Повеќе од 150.000 жители на Канада досега се потпишале на петиција со која бараат од нивната земја да му го одземе канадското државјанство на Елон Маск поради негов со Доналд Трамп, пишува „Гардијан“. Маск е роден во Јужна Африка, а има и канадско државјанство преку неговата мајка. Писателката од Британска Колумбија, Квалија Рид, ја покрена петицијата во долниот дом на Канадскиот парламент, каде што беше поддржана од пратеникот на Нова демократска партија и отворен критичар на Маск, Чарли Ангус.
Во петицијата се наведува дека соработката на Маск со Трамп го прави милијардерот „член на странска влада која се обидува да го избрише канадскиот суверенитет“. Тие бараат од канадскиот премиер Џастин Трудо да му го одземе канадскиот пасош на Маск и веднаш да му го одземе државјанството. Трамп ги налути Канаѓаните со заканите дека ќе воведат високи царини за канадските производи и изјавите за припојување на Канада кон САД. Американскиот претседател во повеќе наврати го исмејуваше Трудо нарекувајќи го „гувернер“, титула што ја носта лидерите на американските држави.