8.8 C
Скопје
25/02/2025 11:56
МАКТЕЛ

    

„Ми ги зедоа од рака шприцот, иглата и езмархот“: Главната медицинска сестра од Ресен преместена да работи на рентген за првпат во животот

      

Непосредно откако на власт лани дојде ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ во Здравствениот дом Ресен почнале кадровски рокади на медицинскиот персонал кои директорот доктор Јаким Стојчевски ги смета за вообичаена работа. Главната медицинска сестра во Здравствениот дом Ресен Љубица Петковска, која што е единствената во установата што има факултет за медицинска сестра со 240 кредити, наместо да биде унапредена и финансиски наградена за образованието што дополнително го стекнала, добила законски поткрепено деградирање кое ја удрило и по џебот и по здравјето. Од главна медицинска сестра во Здравствениот дом Ресен, со коефициент на плата 3,66 и можности за дежурства  кои носат дополнителен приход важен за оваа самохрана мајка, таа е преместена да биде радиолошки технолог, каде се бара образование од 180 кредити и каде никогаш не работела во животот. Точно е дека Петковска е дипломиран радиолошки технолог, но од првиот ден откако била преземена во Здравствениот дом Ресен работи како медицинска сестра, а едно време била и главна медицинска сестра. Тоа завршило кога се сменила власта, тврди Петковска за „Слободен печат“. Страшно ја погодило не само тоа што е преместена на работно место каде де факто не поминала ни ден, туку и тоа што нејзината љубов е да биде медицинска сестра и за тоа вложувала и во високо образование. Во ковид пандемијата доброволно се вратила на работа како медицинска сестра во итната помош, и покрај тоа што била ослободена од работа како самохран родител на дете помало од 10 години.

Кога се случи земјотресот во Турција била единствената од Ресен избрана да замине на терен да се грижи за повредените во руините, но се откажала потребата за медицински кадар од Македонија. -Ми ги зедоа од рака шприцот, иглата и езмархот. Дали е во ред да му се крати платата на вработен со највисока стручна спрема како сестра и да бидам пратена на рентген каде немам работено ни ден? На почетокот само молев да сум во итната медицинска помош, затоа што тоа го работам од срце но и затоа што ми значат парите од дежурствата како самохрана мајка. Како главна сестра секогаш несебично работев и во итната помош. Имам сертификати и никогаш не правев партиски или верски поделби. И со што јас ова го заслужив и за што учев и специјализирав и вложив толку труд за сестра? Наместо да сум наградена јас езмарх немам фатено 6 месеци. Јас навистина сум активист во СДСМ но тоа е кога сум внатре во партијата. Надвор и на работното место мене ми беа сите исти – и вработените а за пациентите да не правам ни муабет. Никогаш не сум гледала партиски, никогаш, изјави Петковска за „Слободен печат“. Директорот на Здравствен дом Ресен, доктор Јаким Стојчевски запрашан зошто токму по промената на власта Петковска била разрешена од главна сестра ни рече: -Секаде се сменети главните медицински сестри. Именуваниот раководител си прави нова екипа, редовна постапка е тоа. Петковска се врати на позицијата од каде што дојде пред да биде главна медицинска сестра. Образложението на работодавачот е дека Петковска според решението што го имала пред да биде главна медицинска сестра – всушност била радиолошки технолог со 180 кредити. Но таа вели дека тоа било само на хартија, а во реалноста од 2017 година откако работи во овој здравствен дом, секогаш била или медицинска сестра со средно образование, или главна медицинска сестра.-Таа е дипломиран радиолошки техничар со висока медицинска школа и работи во одделот за радиодијагностика. Таму имаме 4 места според систематизацијата, но само две се пополнети а Петковска е третата. Така што, единствената со образование радиолошки технолог е таа во Здравствениот дом. Ние месечно имаме меѓу 300 и 400 иследувања и потребен ни е кадар како неа во одделението за рентген. Таму има други бенефиции: скратено работно време, бенифициран стаж, но таа сака да биде во итната медицинска помош а да има решение во рентген за да може да има дежурства. Немаме систематизирано место и не можам да ѝ ја признаам специјализацијата за медицинска сестра, а и немаме потреба од такво работно место. Користи боледување во моментов, ни рече директорот, доктор Стојчевски.

   

Инаку Петковска вели дека тоа што не ја признаваат за специјализирана медицинска сестра поради немање систематизизрано место во здравствениот дом, на други места се решава лесно – ако се сака. Со адвокат спрема управна тужба зашто смета дека незаконски е распределена на работно место со понизок коефициент и плата и покрај тоа што за разлика од други медицински сестри, ги има стекнато сите сертификати за итна медицинска помош. -Во други болници, каде што се сака, додека да се направи систематизирано место, се плаќа додатокот во исплатно ливче. Но овде не постои волја. Третиот радиолошки технолог си даде отказ во декември, а мене од главна сестра ме разрешија 6 месеци претходно. Во тоа време јас не бев радиолошки технолог, туку патронажна сестра, тврди таа. После два приговори до државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, наредно со адвокат таа спрема тужба пред управниот суд. Првиот приговор ѝ бил за разрешувањето од главна медицинска сестра кое било без работодавачот да наведе зошто го прави тоа и на кое работно место ја упатува после разрешувањето. Вториот приговор ѝ бил за упатувањето на позицијата радиолошк технолог. Двата приговори се усвоени од комисијата, но исходот е ист – таа не може да се врати на старата плата и на позицијата медицинска сестра. Во најновото решение со кое Здравствениот дом Ресен ја прераспределува да биде радиолошки технолог, здравствената установа во ист документ наведува ем дека „таа е единствената што не работи во рентген дијагностика“ (нема искуство н.з), ем дека „нејзиното знаење и искуство согласно стручната подготовка за радиолошки технолог ќе биде искористено“ со распределувањето. -Откако почнав да работам со договор на дело во 2002 до 2007 година бев медицинска сестра во брзата помош. Во 2008 година добив решение на неопределено во ургентниот центар во Куманово повторно како медицинска сестра. Во 2017 се префрлив во здравствен дом Ресен со превземање во брзата помош. Во 2021 година дипломирав за радиолошки технолог и запишав втор циклус стручни студии за специјализирана сестра. Во 2023 кога ми ја признаа дипломата за радиолошки технолог јас добив решение за рентген, но продолжив да работам во брзата помош поради моето искуство како сестра и положени сите сертификати за итна медицинска помош. Во 2023 дипломирав за специјализирана медицинска сестра и се стекнав со 240 кредити. После тоа ме назначија од 1 јануари 2024 за главна сестра со решение на неопределено време. Никогаш не сум работела како радиолошки технолог, изјави Петковска за „Слободен печат“. Нејзините битки ќе ги продолжи во судница затоа што смета дека образованието треба да ѝ биде вреднувано, наместо да ѝ се намали коефициентот од 3,6 на 3,2 што влијае врз платата. Здравствениот дом Ресен останува на тоа дека Петковска треба да работи како радиолошки технолог а нејзиното работење како патронажна сестра било времено, поради недостиг на кадар и тоа на нејзина молба.

  

Најново

Најавен дводневен штрајк на аеродромот во Минхен: Што значи тоа за патниците?

Sase Ivanovski

Санкционирани 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола

Sase Ivanovski

На САД минерали, за Русија територија: Што ќе добие Европа за мирот во Украина?

Sase Ivanovski

Поскапе и земјоделското земјиште, еве како се движат цените низ Србија

Sase Ivanovski

Дете удрено со мотор зад „Скопјанка“, жителите бараат соодветна сигнализација на улицата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се на иста линија со мегафонот Ордановски кој упати низа навреди кон Џеј-Ди Венс, Трамп и Америка

Sase Ivanovski

СДСМ денеска ќе му достави документи на премиерот Мицкоски за скандалот со Меџити

Sase Ivanovski

АЛАРМИРАМЕ: ЈАНЕВСКА НАСИЛНО И СО ДЕКРЕТ ИМ НАМЕТНУВА НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ЛГБТИ+ УПАТСТВО СО КОЕ ЦЕЛОСНО СЕ ОДЗЕМААТ ПРАВАТА НА РОДИТЕЛИТЕ

Sase Ivanovski

Бруталниот раст на платите во јавниот сектор ја гуши Хрватска

Sase Ivanovski

Европските земји може да учествуваат во решавање на конфликтот во Украина, тие самите ги прекинаа односите со Русија, изјави Путин

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Д-р Блажевска: Бебе на 9 месеци лекувано од ревматоиден артрит денес е здраво момче од 10 години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кина е светски лидер во речиси секоја област!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинезите продаваа памук под снегот – зимска идила од памук

Sase Ivanovski

Црна Гора ја загрозува европската интерграција со безвизниот режим кон Бахреин и Саудиска Арабија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Муцунски: Најважните поенти од денешното обраќање на СЧП на Обединетите нации во Женева.

Sase Ivanovski

Путин: Подготвени сме да ги скратиме воените буџети за 50 отсто заедно со Америка

Sase Ivanovski

Москва: Обединетите нации изгласаа антируска резолуција

Sase Ivanovski

Аргентински активист се обиде да влезе во болничката соба на папата

Sase Ivanovski

Во Нови Сад приведени петмина опозиционери

Sase Ivanovski

Прилепчанец за Нова година ѝ се заканувал со нож на брачна двојка во нејзиниот дом

Sase Ivanovski

Србија гласаше за „европската“ резолуција во ОН, Вучиќ сега е пишман: Требаше да се воздржиме

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно и дождливо време

Sase Ivanovski

Денот на љубовта ни донесе уште 14 новороденчиња во Болницата Плодност!

Sase Ivanovski

Андреј Стојковски – Градиме Моментум: Силата е во младите и служењето

Sase Ivanovski

Тифани стаклен таван, Гран Хотел Сиудад де Мексико. Арт-Нуво, изграден помеѓу 1895 и 1899 година

Sase Ivanovski

Олимпиското село во Москва, 1980

Sase Ivanovski

ДАДЕНАТА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА – Секоја црна точка претставува една американска бомба од 1000 кг фрлена на Виетнам, Лаос, Камбоџа (а некои и на Тајланд) за време на Виетнамската војна (1955–1975)

Sase Ivanovski

Викенд во Ски центар “Михајлово”

Sase Ivanovski

Почина Зоран Лазов меѓу штипјани познат како Бонавена

Sase Ivanovski

Мастерпланот на Кензо Танге од 1963 година за областа Цукиџи во Токио е главен пример на метаболичка архитектура

Sase Ivanovski

„Вино, музика и страст – поминавме убаво неделно попладне со нашиот драг пријател Aleksandar Mitevski

Sase Ivanovski

Виенски газометри: Резервоари за складирање на гас кои првпат се изградени во 1896 година и претворени за мешана употреба помеѓу 1995 и 2001 година

Sase Ivanovski

АУЕ-ФОН: Искористете ја можноста за предвремена регистрација и обезбедете си место со посебни поволности! Аплицирајте до 31 Март 2025 и добијте специјален попуст! Изберете области на студии како Информатика, Економски факултет, Детективи и Безбедност, Право и Политички студии, како и Дизајн и Мултимедија…

Sase Ivanovski

Охриѓанките Маја и Сузана за три години вдомиле повеќе од триста кучиња од улица

Sase Ivanovski

Езустпарт Хотел Сиофок, Унгарија изграден во 1978-1983 година, дело на Ерно Тилаи

Sase Ivanovski

Ниските нивоа на овој витамин едноставно се поврзани со деменција. Дали внесувате доволно?

Sase Ivanovski

Двојазичните декларации остануваат: Од копче до локомотива, се мора да се чита и на албански

Sase Ivanovski

Македонски тим развива навигациски систем за операција без радијација, технологија што го штити и пациентот и хирургот

Sase Ivanovski

360° season 11, show 42 Со заменик-лидерката на СДСМ за глобалниот земјотрес и локалните афтершокови

Sase Ivanovski

Фер плеј со Јана – Ѓоко Хаџиевски

Sase Ivanovski

ШОУТО ПОЧНУВА: Вреди ли да се биде сојузник на САД? Германија се спаси од АФД!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР КИР СТАРМЕР ПРОТИВ ТРАМП: Не е точно дека Путин ги држи сите карти во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДА СЕ ВИКАШ ЏЕМС БОНД ВО САД Е ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАЛО АМА ДИНАМИТНО: Џорџа Мелони среде CPAK во Вашингтон, годишната конфренција на републиканците го повика Трамп да застане зад Украина!

Sase Ivanovski

Апасиев се надева дека колешката Сиљановска-Давкова ќе иницира кривична одговорност за судиите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ Е ВИСТИНСКО РЕМЕК ДЕЛО

Sase Ivanovski

(ФОТО) Свое мислење дадоа 13.000 луѓе – ова е најубавиот остров во светот, а се наоѓа во Грција!

Sase Ivanovski

Откриени детали за најтешкиот период на принцот Вилијам: По дијагнозата на рак на Кејт Мидлтон му се урна целиот свет

Sase Ivanovski

Неконтролирано се тресе, слабее и има испади: Хајли е очајна за состојбата на Џастин, а тој не сака помош

Sase Ivanovski

ЛИТИЈА ВО КРАТОВО: 100 години Св. Ѓорѓи Кратовски

Sase Ivanovski

На денешен ден пред 70 години е роден Стив Џобс: Ова се неговите најинспиративни цитати

Sase Ivanovski

Студија открива: Јогуртот има голем потенцијал во борбата против ракот на дебелото црево

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СРЕЌКО ПОПОВСКИ ВО САБОТАЖА: ПОСЛЕДНИОТ СВЕТСКИ ЛИДЕР ВО ВИЛАТА ВОДНО Е СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На 88 години: Почина пејачката Роберта Флек, најпозната по хитот „Killing Me Softly with His Song“

Sase Ivanovski

Пораз на Трамп: OН ја отфрли американската, но ја изгласа европската резолуција за Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: ПОСТОИ ОПАСНОСТ ДУИ ДА СЕ ВРАТИ НА ГОЛЕМА ВРАТА НА ОВИЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Sase Ivanovski

По инцидентите во Нови Сад се огласи Дачиќ

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Успешно вградени две протези на колковите во еден акт

Sase Ivanovski

Додик го викна Руди Џулијани да го поддржи пред пресудата

Sase Ivanovski

Се реализираат најавите на Трамп: НАТО базата во Александрополис од која се помагаше Украина, се затвора

Sase Ivanovski

ПРЕКУ ТУНЕЛОТ МУРИЗ ОД ДЕБАР ДО ТИРАНА ЗА ЕДЕН ЧАС: Ќе биде пуштен во средината на март

Sase Ivanovski

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА – КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКРОН МУ ЈА РАСПЛАКА МАЈКАТА НА ТРАМП СРЕДЕ БЕЛАТА КУЌА: ПРВА ШТО ТРЕБА ДА БИДЕ ОБЕШТЕТЕНА Е УКРАИНА И ТОА ОД ЗАПЛЕНЕТИТЕ РУСКИ ПАРИ ШИРУМ СВЕТОТ!

Sase Ivanovski

„ЕВРОПА БАРА ПРОМЕНИ“: Мицкоски со честитка до партијата на Мерц за победата

Sase Ivanovski

ПАТАРИНИТЕ ДА СЕ НАМАЛАТ ЗА 50 ОТСТО, СЕГА МАКЕДОНЕЦОТ ПЛАЌА ПОСКАПО ОД ЕДЕН АВСТРИЕЦ – Левица со законски предлог за намалување на трошоците за граѓаните

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Со контактите коишто ги имаме со најблискиот периметар на претседателот Трамп можеме само да добиеме

Sase Ivanovski

Скопјанец уапсен за агресивност кон полицајци, потоа самиот пријавил дека го тепале неколкумина

Sase Ivanovski

Директор и шестмина вработени во тетовското Социјално ќе одговараат за злоупотреби

Sase Ivanovski

ОВА ФОТО ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИСКИТЕ ЧИТАНКИ: ЕВРОПА СТАНУВА СВЕТСКА ОАЗА НА ДЕМОКРАТИЈАТА, НА СЛОБОДАТА, НА НАДЕЖТА ЗА ПОДОБАР СВЕТ!!!

Sase Ivanovski

Заменикот на шерифот во Мисисипи убиен при интервенција

Sase Ivanovski

Канаѓани бараат на Маск да му се одземе канадското државјанство, 150.000 луѓе досега потпишале

Sase Ivanovski

„СТАРИОТ ЛИСЕЦ“ ПОЧНА ДА ТРУПА ГОТОВИНА Финансискиот свет се прашува дали Бафет се подготвува за пензија

Sase Ivanovski

ИЗМАМНИЦИ НУДАТ ТРГУВАЊЕ СО КРИПТОВАЛУТИ, ПА ГИ ОГРАБУВААТ ЖРТВИТЕ Охридската полиција предупредува на зачестени измами

Sase Ivanovski

Мицкоски: Маркетите ќе бидат законски обврзани да ги објавуваат цените на веб-страниците

Sase Ivanovski

Блумберг ги објави првите детали од нацрт-договорот помеѓу САД и Украина

Sase Ivanovski

Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори

Sase Ivanovski

Малолетници од Прилеп истепале и со пиштол му се заканувале на друг малолетник!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ објави документи за скандалот на Меџити: Злоупотреби и сомнежи за корупција

Sase Ivanovski

Почина Аљо од „Лева патика“: Искачи се по скалилата до рајот!

Sase Ivanovski

Пицула: Србија треба да покаже дека е стратешки ориентирана кон ЕУ

Sase Ivanovski
Вчитувам....