По автентичното толкување на Собранието и владината одлука, повлечени се осум амбасадори кои биле назначени од поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски. Причината за нивното враќање е неисполнувањето на член 39 од Законот за надворешни работи затоа што не ги претставиле дипломатските тези пред собраниската Комисија за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени македонски амбасадори.
Претставувањето на тезите е составен, нераздвоен дел од постапката за именување на амбасадор, се вели во автентичното толкување на Собранието. Овие амбасадори не успеаја пред собраниската комисија да ги бранат тезите пред да заминат во земјите каде што била испратени за амбасадори оти тогашниот председател на собраниската комисија Антонио Милошевски не закаѓуваше седници на кои тие би ги бранеле тезите и председателот Пендаровски за да го прекине самоволието на Милошовски потпиша укази за нивно заминување во дипломатските преставништва за кои беа избрани.