3.8 C
Скопје
26/02/2025 07:08
МАКТЕЛ

    

Си игра ли Мицкоски американско-руски рулет

      

Можат претседателите на најмоќните светски велесили, Доналд Трамп и Владимир Путин, да ја кројат светската и европската мапа како што сакаат, штом на пристојна одалеченост внимателно со воздржаност им е на припомош и кинескиот претседател Ши Џинпинг. Можат да склучат мир по нивна мерка кој до каде ќе се протега. Им се може да прогласуваат кој е агресор, а кој миротворец и дека јагнето му ја мати водата на волкот. Ќе се раскусурат големите сили на туѓа сметка поместувајќи граници на кој што му припаѓа со нивниот аршин како што обично бивало во поблиската, подалечна, а ќе биде и во идната историја на човештвото. Можат Обединетите нации да изгласаат какви сакаат резолуции, како и многу пати досега, ама тие не важат за големите сили.

Ама, што таму бара, „ничим изазван“ еден пион во првиот ред на публиката на кој Трамп му тутнал во рацете револвер со осум од девет куршуми да си игра руски рулет и да пука во слепоочницата на Македонија. Самоубиствен чин на еден тазе премиер од Балканот кој од светската политика на интереси на атомските сили се разбира колку „глув“ од воена музика, па сам си ја вметна својата татковина меѓу чеканот и наковалната. Си умислил човекот дека храбрите постојано ги прати среќа, па се оддал на комар со судбината на својот многу сакан народ. Во моментот Македонија е во пат позиција со исчекување премиерот Христијан Мицкоски да ја погоди празната дупка на буренцето кога ќе го чкрапне американскиот колт и така да ја куртули кутра Македонија. Чекаме спас од ќор-фишек како овци пред индустриска кланица.

   

 

Ѝ кажавме ли збогум на Европа

Премиерот Христијан Мицкоски прифатил Македонија да биде коспонзор со уште Унгарија, Грузија и Израел на резолуцијата на САД во Генералното собрание на ОН и со тоа да заврши војната меѓу Русија и Украина и да се постигне траен мир. Ќе речете, во тоа нема ништо лошо. Се разбира, веста ќе беше прекрасна ако немаше јадец. По тригодишниот ужас, страотни разорувања и стотици илјади човечки жртви најмногу Украина сака мир. Европа и целиот свет уплашен од нуклерна војна сакаат крај на војната. Проблемот беше во содржината на американската резолуција каде што место окупација, или воена агресија, војната се сведе на „конфликт“. Ништо не пишуваше во резолуцијата на САД за повлекување на руските војници од украинска територија и не се бараа гаранции за територијалниот интегритет на Украина.

Можевме и на ова да замижеме и да се тргнеме од тревата која најмногу страда кога се сексаат слоновите. Но, што направи Мицкоски, се истопори кај што не му е местото. Ѝ кажа збогум на Европа. Му удри во глава еуфоријата откако Крис Павловски, извесен американски милијардер со македонско потекло, кажа дека Мицкоски е најголем лидер на Балканот. Ракувањето со луѓе од вториот ешалон на претседателот Трамп му се причини дека Македонија ќе биде олрајт, па заборави дека се наоѓаме во Европа и дека сме исполниле обврски и веќе од поодамна имаме заедничка надворешна политика со ЕУ. Со еден непромислен чекор Мицкоски ја напушти таа тешко стекната придобивка и со ваква необмислена поддршка на американската резолуција застана против ЕУ и Украина, сосема непотребно како залутан аџамија во светската политика.

И што се случи. Фијаско. Резолуцијата на САД, коспонзорирана и од Македонија, не помина на гласањето во Генералното собрание на ОН. Падна во вода резолуцијата со која се повикува крај на војната без споменување на руската агресија. Собранието ја усвои украинската резолуција поддржана од ЕУ, со која се бара Русија веднаш да се повлече од Украина. А резолуцијата за која Македонија стана и коспонзор – по усвоените амандмани на крајот не ја гласаа ни САД. Сите од Западен Балкан беа за резолуцијата на Украина поддржана од ЕУ, освен Македонија.

И сега што следува понатаму. Европа, како и секогаш во историјата, во догледно време ќе најде решение во односите со Америка, па и со Русија. Ќе ја нарекуваат лицемерна, па и вавилонска ороспија, ама таа ќе ги среди своите односи со Америка и западниот свет. На Македонија ова „предавство“ нема да ѝ го простат, а и Америка нема многу да ја боли главата за интересите на Македонија.

 

Кого ќе поддржи Трамп – Бугарија или Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски кој многу сака да зборува за неправдата што ни се прави од неправедниот свет и што постојано бара некакви гаранции ќе треба да ѝ објасни на македонската јавност какви гаранции му дал американскиот претседател Доналд Трамп за иднината на државата по неговите антиевропски активности и избрзани одлуки. Дали претседателот Трамп ќе размислува повеќе од десет секунди ако дојде во ситуација да бира дали да застане зад Бугарија, или зад Македонија ако се придржува на својата цврста предизборна определба: пред сѐ интересите на Америка. Дали трансакцискиот претседател Доналд Трамп повеќе ќе води сметка за зделката со која Бугарија плати 2,5 милијарди евра за набавка на16 борбени ловци „Ф-16 Блок 70“, од кои едниот веќе го презеде. Или за набавката на резервни делови за скромната американска воена опрема што ја има Македонија.

Не треба човек многу да ги познава сферите на интереси за да погоди дека Америка секогаш ќе биде понаклонета на Бугарија, отколку на Македонија. Дали Мицкоски заборавил дека во првиот мандат на Трамп како претседател на Америка пред премиерот Зоран Заев го прогласи Преспанскиот договор како најголемо историско достигнување на Балканот по Дејтонскиот договор за Босна. Дали тоа значеше поголема поддршка на Грција отколку на Македонија при што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со своите приврзаници сѐ уште се на ставот дека тоа беше предавство на националните интереси. Додуша тоа веќе не го кажуваат гласно.

Колкава ќе биде еуфоријата во Македонија ако еден ден во блиска иднина уследи изјавата на претседателот Трамп во неговиот втор мандат дека Договорот за добрососедство со Бугарија е одлично решение и мора да се примени во практиката. Ќе одекнат ли повторно антиамериканските зурли во Македонија кои замолкнаа за Преспанскиот договор кој се претвори во многу добар без потреба ништо да се менува во него, иако не мислат така.

Сега ечат трубите со поддршка на „новото време“ каде стасавме во првиот ред, како што вели Мицкоски, со големи очекувања дека Америка ќе ја направи Македонија најбогата земја на Балканот, како што ни приопшти неодамна од чиста мира нашиот премиер. Мижи Асан да ти бајам. Гласањето во Генералното собрание на ОН, кое деновиве ќе се анализира од разни агли за земјите кои беа час „за“, час „против“, час „воздржани“ треба да биде добра лекција да престанеме да изигруваме улога на приврзок, туку да се свртиме кон нашите интереси со принципиелни ставови на нашата европска припадност. Така ќе бидеме повеќе почитувани. (nezavisen.mk)

Ерол Ризаов

  

Најново

Собранието ги донесе измените на Законот за потрошувачи, трговците на мало се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите

Sase Ivanovski

Извршната наредба која ја открива крајната цел на играта на Трамп и Маск

Sase Ivanovski

Брнабиќ: Му кажав на Пицула дека неговиот извештај е срамен и полн со дезинформации

Sase Ivanovski

Косовско МО: Дезинформација е дека американските војници ќе се повлечат од КФОР

Sase Ivanovski

Аматеризам во надворешната политика ни донесе двојна штета за стратешките партнерства со САД и ЕУ, велат од СДСМ

Sase Ivanovski

Бизнисмен од Тетово 10 години не плаќал данок, финансиска полиција му поднесе кривична пријава

Sase Ivanovski

Прегазен пешак на „Теодосиј Гологанов“, возачот избегал

Sase Ivanovski

Во петок средба Трамп – Зеленски?

Sase Ivanovski

Следната недела Лондон ќе биде домаќин на разговори за Украина

Sase Ivanovski

Ружин: Македонија е во непријатна ситуација – од една страна има европски амбиции, од друга страна САД се сојузник

Sase Ivanovski

Кои се можните наследници на папата Франциск?

Sase Ivanovski

Трамп ќе привлекува богати луѓе во Америка – државјанство ќе се продава за пет милиони долари

Sase Ivanovski

Најголемата банка во Сингапур укинува 4.000 работни места, ќе ги преземе вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драма на аеродром во Чикаго – за влакно избегната трагична несреќа

Sase Ivanovski

Не ја ни разгледуваме можноста за нуклеарно оружје за Украина, вели Рубио

Sase Ivanovski

САД не ја ни разгледуваат можноста за нуклеарно оружје за Украина, вели Рубио

Sase Ivanovski

Хрватска: Функционер седум години одбива да се исели од стан добиен на користење три месеци

Sase Ivanovski

Добила 20 илјади евра отштета бидејќи додека се пресоблекувала во гардеробата ѝ влегол вработен во „Зара“

Sase Ivanovski

Тајани: Италија би испратила војници во Украина само како дел од мировна мисија на ОН

Sase Ivanovski

Федерален судија пак нареди администрацијата на Трамп да ги одмрзне исплатите на УСАИД

Sase Ivanovski

Битиќи: Менувањето на некој непослушен со некој послушен не е реформа

Sase Ivanovski

Јужноафриканскиот суд ги отфрли тврдењата на Трамп и Маск за геноцид врз белите луѓе во земјата

Sase Ivanovski

„Алибаба“ ќе вложи 52 милијарди долари во вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Унгарија бара отстранување на осум лица од списокот санкции на ЕУ против Русија

Sase Ivanovski

Трамп притиска Русија да не се нарекува „агресор“ во декларацијата на Г7 за Украина

Sase Ivanovski

Приштина: Повлекување на американската војска не доаѓа предвид, тоа е дезинформација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кржаловски во Стадион : Кога Македонија ќе ги започне преговорите ние ќе треба да даваме од нашиот БДП на други држави

Sase Ivanovski

Борбата на Титани продолжува…

Sase Ivanovski

Муцунски: Средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, и амбасадорот на Австрија, Мартин Памер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДОКТОР ХИСТЕРИЧНО СЕ ДЕРЕЛ НА КЛИНИКАТА ЗА УРОЛОГИЈА – ДИРЕКТОРОТ НАЈАВИ ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА

Sase Ivanovski

Лани одземени 755 возачки дозволи на пијани возачи во Куманово

Sase Ivanovski

Старата градска архитектура во Прилеп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Никој освен Левица не гласаше за предлогот за воведување кривична одговорност за судиите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Фани Каранфилова ги бранат судиите и обвинителите кои ги ставија, а го ослободија убиецот на Фросина, и ги штитеа функционерите од СДС

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: ДМПНЕ прави сериозен упад во судството, спроведуваат реформи за партиски послушници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лекарските лиценци – се обновуваат редовно, но ретко се одземаат

Sase Ivanovski

Тренчевска: Новото нормално на ДПМНЕ да отфрлаат закони кои значат намалени трошоци за граѓаните!

Sase Ivanovski

Меџити вели дека СДСМ оди по паметот на ДУИ: „Не може административна работа или архивска работа да се прикаже како голем скандал“

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: Мицкоски да одговори кој е бенефитот од посетите во САД кој терен го запоседнал? 

Sase Ivanovski

Запленет косовски автобус специјално адаптиран за шверцување

Sase Ivanovski

Брајан Адамс доаѓа во Скопје, ќе пеел пред само 2.500 среќни луѓе!

Sase Ivanovski

Путин го пофали Трамп, му ги понуди и руските и украинските минерали

Sase Ivanovski

Уапсени две лица во врска со нападот на рускиот конзулат во Марсеј

Sase Ivanovski

Прегазен пешак на „Теодосиј Гологанов“, возачот избегал

Sase Ivanovski

МВР: Вчера казнети 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола

Sase Ivanovski

Бизнисмен од Тетово 10 години не плаќал данок, финансиска полиција му поднесе кривична пријава

Sase Ivanovski

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со заменик извршниот директор на ММФ

Sase Ivanovski

Бил Клинтон ја откри најмрачната тајна на Владимир Путин

Sase Ivanovski

Ватикан: Папата добро се одмора во текот на ноќта

Sase Ivanovski

Вучиќ за гласањето за резолуцијата за Украина: Требаше да се воздржиме, им се извинувам на граѓаните

Sase Ivanovski

Макрон: Некои европски земји ќе бидат подготвени да имаат мировни сили во Украина

Sase Ivanovski

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор за минералните суровини, поинаков од оној на Трамп

Sase Ivanovski

Путин: Подготвени сме да ги скратиме воените буџети за 50 отсто заедно со Америка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Разговарам со Путин, сака да стави крај на оваа војна

Sase Ivanovski

Израел, Иран, Кина и САД гласаа против резолуцијата за Украина со која се осудува руската агресија

Sase Ivanovski

МНР: Одлуката за резолуцијата за Украина не треба да бидат толкувана како повлекување или промена на претходно изразените позиции

Sase Ivanovski

МВР: Четири лица пријавени за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, тој демантира незаконски постапувања

Sase Ivanovski

Затворенички се тепале во Идризово, едната со тешки повреди пренесена на Клиника

Sase Ivanovski

Рекорден број на хумани граѓани на петтата крводарителска акција во Хотел „Фламинго“

Sase Ivanovski

Андоновски: Со измените на Законот за електронски комуникации го спречуваме нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа

Sase Ivanovski

СДСМ: Скандалозно е што Мицкоски го штити Изет Меџити при јасни докази

Sase Ivanovski

Собранието ги донесе измените на Законот за потрошувачи: маркетите сега ќе мора да ги објават цените на производите на интернет

Sase Ivanovski

Ибрахими: Химната да има еден текст за Албанците и еден текст за Македонците!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Да нема дилема, ние сме усогласени со надворешната и одбранбена политика на ЕУ

Sase Ivanovski

Шеф на Мосад: Експлозијата на пејџерите на Хезболах беше пресврт во војната

Sase Ivanovski

Иран исклучува директни разговори со САД за нуклеарната програма

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Советот на јавни обвинители треба да го слушне гласот на граѓаните за разрешувањето на Коцевски

Sase Ivanovski

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплатува патарина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украински блогер објави снимка од македонски „ми-24“ како напаѓа руски цели во Донецк

Sase Ivanovski

Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш

Sase Ivanovski

Ерол Ризаов: Си игра ли Мицкоски американско-руски рулет

Sase Ivanovski

Украинскиот Парламент не ја изгласа резолуцијата за поддршка на Зеленски

Sase Ivanovski

Дипломатска победа на Европа и Украина во ОН, резолуцијата на САД ко-спонзорирана од Македонија беше изменета

Sase Ivanovski

Макрон по средбата со Трамп: Примирјето во Украина може да се случи за неколку недели

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Цените на зеленчукот до „плафон“, што открива статистиката?

Sase Ivanovski

Српската полиција влегла во две граѓански организации, таблоидите биле побрзи

Sase Ivanovski

Ревизија во ДПИ: Последниот инспекциски надзор во студентските домови бил извршен пред шест години

Sase Ivanovski

Утре е првото рочиште за мачењето на кучето Феликс, од „Анима Мунди“ бараат најстроги казни

Sase Ivanovski

ЕФЦСН го осудува полицискиот упад во граѓанската организација ЦРТА од Белград

Sase Ivanovski
Вчитувам....