој на Општина Велес!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Насобраните пред Собранието на Нови Сад фрлаат јајца кон зградата и полицијата

Sase Ivanovski

Со смената на Данела Арсовска, многу работи ќе се подобрат, смета Перински

Sase Ivanovski

НА КАВГА СО ИВАН – Миле Лефков: Алкохол не сум пиел скоро никогаш

Sase Ivanovski

Македонија е коспонзор на американската резолуција во ОН за Украина

Sase Ivanovski

НА КАВГА СО ИВАН, вечерва ќе гостува еден од 120те шофери од Собранието, член на тимот на McLaren F1 – Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРТБАЛКАН: Прв дабар виден во Косово по 200 години

Sase Ivanovski

Министерство за здравство: Ги пренасочуваме пациентите од КАРИЛ

Sase Ivanovski

Општина Центар побарала зеленило на конфискуваните имоти: Државата не се откажува од градење на плацовите на Груевски и на Мијалков

Sase Ivanovski

Муцунски: Како член на Советот, остануваме посветени на одбраната на човековите права и соодветното справување со нивните нарушувања, без разлика каде се случуваат.

Sase Ivanovski

Мерц повика Украина да учествува во мировните преговори

Sase Ivanovski

Захарова: Експлозиите во рускиот конзулат во Марсеј имаат карактеристики на терористички напад

Sase Ivanovski

Рокас: Иднината на земјата е тесно поврзана со одржување чиста животна средина

Sase Ivanovski

Кинескиот претседател телефонски разговарал со Путин

Sase Ivanovski

Мицкоски до ДУИ: Го знаете мојот број, донесете ги доказите за Меџити

Sase Ivanovski

Кумановка дала бебе на чување, па не сакале да и го вратат

Sase Ivanovski

ГОБ „8 Септември” ќе биде реконструирана до октомври, ќе се реновира и аеродромот во Охрид

Sase Ivanovski
Вчитувам....