На денешен ден 1955 година е роден Стив Пол Џобс соосновач и директор на Епл позната како „Apple Computer, Inc.“ — американска мултинационална корпорација со седиште во Купертино, Калифорнија која дизајнира, развива и продава електроника, компјутерски софтвер и лични сметачи. Нивните најпознати хардверски производи се линијата на компјутери Мак, iPod музички изведувач, iPhone паметен телефон и iPad таблет компјутери. Помеѓу 1986 и 2006 година, Стив Џобс бил директор и на студиото за анимирани филмови, Пиксар. Откако Дизни го купи Пиксар во 2006 година, Стив Џобс бил најголемиот акционер, а бил и еден од членовите на акционерскиот одбор на Дизни. Поради животот што го живееше, Стив Џобс ќе остане запаметен не само по тоа што изгради неверојатно успешна компанија, туку и по она што го говореше. Ви пренесуваме неколку негови размислувања, собрани од различни интервјуа, говори и книги: „Навистина е тешко да се дизајнираат производи со помош на фокус група. Многу пати луѓето не знаат што сакаат додека не им го покажете тоа“. BusinessWeek, 25 мај 1998 година „Мојот сексуален живот е прилично добар овие денови, Волт. Како е твојот? Одговор на прашањето на Волт Мосберг за тоа дали се чувствува предаден од Google, јуни 2010 година. „Земањето ЛСД е една од двете или трите најважни работи што сум ги направил во мојот живот“ Одговор на Џон Маркоф за книгата „What the Doormouse Said: How the Sixties Counterculture Shaped the Personal Computer“, 2005 година.
„Дали сакате да го поминете остатокот од животот продавајќи шеќерна вода или сакате да имате шанса да го промените светот?“ Фразата што ја употреби за да го намами Џон Скали од Пепси да стане извршен директор на Apple во 1983 година. „Јас сум единствената личност што ја познавам која изгубила четвртина милијарда долари за една година … Тоа е за карактерот доста конструктивно“. Apple Confidential 2.0 „Тоа беше една од моите мантри – фокус и едноставност. Едноставното може да биде потешко отколку сложеното: Мора да работите напорно за да размислувате јасно и да го направите едноставно. Но, на крајот вреди, бидејќи штом сте таму, можете да поместите планини“. BusinessWeek, 25 мај 1998 година. „Да се биде најбогат човек на гробиштата ништо не ми значи … Да си легнам навечер велејќи дека направивме нешто прекрасно … тоа е она што ми е важно“. Wall Street Journal, 25 мај 1993 година. „Повторувам, не можете да ги поврзете точките гледајќи напред, можете да ги поврзете само гледајќи наназад. Значи, мора да верувате дека точките некако ќе се поврзат во вашата иднина. Мора да верувате во нешто – вашата храброст, вашата судбина, вашиот живот, вашата карма, што и да е. Овој пристап никогаш не ме изневери и направи огромна разлика во мојот живот“. Говор пред студентите на Стенфорд, јуни 2005 година. „Никој не сака да умре. Дури и луѓето кои сакаат да одат во рајот, не сакаат да умрат за да стигнат таму. А сепак, смртта е дестинација што сите ја споделуваме. Никој никогаш не ја одбегнал. И тоа е така затоа што така треба да биде. Токму затоа што смртта е веројатно една од најдобрите изуми на животот. Не многу долго од сега и ти постепено ќе остариш и ќе исчезнеш. Жал ми е што сум толку драматичен, но тоа е вистина“. Говор пред студентите на Стенфорд, јуни 2005 година „Мислам дека ако направите нешто и испадне прилично добро, тогаш треба да одите да направите нешто друго што е исто толку прекрасно, и да не се задржувате долго на тоа. Само размислете што е следно“. NBC Nightly News, мај 2006 година.
„Како се чувствувам поради тоа што Бил Гејтс се збогатил со некои наши идеи? Па, знаете, целта не е да бидам најбогат човек на гробиштата. Барем тоа не е мојата цел. Му посакувам се најдобро на Гејтс. Но, мислам дека тој и Мајкрософт се малку тесногради. Мислам дека ќе размислуваше пошироко доколку како млад бил во црква или пробал ЛЦД“. Одговор на Џон Маркоф за книгата „What the Doormouse Said: How the Sixties Counterculture Shaped the Personal Computer“, 2005 година.„Знаењето дека наскоро ќе умрам е најважната алатка што ми помогна да носам големи одлуки во животот. Затоа што речиси сè – сите очекувања, сета гордост, целиот страв од срам и страв од неуспех – сето тоа исчезнува кога ќе се соочиме со смртта, а сè што ни останува е она што го имаме. Тоа е навистина важно. Знаењето за смртта е најдобриот начин да избегнам да паднам во замката да мислам дека имам што да изгубам. Нема причина да не го следите своето срце“. Говор пред студентите на Стенфорд, јуни 2005 година. „Големите работи во бизнисот никогаш не се резултат на само една личност, туку на група луѓе“ Интервју за 60 минути, 2003 година „Сè што сум направил во мојот живот ќе биде застарено до мојата 50-та година“. Интервју од 1994 година. „Вашето време е ограничено, затоа не трошете го живеејќи туѓ живот. Немојте да бидете заробени од догмата – односно, не живејте според мислењата на другите луѓе. Не дозволувајте вревата од туѓите мислења да го задушат вашиот внатрешен глас, вашето срце и вашата интуиција. Тие некако веќе знаат што навистина сакате да станете. Говор пред студентите на Стенфорд, јуни 2005 годин