Ве известуваме дека денеска, во 11.00 часот, во Владата на Република Северна Македонија СДСМ ќе му достави документи на премиерот Мицкоски за скандалот со Меџити. СДСМ чувствува одговорност да реагира веднаш откако премиерот Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата.
Пред да бидат документите предадени во Владата изјава за медиуми ќе даде портпаролката на партијата, Богданка Кузеска (11.00 часот, пред зградата на Владата). Го покануваме Вашиот медиум да го проследи настанот.