Претседателот Мицкоски ја унапреди соработката на Македонија со САД, СДС во очај и љубоморат на сопствената држава. Владата гласаше целосно усогласено со САД. Жално е да се каже, но соопштението на СДС за надворешната политика на владата не е ништо друго, освен изворна љубомора и очај за сопствениот политички рејтинг. СДС лажно се претставуваше прозападна партија, а всушност е партија на комунисти.
СДС лажно се претставуваше за пријател на САД, и го користеше прозападниот сентимент на народот, тоа сега го гледаат и граѓаните и нашите стратешки партнери. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена силно на зајакнување на трансатлантското партнерство му се допаѓа тоа на СДС или не, тоа ќе продолжи. П.С. Зошто прес-конференцијата на Филипче се најавува за утре, а не денес? Да не случајно е зафатен во Дубаи снимајќи го Заев како пее со Харис Џиновиќ?