МАКТЕЛ

    

Македонија и САД – голем влог и голем ризик

      

Така одлучивме, рече претседателот на Владата на Северна Македонија Христијан Мицкоски на прашањето зошто решиле да бидат коспонзори на Резолуцијата на САД за завршување на руско-украинскиот конфликт. Овој лаконски одговор за толку крупно стратешко прашање е најдобар показател за драстично сменетиот курс во надворешната политика, и тоа со еден потег, кој ја урива досегашната позиција на државата усогласена со европските партнери. Епилогот пак, од гласањето за двете резолуции и американската и европската во Обединетите Нации и во Советот за безбедност покажа дека Македонија нема способност да ги антиципира игрите на големите сили и соодветно да се позиционира. Па така, како држава кандидат за влез во ЕУ гласаше воздржано за европската резолуција, која патем успеа да се провлече во Обединетите Нации со 93 гласови „за“, 18 „против“ и 65 „воздржани“.

Советот за безбедност на ОН, пак, ја усвои резолуцијата на САД со 10 гласа „за“, додека Франција, Велика Британија, Данска, Грција и Словенија беа воздржани. Русија гласаше „за“, откако не успеа да ја измени и откако стави вето на европскиот обид да вгради формулации за поддршка на Украина. Колку е погрешен потегот на македонските власти може да се види и од фактот дека резолуциите на Генералното собрание имаат политичка тежина, и дека конкретната европска резолуција го одразува глобалниот поглед на војната.

   

Но да се вратиме на домашната ситуација. Наспроти премиерското „така одлучивме“, промената на надворешнополитичкиот курс бездруго заслужува опсежна елаборација бидејќи станува збор за голем влог со уште поголем ризик. Прашање е дали САД и Унгарија можат да ги супституираат пријателите што ѝ се потребни на Северна Македонија во Европа: Франција, Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија, Холандија. Дури и една Италија, чија премиерка не ги крие симпатиите кон новиот американски претседател, не се осмели да се придружи кон резолуцијата на САД, туку гласаше за европскиот предлог. Затоа што знае дека Трамп им е потребен, но уште попотребни им се земјите од ЕУ со кои блиску соработуваат. Италија остана доследна на својата досегашна политика кон руско-украинскиот конфликт, поддржувајќи ја Украина, за што без никаква задршка е гласноговорник премиерката Џорџа Мелони.

 

Проевропската ориентација испари

Да се патува во САД и да се објавуваат фотографии со некои луѓе од орбитата на новиот американски претседател, е една работа, но да се прогласи земјата за коспонзор на резолуција која одбива да го признае агресорскиот однос на Русија кон Украина, е сосема друга работа. И ја изложува нашата земја на голем ризик да се најде во процепот меѓу ЕУ и САД во моменти кога тоа најмалку ни треба. Северна Македонија како мала држава со комплицирани внатрешни односи и чии стратешки интереси не се заокружени, треба да биде свесна во каков ризик се впушта. Светот рапидно се менува, тоа е факт, но факт кој треба да ја мобилизира државата да го дефинира својот интерес врз реални и остварливи основи, а не со хазардерство кое може скапо да ја чини.

Со оваа политика, нашата држава ќе има проблем да ја одржи проевропската ориентација, бидејќи откако земјотресот ќе стивне, остануваме Европа и ние. Премиерот Мицкоски со ентузијазам зборува за победата на ЦДУ во Германија. Тој рече дека се надева на „исклучително добри билатерални односи со Германија и со владата на Фридрих Мерц“. „За нас САД се стратешки партнер, сега и нашата сестринска партија ЦДУ/ЦСУ победи на изборите во Германија. Препоставувам дека ќе ја формираат новата влада, на чело со канцеларот Мерц“, вели Мицкоски.

Меѓутоа објаснувањата дека по победата на десните конзервативни сили во САД, победила и сестринската партија во Германија, со јасен поттекст дека тоа е шанса за Македонија, не држат, бидејќи лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц уште на старт направи дистинкција меѓу неговата политика и политиката на „новото нормално“. „Никогаш не би помислил дека ќе кажам нешто такво, но коментарите на Трамп јасно покажуваат дека Американците, барем овој дел од Американците, се во голема мера рамнодушни кон судбината на Европа“, рече Мерц по изборите.

На Минхенската безбедносна конференција, Мерц исто така жестоко му одговори на американскиот потпретседател Венс: „Нема да дозволам американскиот потпретседател да ми каже со кого треба да разговарам овде во Германија“. Одговорот дојде по говорот на потпретседателот Венс, оној говор на кој единствено аплаудирал македонскиот премиер Мицкоски.

Доколку Фридрих Мерц успее да обезбеди владино мнозинство и да стане следниот канцелар на Сојузна Република Германија, тој ќе заседава во Европскиот совет заедно со шефовите на држави и влади на другите 26 држави на ЕУ. Тие ќе го трасираат курсот за политиката на Европската унија.

 

МНР се обиде да ублажи

Каде се наоѓа Северна Македонија во таквиот развој на настаните? Одлично прашање бидејќи откако еуфоријата во Белата Куќа, која ја зафати и ЕУ, ќе стивне, нашата земја повторно ќе треба да ги обиколува европските метрополи за да ги брани своите позиции.

Со пресвртот што го прави, македонскиот премиер оди во спротивна насока и од онаа на Европската народна партија (ЕПП), каде што членува ВМРО-ДПМНЕ. ЕПП на тригодишнината од руската агресија врз Украина на мрежата Х оддаде признание на борбата на Украина да ја зачува својата независност. „Светот се смени, но духот на Украина остана нескршен. Ја продолжува битката за својот народ, територија и иднина“, порача парламентарната група на ЕПП. Десно-конзервативната ВМРО-ДПМНЕ која ја има власта во Македонија, со коспонзорството на американската резолуција не е на линија на групата сестрински партии од каде очекува поддршка. Северна Македонија токму на прашањето за Украина имаше целосна усогласеност со надворешната политика на ЕУ која сега недвојбено ја напушта. Усогласеноста на македонската надворешна политика со европската, покрај промената на името, беше еден од клучните аргументи на Скопје дека Северна Македонија испорачува, а ЕУ не.

Министерството за надворешни работи се обиде преку соопштение да ги ублажи потезите на премиерот. „Одлуките за спонзорирање и гласање за резолуциите на Генералното собрание на ОН немаат и не треба да бидат толкувани како повлекување или промена на претходно изразените позиции. Напротив, со нив Северна Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација“, е ставот на Министерството за надворешни работи (МНР). Но, освен што со тоа државата покажа желба да седи на две столчиња кои се разликуваат еден од друг како небо и земја, евидентен е и обидот да се заташка потегот без преседан, што сѐ заедно демонстрира и несигурност во водењето на државата. (dw)

Соња Крамарска

  

Најново

Сојузот помеѓу Трамп и Ендру Тејт се создаваше долго

Sase Ivanovski

Борбата на Украина е наша борба: Борба за слобода, за победа над тиранијата

Sase Ivanovski

Европските амбасадори лути на Мицкоски: „Правете го тоа што го зборувате“

Sase Ivanovski

Уапсен „Сокол“ екс директорот на затворот Шутка

Sase Ivanovski

9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Sase Ivanovski

ИРЛ: Од што се плаши Латас кога ве поттикнува да нè силувате и линчувате

Sase Ivanovski

Дуда: На 16.03 ве чекаме на трка во Крива Паланка дојдете со вашето милениче затоа што сме пет френдли град , другари, фамилија и заедно да истрчаме 5 км или 1км

Sase Ivanovski

80 ГОДИНИ – ЦРВЕН КРСТ НА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Големината на Јапонија vs Европа

Sase Ivanovski

Венко Филипче: Посветени сме на зајакнување на тимот, поддршка на членството и внесување нова енергија во нашата заедничка работа

Sase Ivanovski

Петровска: Намерата на Кочовска беше да бидам омаловажена

Sase Ivanovski

Митева: Нема интенција за навреда во одговорот на министерката Димитриеска-Кочоска

Sase Ivanovski

Гордана Димитриеска-Кочоска изрази жалење за контекстот произлезен од нејзината реплика, Петровска да престане да глуми жртва и да се соочи со својата одговорност

Sase Ivanovski

ХЕРА: Утре во Скопје,  Регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“

Sase Ivanovski

Тошковски: Го претвориле затворот во „Хотел промаја“, 8-10 часа спротивно на закон овозможувале на затвореници привилегии за приватни потреби

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Потврдено партнерството со САД, зголемена економска соработка со Хрватска, исплатени субвенции на пчеларите

Sase Ivanovski

По повод 25 годишнината од основањето на Клиниката Жан Митрев, потпишан Меморандум за соработка меѓу основачот на клиниката, д-р Жан Митрев и в.д. директорот на ЈП Национални шуми, проф. д-р Здравко Трајанов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Битиќи до Дурмиши : Дали Владата има намера да го одблокира социјалниот дијалог во интерес на работниците?

Sase Ivanovski

„Добро сторивме“, вели претседателката за резолуциите во ООН

Sase Ivanovski

Филипче: Шокиран сум од денешната навреда од министерката Кочоска кон пратеничката Петровска

Sase Ivanovski

Жозе Мурињо доби суспензија поради коментарите по дербито со Галатасарај

Sase Ivanovski

Рубио „кимнува“ за коридорот Индија-ЕУ

Sase Ivanovski

Илир Мета останува во притвор, најавува жалба во Стразбур

Sase Ivanovski

Обвинителството бара поблаги мерки, не и притвор за ексдиректорот на „Шутка“ Андов

Sase Ivanovski

Венко Филипче: Посветени сме на зајакнување на тимот, поддршка на членството и внесување нова енергија во нашата заедничка работа.

Sase Ivanovski

ГРОМ е згрозен од безобразието и некултурата на министерка за финансии Гордана Кочоска Димитриевска

Sase Ivanovski

Оџaлан од затвор ја повика Работничката партија на Курдистан да го положи оружјето

Sase Ivanovski

Исламската верска заедница му се налути на Уставниот суд, не ѝ се допаѓа што повел постапка

Sase Ivanovski

Рубио објаснува зошто Трамп сака да ги затопли односите со Москва

Sase Ivanovski

Магла на Стража и накај Крушево, возачите да внимаваат

Sase Ivanovski

Трамп или Путин – кој ја тера Европа да се вооружува?

Sase Ivanovski

Легендарниот Земан примен во болница, доживеал мозочен удар

Sase Ivanovski

Блокирани се сите трансакции во Европа – паднал системот за платен промет на ЕЦБ

Sase Ivanovski

ХЕРА: Утре во Скопје, Регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Стаменкоска-Трајкоска: Во 2021 година Клиниката за онкологија до Фондот за здравство исплатила фактури за потрошени лекови чиј износ бил за 9 милиони денари понизок од износот евидентиран во материјалната евиденција, штетата која ја нанесе СДС е непоправлива

Sase Ivanovski

СДСМ, Битиќи до Кочоска: Не ја навредивте само пратеничката Петровска, туку го навредивте достоинството на сите жени, мајки, работнички

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Битиќи до Мисајловски: До кога ќе терате со политички притисоци врз припадниците на АРМ?

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Кривична пријава за противзаконито ослободување на лице лишено од слобода, злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода

Sase Ivanovski

Двајца 22-годишници од Куманово биле приведени по бркотница со полицијата, при што е запленета марихуана, а потоа нападнале и полицајци.

Sase Ivanovski

Александар Трајановски од денеска повеќе не е заменик градоначалник на Град Скопје

Sase Ivanovski

Стојанче Ангелов: Учествувам на пленарна сесија на Комитетот за градење на отпорност, во седиштето на НАТО во Брисел, Белгија.

Sase Ivanovski

Косовци избегале и оставиле комбе со 180 пакети храна кај Танушевци

Sase Ivanovski

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 308,9 милиони евра, раст на консолидираниот извоз од 14 % и со 253 нови вработувања во земјава во периодот јануари – декември 2024 г.

Sase Ivanovski

МНР отповика осум амбасадори

Sase Ivanovski

Ваша пратка, ваши правила: Доаѓа ли новото ниво на удобност во доставата?

Sase Ivanovski

Одговор на пресудата против Додик: Република Српска ја забрани работата на институциите на БиХ

Sase Ivanovski

Стејт департментот ја поздрави пресудата против Додик

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: јавната расправа за Концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не вродува со плод

Sase Ivanovski

СДСМ, Филипче: Изјавата на министерката Кочовска за пратеничката Петровска е срамна и понижувачка за секоја жена

Sase Ivanovski

Џеф Безос воведe нови насоки за новинарите на Вашингтон пост, уредникот на рубриката Мислења даде отказ

Sase Ivanovski

Стејт департментот ја поздрави пресудата против Милорад Додик

Sase Ivanovski

ИЈЗ: Годинава има една третина повеќе грипозни во споредба со лани

Sase Ivanovski

ЗНМ и ССНМ: Осуда за малициозното таргетирање на новинари и медиуми од Драган Павловиќ Латас

Sase Ivanovski

МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот

Sase Ivanovski

Maтурантите од Скопје државна матура ќе полагаат на УКИМ, оние од Штип – на УГД

Sase Ivanovski

Двајца малолетници признале дека испратиле лажни дојави за бомби на 19 и 21 февруари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Игрите Garden Story и World War Z Aftermat се бесплатни на Epic Games уште денес

Sase Ivanovski

Дефект на уредите на „Apple“: Велиш „расист“, се појавува Трамп

Sase Ivanovski

Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви во нивниот дом

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Се умори јавноста Славица Петровска од СДС да глуми жртва

Sase Ivanovski

ДОМ бара ремедијација на локацијата во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Форум на жени СДСМ: Најостра осуда на срамната и дискриминаторска навреда на Кочовска кон Петровска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Лукаревска до Љутков: Зошто не се почитува Законот, се срамите ли што досега ништо не направивте за македонскиот јазик?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДОМНЕ, Кирков: Зоолошката градина која за една година ќе прави 100 години од своето постоење ги доживува своите најтемни денови

Sase Ivanovski

Средба на Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. со генералниот секретар на Долниот Дом на Британскиот парламент, Том Голдсмит

Sase Ivanovski

Началникот на Генералштабот на Армијата во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип

Sase Ivanovski

(ФОТО) БРАКО/Грин Машинс: 9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Sase Ivanovski

ЕДРМ: СО ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ДО ПОЧИСТА И ПОЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Sase Ivanovski

Мицкоски: Во вториот повик до сега аплицирале 34 општини со 179 проекти, обезбедуваме пристојни услови за живот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Светот се менува и ние мора да го фатиме чекорот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме, граѓаните сакаат правда и борба против криминал и корупција

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се огради од Васко Ковачевски, Артан Груби и Филип Андов, и да поддржат интерпелација на Љупчо Коцевски за да се одглават постапките

Sase Ivanovski

Град Скопје: Демант на изјава на Алаксандар Трајановски, кој не може да даде денес оставка од местото од кое е разрешен пред 3 месеци

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Бојковски: Потребна е физибилити студија за да се знае колку автобуси се потребни за Скопје

Sase Ivanovski

Специјален состанок на Постојаниот комитет на ПАБСЕК во Истанбул

Sase Ivanovski

МТСП, Лимани: Имплементацијата на ЕУ младинскиот дијалог во нашата држава би претставувал враќање на довербата на младите во институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Власта лиферува имиња во јавноста за етикетирање и предвремена јавна осуда

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: 732 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Претреси во Битола, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Лефков: Дебакл на СДС, Филипче не знае што му подметнуваат, а партијата спинува со изјави стари 2 години

Sase Ivanovski
Вчитувам....