Поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин во емисијата 24 анализа на тв 24 рече дека ко спонзорирањето на американската резолуција за Украина ја стави Македонија во непријатна ситуација. Според него, со доаѓањето на Трамп светот ќе има голема трансформација која треба да донесе мир.
„Европската резолуција бараше Путин да се прогласи за диктатор и руските сили да се повлечат од окупираните територии, другата, резолуцијата на САД повеќе беше насочена да се добие мир без да ги нагласува овие два елементи. Затоа што според оценките на новата администрација на Трамп првата резолуција водела кон војна, нема мировен епилог а втората водела кон мир и денеска се случи да светот повеќе не зборува за војна туку за мир, сите зборуваат за мировен процес кој ќе го развива Трамп. Резолуцијата беше усвоена од 10 држави членки на Советот за безбедност. Македонија се најде во непријатна ситуација затоа што од една страна имаме европски амбиции од друга страна САД се сојузник“ – рече Ружин.
За трансформацијата на светот со доаѓањето на Трамп и неговата администрација вели „Светот се трансформира поради од една страна негативните ефекти на глобализацијата со една нерасчистена позиција на југ и исток, кои се споија и оправдано се бунат против империјализмот на западот и тој револт постои и доаѓа Трамп кои тие работи ги забрзува, доаѓа со мировна програма чија цел е да ја освои Кина од Русиоја затоа што оној што владее со Евроазија тој владее со светот и доаѓаме до Трамп“.