Ибрахими: Имаме обврска да ја промениме преамбулата на Уставот, како и да го смениме пежоративниот термин „20 отсто“ за албанскиот јазик. Зеќирија Ибрахими, лидер на Алтернатива, зборуваше за последните политички теми кои се дискутираат во јавноста. Ибрахими истакна дека е обврска да се промени прeамбулата на Уставот со цел да се отклучи патот кон ЕУ. Во овој контекст, треба да се промени и пежоративниот термин „20“ за албанскиот јазик. “ Се согласувам дека државниот грб не го отсликува најдобро идентитетот на нашата нова држава, но доколку сме подготвени да разговараме на оваа тема, ова е добра можност и за вистински и неопходни реформи кои би ја преобликувале иднината на Северна Македонија.
Како што знаеме, ние имаме должност да ја смениме и преамбулата на уставот за да го одблокираме патот кон европската интеграција. Ова не е само политички, туку и стратешки чекор кон стабилност и развој. Потребен ни е и нов текст за државната химна, кој ќе биде сеопфатен и ќе обезбеди инклузивност за сите граѓани на државата. Подеднакво важно е и отстранувањето на навредливата формулација „20%“ за албанскиот јазик, бидејќи албанскиот не е статистичка категорија, туку е јазик на автохтоно и достојно население, кој бара соодветен третман. Во овој пакет и семејството мора да го дефинираме како заедница помеѓу маж и жена, во согласност со нашите традиционални вредности. Токму овие промени, отаде симболиката, овозможуваат поголема социјална кохезија, гарантираат европска интеграција, ја унапредуваат јазичната еднаквост и овозможуваат инклузивен национален идентитет за сите граѓани”, изјави Ибрахими.