Кристал Џојс, 20-годишна тиктокерка и инфлуенсерка од Ирска, добила 20.000 евра отштета откако член на обезбедувањето влегол во нејзината кабина додека таа се пресоблекувала. Кристал рекла дека била вознемирена кога завесата во нејзината кабина ненадејно се поместила, додека, како што вели, била делумно соблечена, пренесува На 20-годишната девојка, која во моментот на инцидентот пробувала облека и снимала за нејзиниот канал на ТикТок, ѝ беше доделена отштета од 20.000 американски долари.
View this post on Instagram
На суд, таа тврдела дека ја држеле против своја волја во соблекувалната, а потоа, пред другите муштерии, лажно била прикажана како крадец и испрашувана, иако не направила ништо лошо. Таа, исто така, тврдела дека била жртва на клевета, бидејќи во присуство на други муштерии се создавало сомневање дека е вмешана во криминални активности, додека сè што сакала да направи е да проба облека. Судот пресуди во нејзина корист и ги задолжи „Зара“ и компанијата за обезбедување да ѝ платат отштета од 20.000 евра. Нејзината адвокатка, Естер Ерл, изјави пред судот дека Кристал често се фотографира како пробува облека во соблекувалните, а потоа ја промовира таа облека на своите следбеници на TикТок.
Судијата што го води случајот истакна дека дошло до големо несогласување и дека инфлуенсерката бил оштетен. „Тужителот даде искрени и отворени изјави“, рече судијата, додавајќи дека доказите што Зара ги прикажа не се ниту убедливи, ниту веродостојни. „Постапиле на начин што ѝ нанеле штета на девојката“, заклучил судијата, потврдувајќи ја пресудата во нејзина корист.