Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека европските земји може да учествуваат во решавањето на конфликтот во Украина, пренесоа француските медиуми.
Путин ова го изјави поради загриженоста од Европската Унија дека може да биде исклучена од мировните преговори за Украина меѓу Русија и САД. -Европејците, но и другите земји имаат право и можност да учествуваат. И ние тоа го почитуваме – рече Путин во телевизиско интервју. Рускиот лидер додаде дека европските земји ги прекинале односите со Русија. -Тие самите се откажаа од секаков контакт со нас и имаа секакви луди идеи за победа против Русија на бојното поле, рече Путин.
„Нивното учество во преговарачкиот процес е неопходно. Никогаш не сме биле против тоа“, објасни тој. Путин рече дека минатонеделните разговори меѓу Русија и САД во Саудиска Арабија, први разговори на високо ниво од почетокот на војната во Украина, во кои европските земји не учествуваа, имаат за цел „јакнење на довербата“ меѓу Москва и Вашингтон. -Ниту едно прашање не може да се реши без ова. Вклучувајќи и толку сложено и акутно прашање како што е украинската криза – истакна шефот на руската држава.