САД не успеаја во својата намера да го натераат Генералното собрание на ОН да ја одобри нивната резолуција со која се бара крај на војната без да се истакне агресијата на Москва. сСбранието ја одобри украинска резолуција, поддржана од Европа, со која се бара Русија веднаш да се повлече од Украина, објавија западните медиуми. Резолуции не се правно обврзувачки, но се гледаат како барометар на светското мислење. Но, тоа покажува и одредена намалена поддршка за Украина, чија резолуција беше усвоена со 93-18, со 65 воздржани. Тоа е пониско од претходните гласови, во кои над 140 земји ја осудија агресијата на Русија. Соединетите Држави се обидоа да извршат притисок врз Украинците да ја повлечат својата резолуција во корист на нивниот предлог, според американски функционер и европски дипломат кој зборуваше под услов да остане анонимен бидејќи разговорите беа приватни.
Заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Маријана Беца, изјави дека нејзината земја го користи своето „природно право на самоодбрана“ по руската инвазија, која го прекршува принципот на ОН за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на државите. – Додека одбележуваме три години од ова разурнување – целосната руска инвазија врз Украина – ги повикуваме сите нации да останат цврсти и да застанат на страната на Повелбата, на страната на човештвото и на страната на праведниот и траен мир, мирот преку сила, изјави таа. Заменичката амбасадорка на САД, Дороти Шеа, изјави дека повеќе претходни резолуции на ОН, кои ја осудуваа Русија и бараа повлекување на руските трупи, „не успеаја да ја запрат војната“, која „се одолжува премногу долго и со ужасни последици за народот во Украина, Русија и пошироко“.