17.8 C
Скопје
28/02/2025 12:20
МАКТЕЛ

    

Трајко Славески: Вистини и заблуди за картелите во трговијата

      

Мислам дека КЗК тешко ќе може овој случај да го оквалификува како картелско однесување. Доколку се докаже спротивното, прашање е какви мерки, односно санкции би се преземале против учесниците во ова „усогласено однесување“. Високата инфлација во последниве неколку години ги принуди владите да преземаат мерки од различна природа за заштита на животниот стандард на граѓаните. Во фокусот на незадоволството од високите цени се најдоа маркетите каде набавуваме претежно прехраnбени производи, свежи и процесирани, пијалaци, средства за лична хигиена и за одржување на хигиената во домот и сл. Некако се амнестирани зелените пазари каде некогаш цените на овошјето и на зеленчукот се на исто рамниште, ако не и повисоки, со тие во големите синџири на маркети, потоа рестораните и кафетериите, сите видови услуги (фризерски, козметичарски и сл.), одржувањето и поправките во домовите, цените на становите и сл.

Притиснати од јавноста и фрустрирани од неефикасноста на преземените мерки, високи владини функционери започнаа да ги обвинуваат трговците, веројатно мислејќи на поголемите синџири, за картелско однесување. Министер за економија и заменик-премиер за економски прашања во претходната влада ги зедоа во свои раце ингеренциите на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), се разбира само вербално, без соодветно познавање на проблематиката од областа на унапредување на конкуренцијата и без потребните анализи и истражни дејствија преку кои треба да се докаже постоење на картелско здружување за попречување на пазарната конкуренција. Во меѓувреме стапи на сила новиот Закон за нефер трговски практики од кој, според најавите на надлежните, се очекуваше намалување на цените во малопродажбата, или барем стопирање на нивниот раст. Познавачите укажуваат дека со примената на овој закон не треба да се очекува намалување на цените. Доказ за ова е фактот што некои ја посочуваат Хрватска како пример за успешна примена на овој закон, а знаеме дека од таму тргна практиката за бојкот на маркетите која се прошири и на други земји на Балканот.

   

Конечно, нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, која се најде под невиден притисок од владини претставници и од пошироката јавност за превземање на чекори за откривање незаконски практики за попречување на конкуренцијата, поведе прекршочна постапка против Сојузот на стопански комори и четири компании за трговија на големо и мало, познати синџири на маркети, за наводен „договор и/или усогласено однесување помеѓу претпријатија забрането со член 7 став (1) точка 1) од Законот за заштита на конкуренцијата …“. Со оглед дека постапката е отворена и е во тек, оставам надлежните да си ја вршат својата работа врз основа на законот на кој се повикуваат. Целта на ова мое обраќање е да укажам на некои заблуди присутни во јавноста околу природата на картелите и борбата против нив со примена на соодветни методи. Непознавањето на материјата, кое е очигледно широко распространето, може да му наштети на процесот и на работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Ако некој се прашува од каде си го земам правото за ваквите квалификации, со задоволство ќе одговорам. Пред 30 (триесет) години на Економски факултет – Скопје, при УКИМ – Скопје го воведов и започнав да го предавам предметот Државна регулација на бизнисот во рамките на осовременување на наставниот план како одговор на предизвикот за транзиција кон пазарна економија. Од тогаш континуирано ја изведувам наставата.

При самото формирање на Монополската управа, претходник на Комисијата за заштита на конкуренцијата, на мој предлог беа вработени неколку одлични студенти кои со успех го имаа положено предметот. Тие беа меѓу првите дипломирани економисти со теоретски познавања од областа на заштитата на конкуренцијата во Република Македонија. Некои од нив изградија успешна кариера во Комисијата, прераснаа во врвни експерти во својата област и се редовни гости-предавачи во наставата по предметот Државна регулација на бизнисот. Картелот претставува здружение на претпријатија кои експлицитно ги координираат своите одлуки за одредување на цените и output-от. Веројатноста за формирање на картели е поголема кај олигополските одошто на конкурентските пазари. Постојат повеќе видови картели, но сите го намалуваат output-от и ги зголемуваат цените со елиминирање на конкуренцијата меѓу членовите. Најчести видови картели меѓу продавачите се: спогодби за фиксирање на цените; изигрување на тендери; поделба на купувачите; распределба на територии; и ограничување на output-от, а кај  купувачите: спогодби за фиксирање на цените; алокација; и изигрување тендери. Картелите во сите законодавства се забранети и се подложни на строги казни, но треба да се докаже нивното постоење и функционирање. Тоа не е нималку лесно, со оглед на тоа што учесниците во картелот, свесни дека вршат дејствија спротивни на закон, договарањето и мониторингот врз членовите за придржување на спогодбите го вршат во тајност и се трудат да не остават никаква трага која би можела да послужи како доказ за нивното делување или функционирање.

Поради ова, надлежните институции за прибирање на докази, врз основа на судски налог, неретко користат и посебни истражни мерки, како што се следење на комуникации, физичко следење на одредени претставници од компаниите и слично. Не ми е познато дека нашата Комисија за заштита на конкуренцијата до сега има користено вакви мерки. Да се вратиме на случајот за кој КЗК има покренато прекршочна постапка. Основ за ова е соопштение до јавноста од страна на ССК и четирите компании за заклучок по одржана средба во просториите на комората со кој информираат дека до крајот на првиот квартал од тековнава година немало да примаат ценовници со зголемени цени од своите  добавувачи. КЗК во овој нивен гест гледа евентуално усогласено делување насочено кон контрола врз цените и наштетување на  конкуренцијата. Реков дека ќе оставиме на Комисијата, Комората и засегнатите трговски субјекти да се докажуваат дали има или не основ за прекршочно гонење и изрекување на санкции. Мислам дека КЗК тешко ќе може овој случај да го оквалификува како картелско однесување. Доколку се докаже спротивното, прашање е какви мерки, односно санкции би се преземале против учесниците во ова „усогласено однесување“. Кругови од Комисијата лансираа теза дека санкциите би можеле да бидат во висина од 10% од вкупниот промет на претпријатијата остварен во изминатата година. Медиумите се навлекоа на ова, а јавноста и некои „експерти“ веќе зборуваат за милионски износи во евра што како казна би требало да го платат овие компании. Камо да беше така! Владата ќе немаше проблем да ги врати назад кон компаниите средствата од т.н. солидарен данок по одлуката на Уставен суд. Ова укажува на елементарно непознавање на материјата околу санкционирање на картелите за кои се докажало дека оствариле материјална корист во одреден временски период од своето делување. Значи, прво се определува периодот во кој функционирал картелот и се проценува поединечната корист што ја има остварено секој негов учесник. Врз основа на тоа се определува парична казна, која не може да надмине 10% од вкупниот приход на учесниците во картелот. Казната се одмерува за секој учесник поединечно, со значителни „попусти“ за субјектите кои помогнале за откривање на забранетото однесување или во постапката на изведување докази. Затворските казни во изминатиот половина век се речиси непостоечки. Во нашиот случај нема ништо од ова. Нема ниту цент остварен приход од најава за одбивање да се примат ценовници со зголемени цени од добавувачите. Манипулацијата со евентуални десетици милиони евра казни е обично сеење магла. Изгледа дека како и повеќето од нас, трговците кои се предмет на прекршочно гонење за картелско здружување, не ја познаваат теоријата и практиката на заштита на конкуренцијата. Постапиле наивно и со најдобра намера за да помогнат за стабилизирање на цените, за што со соопштение ја известиле јавноста. Тоа е нивната олеснителна околност. За отежнувачката, ќе треба да ја почекаме одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Има уште нешто што треба да го знае јавноста која очекува брзи решенија и санкции. Одлуката на КЗК е првостепена. Случајот потоа по правило се префрла во судскиот систем, во сите негови инстанци, според позитивните законски прописи.

  

Најново

(ВИДЕО) Муцунски, Клучни поенти од денешниот говор на пратеничките прашања: Говорев за црната кампања на социјалните мрежи, за лажните и намерно креирани содржини и дезинформации што се шират со цел манипулација на јавноста.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Опозицијата критикува за погрешна позиција кон Украина, Мицкоски е убеден дека е на вистинска страна

Sase Ivanovski

Гордана Димитриеска-Кочоска изрази жалење за контекстот произлезен од нејзината реплика

Sase Ivanovski

Почина Борис Спаски – еден од најдобрите шахисти во историјата

Sase Ivanovski

Поднесено обвинение за 31 физичко и пет правни лица во „Адитив“

Sase Ivanovski

Трамп ги продолжи американските санкции против Русија за уште една година

Sase Ivanovski

НА КАФЕ СО МАРЈАН НАУМОВ, актер

Sase Ivanovski

Ураганот Доналд се заканува да прерасне во петта категорија со удар на европското копно, 25 % царини, безбедносни главоболки со Украина и нова партнерска Русија на границата

Sase Ivanovski

Гасни централи или обновливи извори – што е подобро?

Sase Ivanovski

ИЗВРШИТЕЛИТЕ ДОБИЛЕ 10.000 НОВИ ПРЕДМЕТИ ПО УКИНУВАЊЕ НА ЗАСТАРЕНОСТА НА ПРЕДМЕТИТЕ Лани се наплатени 160,6 милиони евра од граѓаните и фирмите

Sase Ivanovski

МИТЕВА НЕ ГЛЕДА НАМЕРА ЗА НАВРЕДА КОН ПЕТРОВСКА Славјанка ќе се жали во Комисијата против дискриминација

Sase Ivanovski

Mуцунски преку e-mail на 8 амбасадори назначени од Стево Пендаровски електронски им порачал да се вратат дома оти ги разрешил

Sase Ivanovski

Панегирикот на Мицкоски за Венс и „новото нормално“

Sase Ivanovski

Наташа Стојановска нов главен и одговорен уредник на Телма

Sase Ivanovski

Трамп прво сака примирје во Украина, а потоа разговори за мировни сили

Sase Ivanovski

Гласавме против себе во ОН

Sase Ivanovski

Сојузот помеѓу Трамп и Ендру Тејт се создаваше долго

Sase Ivanovski

Борбата на Украина е наша борба: Борба за слобода, за победа над тиранијата

Sase Ivanovski

Македонија и САД – голем влог и голем ризик

Sase Ivanovski

Европските амбасадори лути на Мицкоски: „Правете го тоа што го зборувате“

Sase Ivanovski

Уапсен „Сокол“ екс директорот на затворот Шутка

Sase Ivanovski

9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Sase Ivanovski

ИРЛ: Од што се плаши Латас кога ве поттикнува да нè силувате и линчувате

Sase Ivanovski

Дуда: На 16.03 ве чекаме на трка во Крива Паланка дојдете со вашето милениче затоа што сме пет френдли град , другари, фамилија и заедно да истрчаме 5 км или 1км

Sase Ivanovski

80 ГОДИНИ – ЦРВЕН КРСТ НА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Големината на Јапонија vs Европа

Sase Ivanovski

Венко Филипче: Посветени сме на зајакнување на тимот, поддршка на членството и внесување нова енергија во нашата заедничка работа

Sase Ivanovski

Петровска: Намерата на Кочовска беше да бидам омаловажена

Sase Ivanovski

Митева: Нема интенција за навреда во одговорот на министерката Димитриеска-Кочоска

Sase Ivanovski

Гордана Димитриеска-Кочоска изрази жалење за контекстот произлезен од нејзината реплика, Петровска да престане да глуми жртва и да се соочи со својата одговорност

Sase Ivanovski

ХЕРА: Утре во Скопје,  Регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“

Sase Ivanovski

Тошковски: Го претвориле затворот во „Хотел промаја“, 8-10 часа спротивно на закон овозможувале на затвореници привилегии за приватни потреби

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Потврдено партнерството со САД, зголемена економска соработка со Хрватска, исплатени субвенции на пчеларите

Sase Ivanovski

По повод 25 годишнината од основањето на Клиниката Жан Митрев, потпишан Меморандум за соработка меѓу основачот на клиниката, д-р Жан Митрев и в.д. директорот на ЈП Национални шуми, проф. д-р Здравко Трајанов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Битиќи до Дурмиши : Дали Владата има намера да го одблокира социјалниот дијалог во интерес на работниците?

Sase Ivanovski

„Добро сторивме“, вели претседателката за резолуциите во ООН

Sase Ivanovski

Филипче: Шокиран сум од денешната навреда од министерката Кочоска кон пратеничката Петровска

Sase Ivanovski

Жозе Мурињо доби суспензија поради коментарите по дербито со Галатасарај

Sase Ivanovski

Рубио „кимнува“ за коридорот Индија-ЕУ

Sase Ivanovski

Илир Мета останува во притвор, најавува жалба во Стразбур

Sase Ivanovski

Обвинителството бара поблаги мерки, не и притвор за ексдиректорот на „Шутка“ Андов

Sase Ivanovski

Венко Филипче: Посветени сме на зајакнување на тимот, поддршка на членството и внесување нова енергија во нашата заедничка работа.

Sase Ivanovski

ГРОМ е згрозен од безобразието и некултурата на министерка за финансии Гордана Кочоска Димитриевска

Sase Ivanovski

Оџaлан од затвор ја повика Работничката партија на Курдистан да го положи оружјето

Sase Ivanovski

Исламската верска заедница му се налути на Уставниот суд, не ѝ се допаѓа што повел постапка

Sase Ivanovski

Рубио објаснува зошто Трамп сака да ги затопли односите со Москва

Sase Ivanovski

Магла на Стража и накај Крушево, возачите да внимаваат

Sase Ivanovski

Трамп или Путин – кој ја тера Европа да се вооружува?

Sase Ivanovski

Легендарниот Земан примен во болница, доживеал мозочен удар

Sase Ivanovski

Блокирани се сите трансакции во Европа – паднал системот за платен промет на ЕЦБ

Sase Ivanovski

ХЕРА: Утре во Скопје, Регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Стаменкоска-Трајкоска: Во 2021 година Клиниката за онкологија до Фондот за здравство исплатила фактури за потрошени лекови чиј износ бил за 9 милиони денари понизок од износот евидентиран во материјалната евиденција, штетата која ја нанесе СДС е непоправлива

Sase Ivanovski

СДСМ, Битиќи до Кочоска: Не ја навредивте само пратеничката Петровска, туку го навредивте достоинството на сите жени, мајки, работнички

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Битиќи до Мисајловски: До кога ќе терате со политички притисоци врз припадниците на АРМ?

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Кривична пријава за противзаконито ослободување на лице лишено од слобода, злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода

Sase Ivanovski

Двајца 22-годишници од Куманово биле приведени по бркотница со полицијата, при што е запленета марихуана, а потоа нападнале и полицајци.

Sase Ivanovski

Александар Трајановски од денеска повеќе не е заменик градоначалник на Град Скопје

Sase Ivanovski

Стојанче Ангелов: Учествувам на пленарна сесија на Комитетот за градење на отпорност, во седиштето на НАТО во Брисел, Белгија.

Sase Ivanovski

Косовци избегале и оставиле комбе со 180 пакети храна кај Танушевци

Sase Ivanovski

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 308,9 милиони евра, раст на консолидираниот извоз од 14 % и со 253 нови вработувања во земјава во периодот јануари – декември 2024 г.

Sase Ivanovski

МНР отповика осум амбасадори

Sase Ivanovski

Ваша пратка, ваши правила: Доаѓа ли новото ниво на удобност во доставата?

Sase Ivanovski

Одговор на пресудата против Додик: Република Српска ја забрани работата на институциите на БиХ

Sase Ivanovski

Стејт департментот ја поздрави пресудата против Додик

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: јавната расправа за Концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не вродува со плод

Sase Ivanovski

СДСМ, Филипче: Изјавата на министерката Кочовска за пратеничката Петровска е срамна и понижувачка за секоја жена

Sase Ivanovski

Џеф Безос воведe нови насоки за новинарите на Вашингтон пост, уредникот на рубриката Мислења даде отказ

Sase Ivanovski

Стејт департментот ја поздрави пресудата против Милорад Додик

Sase Ivanovski

ИЈЗ: Годинава има една третина повеќе грипозни во споредба со лани

Sase Ivanovski

ЗНМ и ССНМ: Осуда за малициозното таргетирање на новинари и медиуми од Драган Павловиќ Латас

Sase Ivanovski

МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот

Sase Ivanovski

Maтурантите од Скопје државна матура ќе полагаат на УКИМ, оние од Штип – на УГД

Sase Ivanovski

Двајца малолетници признале дека испратиле лажни дојави за бомби на 19 и 21 февруари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Игрите Garden Story и World War Z Aftermat се бесплатни на Epic Games уште денес

Sase Ivanovski

Дефект на уредите на „Apple“: Велиш „расист“, се појавува Трамп

Sase Ivanovski

Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви во нивниот дом

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Се умори јавноста Славица Петровска од СДС да глуми жртва

Sase Ivanovski

ДОМ бара ремедијација на локацијата во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Форум на жени СДСМ: Најостра осуда на срамната и дискриминаторска навреда на Кочовска кон Петровска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Лукаревска до Љутков: Зошто не се почитува Законот, се срамите ли што досега ништо не направивте за македонскиот јазик?

Sase Ivanovski
Вчитувам....