Полицијата вчера, на ниво на цела држава казнила вкупно 773 возачи, од кои 73 биле без возачка, а 34 користеле мобилен телефон додека возеле. Како што соопштија денеска од МВР, во рамки на контролите, согласно статистичките трендови, најголем дел од прекршоците се однесуваат за возење со брзина поголема од дозволената 175, како и непрописното паркирање 252. Додека пак, веднаш зад нив следат прекршоците за возење без возачка дозвола 73, потоа некористење на сигурносен појас 48, како и 34 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење.
– Инаку вчера, во шест случаи детектирани се возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, петмина минале на црвено светло, а евидентирани се и осум прекршоци на пешаци. Согласно, пак, Законот за возила биле евидентирани шест технички неисправни, како и 17 нерегистрирани возила, се наведува во соопштението. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност, а континуирано се реализираат и превентивни активности низ сите сектори за внатрешни работи во насока на укажувања и апелирања до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.