Во Нови Сад приведени се пет членови на различни опозициски партии и според непотврдени информации се очекува на сите нив да им биде одреден 48-часовен притвор. Приведени се Владимир Врсаљков – член на Партијата на слободата и правдата (ССП) во Градското собрание на Нови Сад, Срѓан Ѓуриќ – функционер на Движењето на слободни граѓани, Горан Јешиќ – основач на движењето Солидарност, Брајан Брковиќ – секретар на советничката група Браво и Предраг Драгојевиќ покраински пратеник на Народно движење Србија во Собранието на Војводина.
Неофицијално, Драгојевиќ би можел да биде обвинет за напад на службено лице, а останатите се товарат за прекршоци – нарушување на јавниот ред и мир. Пред полициската станица каде се притворените, вечерва се собрани се градски советници од различни опозициски партии, активисти и граѓани. Сите приведени денеска беа на протестот пред Градското собрание на Нови Сад, кога демонстрантите фрлаа јајца, јогурт и брашно кон полициските кордони, кои ја обезбедуваа седницата на која беше избран нов градоначалник, а на опозицијата не ѝ беше дозволено да влезе во зградата.