Миќин никогаш нема да може да одржи седница на Градското собрание на Нови Сад без полициска заштита, а можеби и без криминалците кои тој ги претставува заедно со Милош Вучевиќ. Со изборот на Миќин, граѓаните на Нови Сад не добија ништо, а градот доби голема срамота. Жељко Миќин е избран за градоначалник на Нови Сад на седницата на Градското собрание. Oпозиционите советници тврдат дека им било оневозможено да влезат во објектот и да присуствуваат на седницата, што беше демантирано од претседателката на српското собрание и Министерството за внатрешни работи на Србија. Граѓаните фрлаа јајца кон полицијата, а советниците се обидоа да го пробијат кордонот пред влезот. Од зградата на градското собрание излегоа голем број полицајци, кои беа внатре од рано наутро, и го расчистија плоштадот пред Собранието на Нови Сад додека внатре се одржуваше седницата. Седницата за избор на градоначалник на Нови Сад беше закажана за 10 часот наутро. Полицијата со опрема за разбивање демонстрации, штитови, кациги и полициски кучиња пристигна порано со автобуси и бројни полициски комбиња и автомобили
07.05h duga kolona policajaca ulaze #novisad pic.twitter.com/Ksu6Ppwq3b
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) February 24, 2025
Ѓураѓ Јакшиќ повторно е избран за заменик-градоначалник на Нови Сад на седницата на градското собрание, која се одржа без присуство на опозицијата. Членот на Српската напредна странка (СНС), Жарко Миќин, кој беше предложен кон крајот на февруари за нов градоначалник на Нови Сад, е избран за прв човек на градот. Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, му честиташе на Жарко Миќин за изборот и оцени дека опозицијата „повторно покажа дека нивната единствена политика е насилство, а единствената идеологија омраза“ и дека „повеќе личат на терористи отколку на политичари“. Потпретседателот на Демократската партија (ДС), Небојша Новаковиќ, денеска изјави дека со изборот на Жарко Миќин за градоначалник, граѓаните не добиле ништо, а власта „добила човек по мерка“.
Новаковиќ за агенцијата Бета изјави дека Миќин можел да биде избран за градоначалник само со полициска заштита од „бесни и незадоволни“ граѓани. „Миќин никогаш нема да може да одржи седница на Градското собрание на Нови Сад без полициска заштита, а можеби и без криминалците кои тој ги претставува заедно со Милош Вучевиќ. Со изборот на Миќин, граѓаните на Нови Сад не добија ништо, а градот доби голема срамота. Истовремено, криминалците ја добија својата власт за да можат да продолжат да крадат“, оцени Новаковиќ. Извор: Новинска агенција МЕТА